Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. tari

    tari Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.291
    Пол:
    Женски
    Pisi slobodno
     
  2. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да ми кажете дали е нормално да имате дечко и да шета, ок добро заработува и се тоа, ама многу ме нервира што секоја недела мора да иде некаде, иде со другари, не верувам да лаже затоа што на социјални мрежи става слики, видеа, што мене ми праќа на whatsapp тоа и он објавува бидејќи јас немам Instagram ама го додадов од лажен профил да бидам сигурна (поштедете ме од тоа како не сум требала) ме вика со него да идеме ние, еднаш бевме ама јас не можам секоја недела (не финансиски ок стојам со тоа) ама генерално не сум човек што сака да патува, ајде на страна тоа, зашто мора на инстаграм да објавува исто што ми праќа и мене? Има лајкови повеќе од девојки од колку од машки, од лажниот сеуште ништо не му пишав ама гледам и он не пишува а лајкувам слики, ако не денес, утре, кај и да е сигурно ќе најде некоја друга, секој ден да шеташ по други држави и да објавуваш по соц мрежи и не знам колку следачи има, јас не знам како ние сеуште функционираме, не се замарам со социјални мрежи ама искрена да бидам ми смета, јас не сум толку социјална да излегувам да се дружам а он секој ден, слики видеа, излегувања, на што личи тоа, еве не знам, кога му кажав што ми смета, ми вика јас можам и дома да седам само ама што со тоа, додека можам ќе шетам зашто да не, немам зборови дали вреди да продолжам со човеков.... :?:
     
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.400
    Пол:
    Женски
    Ако сте пред брак и штедите пари за фамилија тогаш ок е да ти пречи.
    Ако не се лажам пред три четири недели пиша дека се запознаваш со дечкото.
    За три четири недели некој да ми кажува колку да шетам :) нече мочи.
     
    На Celltica, Trxmx, _beautyy_ и 16 други им се допаѓа ова.
  4. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Секако зависи до каде сте со врската, ама не можеш да очекуваш човекот да се затвори дома само зашто ти не одиш никаде. И тој е во годините кај што најмногу треба да шета и да ужива во животот, секако штета што не можеш и ти да одиш со него, но ете можеш да му предложиш да правите нешто заедно што не чини многу, има премногу можности да поминувате време заедно на начин на кој ви одговара на двајцата. Освен тоа, мислам дека е убаво од него што ти праќа слики и видеа.
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.964
    Допаѓања:
    24.574
    Пол:
    Женски
    Има работи што може да не ни се допаѓаат кај други, ама да се апсолутно океј. Не прави ништо погрешно дечкото што шета. Ти имаш два избори: или ќе работиш на твоите чувства/мајндсет односно да го прифатиш каков што е и да не се нервираш поради тоа или ќе раскинеш и ќе си бараш некој што е повеќе како тебе. И двата избора се сосем океј, што не е океј е да го осудуваш и да му бараш да не патува секој викенд итн.

    Многу е убаво што сите имаме избор со какви луѓе ќе сме опкружени... и затоа мораме да ги оставиме луѓето да си живеат со свои одлуки без да ги моделираме по наше.
     
    На Abel, Celltica, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Да, не можам да очекувам од човек да се затвори дома, ама и толку шетање не е нешто што се оправдува, многу сме различни вака се ок е дечково ама како ден и ноќ сме, мене ми е страв да не најде некоја друга, гледам на една слика има и некои други девојки демек другарки на другар му не знам што, јас мислев само ние девојките шетаме, очигледно и маживе станаа исти |(
     
    На penelope10 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    1.650
    Незначи ако шета дека готово ќе најди друга. И дома да е затворен ако сака можи да најди друга. Денес сте заедно па другиот ден можи да си шета со другарите. Друштво не се напушта поради врска. То важи за двете страни.
    Ако те запоставува поради друштвото е тогаш нешто нештима. Немој да си бараш проблем таму кај шо нема.
     
    На _beautyy_, Anonimnna5, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Krisssss_93

    Krisssss_93 Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2022
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Машки
    Имаш луѓе што не сакаат да седат дома и да се меѓу луѓе цело време. И тоа ќе мора да го прифатиш, ако пробаш да го смениш најверојатно нема да биде среќен и после некое време ќе пукне тиквата.
    Имаш две опции или прифати го или раскини му.
     
    На _beautyy_, Anonimnna5, penelope10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.333
    Тој те викнал, те поканил да одиш со нив. Да сакал да оде со друга и да немал никакви намери со тебе ќе те исклучел од планот.

    Јас бев во иста ситуација, партнерот сакаше да излегува, да шета а јас бев затворена и антисоцијална, не е дека не сакав, туку не бев спремна да се соочам со многу народ. Но дадов шанса и излегував секаде со него, сега повеќе јас го замарам за да излегуваме и шетаме. И сфатив дека сега доколку не шетам и не излегувам, кога ќе остарам ќе ми биде многу криво што сум седела само дома. :) Од дома нема спомени.
     
    На forumce, _beautyy_, honey.11 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.830
    Допаѓања:
    13.927
    Пол:
    Женски
    Ако тоа ти смета подобро уште сега да си го најдете крајот. А плус и ако сте голема разлика во финансиска класа јасникогаш не би била со таков.
    Јас секогаш си бирав дечко што ќе биде на иста или слична бранова должина по џеб на финансии. Едноставно ако имам некој богат дечко знам дека немаше да имаме заеднички јазик на разбирање. Не велам дека се сите ама кај повеќето е така.
    Еве јас сум од скромно семејство, татко ми цел живот работи, за да имаме се, не богатство.
    И дечко да имам некој со фирми, кој никогаш не осетил како е да стискаш пари да си платиш партиципација за факултет, да се мислиш дали картата за тој месец ќе можеш да ја платиш или книгите што ти требаат. Додека јас ќе скапувам да учам да фатам просек повеќето од овие, со прст немат мрднато, има и исклучоци не велам не, ама ќе ми рече да одиме во Париз а јас едвај за карта имам за до Охрид, што со ваков би правела. Ете јас не сакам некој да ме чести и одма ќе настанат кавги. Потоа во брак повеќе доагаат до израз различните воспитувања и начин на живот. Ќе се започне одма ти реков, ми рече..
     
    На honey.11, Anonimnna5 и Тианче им се допаѓа ова.
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    8.238
    Пол:
    Женски
    Не можам да ја разберам последната реченица. Како во лоша конотација да е кажано шетањето, па ај девојките не се замараат со ништо, па само они шетаат.
    Што има лошо во шетање?
    Ако има финансии, желба и слободно време може да шета.
    Тоа што тебе ти е страв да не запознае друга, проблемот е кај тебе, не кај него.
    Тој може и во истиот град да е постојано и пак да запознава нови девојки. Значи до карактерот е, не дали некој ќе шета или не.
    Пишуваш за тоа зашто објавувал на инстаграм. Негов профил е, што сака и колку сака може да објавува.
    Ми оставаш впечаток на тинејџерка која очигледно има проблеми со самодоверба и како резултат на тоа сака да го контролира својот дечко.
     
    На Golden, sparklie, _beautyy_ и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.846
    Допаѓања:
    17.753
    Пол:
    Женски
    Тоа што членката го кажа погоре, ама и ова. Што е проблем со шетање?
    Не е толку проблем што сте различни, колку што е проблем твојот менталитет. Ете, не те тера со сила да шеташ кога не сакаш, ама сепак се обидува да сподели со тебе кога шета тој со друштво. За него е очигледно шетањето сега битно.
    Ако си најде друга, верувај нема да е ради тоа што шета многу, туку затоа што твоево размислување е проблематично.
     
    На forumce, _beautyy_, Ajronmen и 7 други им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Треба да најдете некој баланс, да си го организирате времето. Нека шета недела две со другарите,недела две со тебе.

    Се е компромис.
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    4.685
    Пол:
    Женски

    Да нормално е. Со свои пари не може никој да ми забрани кај да шетам, колку да шетам и да трошам. Јас ги заработувам јас ги трошам.
    Дечково е ок штом имаш покана за да шеташ и ти со него. Промбелот е што сте два сосем различни карактери. Карактерот на човек не може да се смени, ти не можеш да шеташ премногу, он не може да седи дома премногу на долгорочна стаза. Е сега прашањето е дали и двајцата би можеле да опстанете во ваква врска, не само ти. Може сега нему не му смета насекаде сам да шета без девојка, но покасно може да му засмета .
    Сум била у врска кај што дечко ми живееше во странство и со колеги и колешки од факултет нема кај не отидоа. Немав проблем. И јас сум идела на шетање со другака исто така немаше проблем. Сме шетале и заедно. Но он далеку повеќе од мене шеташе.
    Се зависи што сакаш во животот. Јас на пример не се гледам со човек кој би седел дома цело време пред тв.
    Така да размисли убаво дали навистина се гледаш во иднина со ваков партнер, али биди искрена сама со себе. Ако не подобро пресечи на време, колку подолго навлегуваш у врска толку полошо си праиш за себе.
     
    На _beautyy_, Ugly Duckling и Anonimnna5 им се допаѓа ова.
  15. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Ако е шетањето битно, и ако тоа му е приоритет во животот, тогаш не знам зошто воопшто би се впуштил во врска во тој период од животот, или пак би бил во врска со некоја што е сосема различен карактер од него? Не викам дека ако си во врска треба да се затвориш и да не шеташ или немаш друштво, ама ако веќе си решил да си во врска треба да се постават некои приоритети односно да се направи некој баланс. Еве и јас имам дечко кој што е на некој начин интроверт и не баш социјален, имам и друштво со кое често излегувам, ама секогаш одвојувам време за него и никогаш не сум го направила да се почуствува запоставен или пак тој мене. Се согласувам дека девојката има проблем со самодовербата, но сметам дека проблемот не е нејзиното размислување, туку тоа што не го добива она што го очекува од врската. Ако јас не сум социјална по карактер а тој го знае тоа, ако му значам ќе одвои некогаш време, ќе откаже патување, ќе сака да помине време со мене за да ми покаже дека барем малку му значам. Со праќање видеа на WhatsApp не се докажува тоа.
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.846
    Допаѓања:
    17.753
    Пол:
    Женски
    Буквално никаде членката не наведе дека ова е проблем во врската. Рече дека и смета што шетал многу, затоа што и е страв дека ќе си фати девојка ако шета.
     
    На Celltica, Ajronmen, _beautyy_ и 9 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Оти?
    Мислиш дека не вредиш како 'некоја друга'?
     
    На Anonimnna5 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  18. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Како не е проблем кога и смета тоа и кога има напишано 'немам зборови дали вреди да продолжам со човеков' и 'јас не знам како ние сеуште функционираме'? Ако нешто што ти смета и не може да се реши во врската, тоа е веќе проблем за понатамошното функционирање на истата.
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.846
    Допаѓања:
    17.753
    Пол:
    Женски
    Нека раскине тогаш де. Му кажала дека и смета што шета толку многу, тој и рекол не сака да престане. Сега на нејзе е да одлучи што ќе направи.
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    6.940
    Пол:
    Женски
    Да, секако дека е нормално да шета, зошто не би било?
    Очигледно млади сте, ако не шета сега, кога? Немате никаков проблем тука, гледам те вика да одиш со него, не се чувствуваш запоставено, немаш недостаток на внимание, не те притиска да одиш доколку не сакаш, се ми изгледа баш океј. Тоа што имаш недостаток на самодоверба и мислиш дека би те заменил со друга, е веќе лично твој проблем. Не мора да шета за да те замени, за да запознае друга, може тоа да го направи и од дома. Од негова страна се е на место.
     
    На _beautyy_, Ugly Duckling, Anonimnna5 и 3 други им се допаѓа ова.