Откако прекинавме тој многу се смени, а сум човек кој сака да ги реши работите очи во очи, не преку пораки на социјалните мрежи, кажано недокажано, ти реков ми рече. Сега му пишав да го прашам нешто, бидејќи ми беше итно, илјада пати се покајав. Тоа се двоумам, дали воопшто да разговарам очи во очи, затоа што не сум личност која преку нет решава. Откако раскинавме, немавме прилика да разговараме за се, а знам дека доколку оставам така, ќе ме копка.
Хммм, луѓе не се менуваат многу, а мене не ми изгледа дека многу се сменил по напишаното, ама ти најдобро знаеш. Ама ако те нервира уште и знаеш дека ќе се повторуваат работите, стварно не знам зошто би се ставала себе си во ситуација во која точно знаеш како ќе се развие.
Прекини со контакт, ќе ти биде прво потешко, но ќе помине и тоа. Ми изгледа како да се вртиш постојано во круг. Нема да се промени, не го идеализирај. Колку побргу сфатиш, толку полесно за тебе. Дај си шанса да запознаеш некој кој нема да има потреба да го менуваш.
Имаше добри страни, кога ми беше тешко ќе ме сослушаше, ќе направеше да се чувствувам подобро но секогаш постои ама... Го блокнав сега, ме чека борба против чувствата, ми дадовте совети за да се свестам, што биде нека биде.
Луѓето не се менуваат. Не верувам дека после ракинувањето се сменил, можеби привремено, но после одредено време пак си се враќаат на старо. Штом го сакаш, секогаш ќе гледаш некоја светла точка во него, за да му дадеш повторно шанса, надевајќи се дека ќе се смени.
Тоа е тоа што ти пишував, идеализирање. Убаво е што бил тука за тебе кога ти било тешко, но не заборавај колку пати направил да ти биде тешко поради него.
Не знам зошто е таков кон мене а многу поразличен кон другите, толку ли малку вредам? Јас сум сигурна дека кога и да му кажам што ме мачи ќе ме ислуша, но подоцна ќе настапи неговиот инает ( ко да ми враќа заради тоа што му раскинав) и ќе го користи секој момент да ме изнервира. 2 дена супер, три дена не. Му раскинав зошто секогаш се друго ќе му беше побитно, дали внуците кои ги гледа секој ден а мене ме гледаше еднаш у недела оти сме од различен град а тие се на гости кај него ( таму преспиваат) дали другарите, дали гејмањето, дали висење на социјални мрежи додека јас го чекам да ми се јави, дали работата, дали спиењето, и ќе му текнеше некогаш да ме нервира за нешто од пред неколку години, или за неговата финансиска состојба, јас бев на последно место. Мене ниту неговите внуци не ми пречаат, напротив, ги обожавам, ниту пак неговите другари но ми пречи што никогаш не бев у прв план. Ако му се налутев што некогаш го чекав премногу, ќе ми се обратеше толку дрско што пак завршуваше со кавга. Ова е само дел. Сега наместо да се карам со него, баталив и блокирав.
Овие се најголемите црвени знаменца. Кога тој што треба да ти биде најголем ,,фан", ќе биде причината ти да почнеш да се сомневаш во сопствената вредност. Кога ќе почнеш да се плашиш да споделиш како се чувствуваш, затоа што на крајот ти ќе бидеш виновна зошто така си се чувствувала и си споделила, па ќе најде начин да изманипулира за да на крајот ти да бидеш крива. Run, Forrest, Run!
Се договаравме да се видиме и да разговараме, требаше да му кажам кој ден, затоа што имав вишок обврски, тој денес поминал низ мојот град, отишол во друг град пак на пиење со друштвото, без да ми каже, и јас за тоа дознав преку други..доста глупаво се почувствував. Барем малку да покажеше дека му значев, поинаку ќе беше, поинаку ќе постапев, и баш пред раскинувањето зборевме за тоа, тој продолжи да се однесува лошо. Фала сепак, доста беа нервози.
И да преминеш преку она што до сега те повредило, штом е толку тежок карактер, замисли да си во брак плус и со деца. Сега се смирувате, раскинувате, и така во круг. Си одиш дома ти помине лутина и пак со него. Ама утре кога ќе почнеш да живееш со него ќе ти биде пекол. Нема каде да побегнеш од проблемите, а каде и да се свртиш ќе биде проблемот во него со таков карактер. Како што велеше другарка ми, кога бевме во врска по кавга дома си одев а сега нема каде да одам и трпам кавги. Јас милион пати сум рекла, човек без карактер во врска не очекувајте да се промени во брак. Те разбирам го сакаш, ти значи ама животот ќе си го зезнеш со личност со лош карактер. Јас да сум на твое место не би продолжила ама тоа сум јас, ти си знаеш најдобро.
Не верувам дека после се ќе се смирам, пред некој ден размислував за нова шанса, сега размислувам како да го преболам. Се обидувам да разберам дали некаде погрешив, па тој така да се однесува кон мене. Другарка ти е во право, ти благодарам. Малку се разбудив нерасположена поради се, ама ќе потрудам да се средам.
Љубовта е релативна и променлива работа. Некогаш еден некогаш друг. Не е роматично тоа ама тоа е вистината. Ако може да го смени однесувањето ОК ако не...Следниот!
Глупости. Тоа погоре е заљубеност,а за љубовта треба труд обостран. Од што многу модерни сме , сме заборавиле што е врска, што е муабет правење, инвентивност левел нудење Netflix and chill . Јас на своја сметка се зезам не ме бива за флертување, дедовци баби ми раскажувале фори и ситуации денес на памет што не би ни паднале. Една врска си бара труд, отворени очи за гледање подалеку од марка на кола и облини. Очи отворени некого да запознаеш во секое светло. Врска не е чекање на послужавник , туку готвење заедно.
Има луѓе што се за сите добри,единствено за најблиските не. Како да сметаат дека тие мора да ги сакаат по секоја цена,што и да сторат. Ќе ти го дадат цел свет,па утредента истиот ќе го срушат. Обично комплекс стои позади тоа,кој единствено самите можат да го решат. Сигурно нема да се смени од премногу твое прилагодување на секоја негова замисла.
Јас на твое место не би одела затоа што се уште имаш емоции и тој тоа го знае така да уште си ранлива и си му мета да те игра како сака. Мене не ми делува дека тој е заљубен во тебе штом си игра со твоите чувства така како што си опишала дека прави и се однесува. Од очекувања ти се разбира дека ќе очекуваш да е фин и културен да се оправдаш ете дека заслужил да му дадеш пак шанса, ама ова е замката што ти ја прават емоциите. Ладно да се поставиш, како сеедно ми е, а најдобро е да одложиш вака на непреболено средби. Можете да се видите по некое време, се разбира ако и ти сакаш и тој. Ама се надевам како ќе ти избледат емоциите нема да ти значи да излезете пак, а за дистанцирање фокусирај се на сето негативно што предизвикал во тебе, одма има да не ти е толку значаен. Мислам дека заради заостанатите чувства му предаваш преголемо значење, повеќе од што заслужил. Ете велиш не е лош човек и ми делува како да сакаш себе да се оправдаш ако му простиш и него дека ете добар бил, ама што дека е добар кога не си одговарате?
Толку е, на дистанца со отстранување на социјалните мрежи, вчера ми звонеше, не му отклопив, штета што мораше вака да заврши, тој беше внимателен на стартот, потоа се промени, а вака кај и да е ќе ми се одмили. Да ми се извинеше искрено, можеби ќе се видев само на една пијачка. Ќе помине и ова.
Не погреши ти ништо, типот е незаинтересирано говно. Колку побрзо ќе прекинеш секаква комуникација, толку побрзо ќе го преболиш.