Навистина ми е жал за сето она што се счучило. Нејзе мислам дека нема да и е проблем да се разведе бидејќи ни маж и' не ја сака, ама таа без детето нема да си оди тоа е јасно. Ти не си спремна дете да чуваш и тебе те разбирам, ама некогаш мора да се жртвуваме за наша среќа, една мора да попушти и да има отстапки(со меѓусебен разговор договорете се која). Можеби со тек на време ќе ти биде поубаво, детето ќе ви биде лек. Верувам дека ќе успеете да се вратите на старото, овој пат без притисоци од другите. Само, ако сте одлучни подалеку од Македонија со вакви ставови, не за друго да не си го нарушувате душевниот мир.
@Ajronmen одеше на пракса, полагаше испити и тоа летово. Нешто онлајн freelance демек за ситно работел и ги трошел да помага по дома наводно. Не знам, не му се мешам во заработени финансии, битно не сум видела разлика јас некоја. Иначе ништо, слично друштво има, сите го оставија факултетот на пола, гејмаат игри, слични се. Работат тие нешто со средно ама цело време менуваат работа и слични муабети како него прават. Ќе платам приватен факултет, одма ќе завршиме, денес и без диплома се може. Не сум нешто блиска со нив и не се дружиме зошто сите се сингл, повеќе со мое друштво во парови излегуваме, тој со нив се дружи само. Вика тие се откажаа, јас барем упорен сум, ќе видиш ќе завршам, ете уште некој испит и спремам дипломската. Од детство се другари ама со кого си таков си до некаде. Јасно ми е се ама сакам да пробам да најдам решение. Тешко е кога некого навистина сакаш.
И без диплома се може, ама треба да се сака. Никој нема да дојде од дома да те земе и да те учи занаат. Со образованието стануваш образован, не стануваш поумен. Има милион примери од сиромашни деца кои успеале многу повеќе од некои доктори на науки. Сам треба да се снајдеш, сам треба да сакаш подобро утре, сам треба да работиш на тоа. И секој почеток е тежок, треба многу труд, работа, истрајност, пот, пожртвуваност. Дела, не зборови.
Многу ми е жал што се така случило. Мислам дека сите, вклучувајќи те тебе, разбираме дека она поради притисок избрала живот со кој е несреќна, а не дека така сакала. Но, што се сменило? Зошто одеднаш добила храброст да прави онака како што навистина сака? Она знаела од почеток дека ќе биде несреќна во тој брак. Океј е секој да си има свој пат и кога ќе е спремен тогаш да се спротистави на притисок од родителите, од општеството итн., но според мене ти не можеш да се ослониш на таа нејзина храброст, која можеби е минлива, можеби не. Не можеш да и веруваш дека овојпат е навистина спремна за тој нејзин „нов живот“. Не е дека сум против втори шанси, но штом веќе има дете кое ти не си спремна да го прифатиш, имаш амбиција да си одиш надвор од државата... веќе патиштата ви се одделиле и не си одговарате како некогаш. Мој совет е да си ја избереш својата среќа, да не зависи твоето преселување (или било што друго) од никој. А онаа личност со која треба да бидеш сигурно ќе ти дојде, дали тука ќе ја најдеш и ќе има слична слика за иднина како тебе, дали таму кај што ќе отидеш.
Шанси нема заедно подалеку од Македонија. На типот колку и да не сакам фаца да му видам и го мразам од дното на душата немам право ни јас, ниту пак некој друг да го лиши од татковството. Тој е родител на тоа дете, така што преселба заедно нема теорија. И да е спремна за нов живот, не знам дали јас сум. Проблемот е што после неа ништо не ми е убаво, така само живеам, немам желба за ништо, помина доста време јас уште сум како зомби. Ме боли што причина беше притисок, а не губење на љубов, неверства, љубомора, здосадување и слично. А и не сфаќам која беше поентата на тоа кафе, затоа што како што беше нема да е никогаш веќе. Пак да се гледаме во овие услови нема теорија, не можам, не сакам. А мислам дека тоа и беше и поентата, да продолжиме заедно, а таа да го остави него. Не знам дали да се вплеткувам во таква пајакова мрежа повторно, затоа што ако го одберам тој пат, повторно ќе треба да врвам низ пекол. А доколку прекинам апсолутно секаков контакт сум за никаде, за ништо немам желба. Иначе селењето би било во подалечна иднина, затоа што уште имам тука работи што прво мора да ги завршам.
Не се плеткај. Нема поента. Никогаш нема да биде исто како порано. И ти самата велиш дека не сакаш да бидеш со неа, си ги искажа сите одговори... тоа што те спречува се убави спомени и како си се осеќала со неа, ама тоа нема да се врати и ти самата ги гледаш причините. Треба да работиш на себе да го преболиш тоа и да ти е убаво секојдневието. Имам емпатија ради тоа што имала многу притисок, но сите имаме избори. Јас кога имам покрај себе некој што го сакам и што ме сака, се осеќам дека можам да пребродам се и секогаш би го избрала тоа. Не велам дека не те доволно сакала, туку едноставно ја немала таа храброст да го избере потешкиот пат, туку избрала нешто со кое буквално не сум сигурна ни дали нејзините родители се среќни. Прифати што се случило, знаеш дека сте се сакале, ама сега терај си работа. Барем ако не се вратиш со неа, имаш гаранција дека со време ќе бидеш подобро, ќе ти се врати желбата, а вака ако пробате пак, јас мислам дека мачење ќе ти биде.
Разјасни си со себе дали е навистина неамбициозен или просто финансиите се пречка за некои работи во врската. Немањето на финансиска поддршка од дома кај секој различно се одразува некој почнува да работи на 16, друг чека да заврши факс за сериозна работа по струка за да не губи време од факсот работејќи шанкер. Кај дечко ти проблемот е што преку годината не работи па да е дефокусиран од факсот и пак го влече до средни 20ти како што кажа дека сте. Одолговлекувањето кошта повеќе. Ти најдобро ќе го процениш, ако е неамбициозен и плус средината му е таква - одење по пат со најнизок отпор, работите нема да се сменат многу по дипломата. Дефицитарна струка да, ама нели знаеш има такви што работат за 500€ во иста фирма 10 години и такви што секогаш бараат нов предизвик и стигаат до 2500€. Колку ќе ја уновча професијата не зависи само од факсот. И не си должна по секоја цена да плаќаш за некој или да се адаптираш на него. Ако можеш да си дозволиш патувај сама, со другарки, семејство, овие години никогаш нема да можеш да ги вратиш.
Здраво, одлучив да побарам совет овде иако проблемот не е само во врската. Оваа година јас и дечко ми завршивме со факултет, јас дипломирав а тој магистрира. Заедно сме скоро 1 година. тој правеше прослава почеток на Јуни и имаше околу 50 луѓе, роднини, другари и колеги. Беше прекрасно. Е сега доаѓа мојот ред да славам под притисок од домашние, иако не сакам. Јас немам кого да поканам, не можам да направам голема прослава бидејќи мојот груг на луѓе е многу мал. Најголем проблем ми е анксиозноста. На пример тој славеше во ресторан, јас воопшто не сакам во ресторан. Ме фаќа паника од тоа дека целото внимание ќе биде на мене и дека треба сите да ми честитаат и да се поздравам со сите + други гости што ќе има во ресторанот би гледале, па се одлучив за дома. Некако прифатив но денес повторно паника. Јас имам само 4 другарки и една братучеда на моја возраст, од нив 5те само две имаат дечковци. Па одлучив да ги поканам нив 5+2, јас и дечко ми +2 и уште околу 10 луѓе рднини, вкупно сме 23! Но, денес едната другарка со дечко и ми откажа поради работа (ја разбирам) и уште една поради одмор, па така сме сега 20 луѓе (јас и дечко ми 2, другарки 3+1 и роднини 12-13). Е сега ајде што не сакам воопшто да славам, па не сакам и сите да ми откажат во последен момент и да сме 2 без 3. Срам ми е како дечко ми сето ова ќе го гледа. Тие се голема фамилија, има многу братучеди и многу другари. Јас едвај 20 гости ќе имам, дали и толку. Не знам зошто се замарам воопшто за ова, но, не сакам да помисле дека немам никој... всушност овие 20 луѓе ми се се во животот. Сега не знам дали воопшто да славам... ме фаќа паника и анксиозност. Ве молам некој совет, помош и мислење во врска со тоа што ќе мисли дечко ми и за тоа дали е во ред да славам со мал број на луѓе?
Нема потреба да се споредуваш со други, кој колку гости имал, неможеме сите исти да бидеме, јас немам ниеден роднина на роденден да си поканам а не па за друго. И како тоа 20 луѓе ти се малку? Ти журка да не сакаш да правиш? Најбитно е најблиските да се до тебе а не колку ќе бидат. Чим не сакаш во ресторан, подобро дома. Јас така би направила. Инаку за што е прославата не разбрав?
Ако сте во врска и ти се плашиш што ќе помисли дечко ти ако имаш мала прослава...тогаш колку вистински те познава дечко ти? Он би требало да го знае сето ова што ти го напиша тука и последно што треба да ти е стресно е што ќе помисли дечко ти. Плус, не е задолжително да славиш дипломска, уште па помалку е задолжително да викнеш толку и толку луѓе. Тука секој за себе си одлучува, нема треба или не треба.
Офф го заборавив таткото Не знам што да кажам, тешка е ситуацијата. Дури не доаѓа во предвид да одите, како што самата рече не можете да го разделите таткото од неговото дете. Ама, и ти не сакаш веќе да се гледате, па може најдобро е да ја пребродиш и да продолжиш понатаму. Тешко е, ама подобро отколку да патиш и да се шеташ како "зомби". Знам дека она што сте го доживеале ќе ви остане засекогаш, ама тоа е вистината. За жал, не секоја приказна има среќен крај. За тебе се надевам на нов убав почеток.
За мене колку помалку толку поинтимно и многу поубаво. Ја радо би била и со 5 луѓе кои ми се најблиски од колку со 30 ради реда
Колку жално, онака баш филмски. Мое мислење да го заклучиш минатото во твоето срце и да продолжиш понатаму, девојката е таа која ја пропушти шансата во животот, имало милион начини да се избори за љубовта на својот живот, сега со детенце и сопруг е веќе касно и ништо никогаш нема да е како порано, само полошо, ти не си спремна да гледаш нејзино детенце, а и притисокот од околунста ќе ти убие психа. Продолжи со животот понатаму и знај дека ретко кои големи љубови завршиле заедно. Секое добро
Изабелче викни не и нас тука неколку членки ќе се провеселиме, ќе направиме гужва, ќе се изгушкаме, топ ќе поминеме ти давам збор без глупости и 5 души да ти дојдат на крај пак ќе си поминеш убаво зошто и сама кажа сите поканети ти се најблиски, еве и ние тука во мкд останати сме многу малку од фамилијата, се друго ни е иселено, сите прослави ги поминавме со 20души а од неговата страна преку 200 и никогаш не ми паднало на памет да очајувам, нема потреба, битен е поводот за убаво само да се собирате
Јас мислам ако веќе не сакаш да не славиш, а ако веќе ептен не можиш да ја одбиеш мајка не ги кани дечко ти и другарките, туку само роднините кои мајка ти би ги поканила и кој и да покани друг. Ти само биди присутна и то е то. Мислам дека така ќе ти биди најпријатно.
Абе Срцка. Дозволи си да бидеш она што си и дечко ти да го знае тоа. Знаеш ли колку од нас имаат мал круг на друштво? Тоа е сосема океј. Смири се и уживај во прославата. Честито ајдееее!!
@Izabela Bella на последниот роденден викнав само 4 другарки, личности кои ми се најблиски, и со кои најубаво се чувствувам, и си поминав најубаво, во кафич. Смешки, заебанции 2 3 часа и секој по дома. Ич, ама ич не се замарај, гледај како ти годи тебе, така. Нема потреба да се докажуваш пред дечковци и останати луѓе колку голем круг на пријатели имаш, на крајот ти да си поминеш најубаво е најбитно. Патем, честитки.
@Izabela Bella па веќе во тренд се и свадби и било какви прослави со "ужи круг", нема ништо срамота во ова. Јас па секогаш сум сакала да прославам нешто со најблиските, а не да го викам и Ојле и Дојле само за гужва да биде. Биди си своја и прави си како сакаш, не за да угодиш на народот, на дечкото или на неговата фамилија.
Ти благодарам на опсежното мислење. Благодарам на сите што ми пишавте. Разговаравме со него, свесен е за ситуацијата, вети дека ќе се труди максимално за да оваа испитна го положи последниот испит и почне да ја спрема дипломската за да може да ја брани што побрзо. Засега ќе му бидам поддршка и ќе се трудам максимално да го мотивирам за да учи што повеќе. Ќе видам доколку не се промени ништо и понатака повеќе нема да си губам време и секој по својот пат. Искрено му го кажав тоа и него и ме замоли да почекам уште некој месец само, сакал и тој да ни биде убаво и да опстане врската. Благодарам на сите уште еднаш.
Супер одлука. Уште едно испитче ако има ќе го турне. А ако не, па ќе знаеш дека си дала доволно шанси пред да се разделите.