Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.333
    @Anonimnna5 искрено треба да бидеш среќна што те вика да излегувате заедно.

    Познавам многу парови што во рани 20 се затвараат дома како пензионери, и не поради финансиски проблеми, туку поради тоа што уште од почеток на врската почнале 24/7 да се заедно и ги загубиле сите можни пријатели и веќе немаат со кого да излегуваат. Или пак се кријат и имаат "тајна врска".

    Овде проблемот го гледам во тоа што ти не сакаш да излегуваш, да сум била на негово место ќе сум помислела дека сакаш да се криеш со мене.
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.875
    Допаѓања:
    14.930
    Пол:
    Машки
    Цел пост ти вришти overthinking.

    Како и да е, ако не ти се допаѓа неговото однесување раскинете, ќе го спасиш човекот од нервози. Не ја разбирам потребата од тоа да го тераш да го смени однесувањето зашто тебе не ти се допаѓа често излегување, шетање и сл. Очигледно не сте компатибилни во тој поглед, барај си некој шо ќе ти одговара.
     
    На Celltica, _beautyy_, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.202
    Допаѓања:
    43.974
    Пол:
    Женски
    Убедена си дека има некаков проблем со дечково а во реалноста е сосема нормално тоа што го прави. Единствено што е проблем е што тој е најверојатно екстровертен, ти интроверт и не се согласувате. Стварно е безобразно да пробуваш да го контролираш и да го претставиш како "лошиот" само зашто ти не сакаш да шеташ постојано.
     
    Последна измена: 11 август 2022
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Фала на сите, меѓутоа не сме сите исти, јас сум личност што повеќе сака внимание а не имам дечко и ајде нема врска ќе се гледаме 2 или 3 пати месечно, он во последните 2 год има отидено во 16 држави па сега видете колку е тоа во ред, баш му спомнав, замисли '' утре ден да се ожениш и вака само да шеташ и да излегуваш '' на што ми одговори јас можам и дома да седам, не сум некој што само шета, сигурно кога би бил оженет не би шетал толку, ама да е бесплатно да се патува сигурно не би седел дома хаха... Не знам што да мислам, не ми смета толку тоа шетање, колку што на инстаграм мора се да објави, има објавено и слика само он и другарка му на другар му што се таму, што повеќе да кажам?
     
  5. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Ок е што сака типот да шета и се тоа, негов живот, а кривицата е секако во девојката што сеуште е со него кога гледа дека не се компатибилни и не го добива потребното внимание, само не ми е јасно зошто го оправдувате неговото однесување кон неа, како тој да ја завршил својата работа само со тоа што ја викнал и на ни еден друг начин според напишаното не и покажал дека му значи? Нормално би било од негова страна сам да ја прекине врската, а не да ја користи девојката.
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    8.238
    Пол:
    Женски
    Во случајот тој не ја користи девојката. Сосема коректно се однесува со неа.
    Ја викнал да идат заедно. Кога веќе девојката не може, сепак тој и праќа слики и видеа и очигледно е дека се труди да комуницираат додека тој шета.
    Проблемот не е кај дечкото.
    Проблемот е кај девојката, првично неа и смета зашто тој патува бидејќи можел да запознае друга девојка.
     
    На Ajronmen, _beautyy_, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    8.238
    Пол:
    Женски
    Зошто да не е во ред?
    Ако е во врска треба да престане да шета?
    Работи на својата самодоверба девојче.
     
    На Ajronmen, _beautyy_, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Па и не е баш само тоа да може да запознае и некоја друга, туку превише луѓе и сл, на што личи да става слика само он и другарката на другар му? Денес слика утре кој знае што, не знам на кој би му било сеедно... Кога му реков дека сме доста различни не знам дали ме зезаше ми вика па баш различностите се привлекуваат (facepalm)
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.202
    Допаѓања:
    43.974
    Пол:
    Женски
    Па не може да коментираме за нешто што не знаеме. Она тука напиша само за еден аспект од врската, за патувањата, не може да коментираме за нешто што не е пишувано.
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    21.601
    Пол:
    Женски
    Да не треба да се затвори дома на млади години за да ја задоволи твојата потреба за внимание?
    Зошто ти не станиш отворен тип и не го дружиш на неговите патувања, а очекуваш тој да се смени? Смени се ти еве, чим имаш финансиски средства не гледам проблем.
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Значи ти би била ок со ваков тип да си во врска така? Чисто прашувам, не те напаѓам, ако така го сфатиш.
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.964
    Допаѓања:
    24.574
    Пол:
    Женски
    Тоа што он споделува слики со неа мене ми е слатко и тоа е еден вид на убав гест, сака да покаже кај е, што прави, да сподели. Значи не ја исклучува.

    Сигурно кога се видуваат е добар со неа, има причини зошто се заедно, девојката не спомна дека и недостасува време само со него.

    Клучното е што не се компатибилни. Мислам дека треба да си бркаат послични. Не го гледам ко нешо трагично. Сега баш ништо продуктивно не праи девојката, се нервира за џабе. Тоа не иде у веза.
     
    На Bezimenka90 и Anonimnna5 им се допаѓа ова.
  13. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Сето тоа ми е јасно, само што во 99% од случаите ваквите типови испаѓаат да се fuck boys кои што гледаат само да си ги задоволат своите потреби. Од слаткоречивост не опстојува врска. Како и да е потполно се согласувам дека не се компатибилни. А за времето мислам дека спомна дека се гледаат 2-3 пати месечно и мислам дека баш тоа го потенцираше дека и недостасува време и внимание.
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Не мислев буквално 2, 3 пати во текот на еден месец, се гледаме почесто кога е овде ама тоа е ретко, сега во недела кога ќе се врати ќе се гледаме до петок па во петок сигурно пак ќе треба да иде некаде па после пак 10 дена ќе се видиме, не ми е тоа толку проблем колку што ми смета тоа што на инстаграм има повеќе слики со некои рандом девојки на другари другарки од колку со мене му пишав од лажниот профил не враќа, ама уште има време.
     
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    18.053
    Пол:
    Женски
    А ти толку немаш мерак да патуваш заедно со дечкото??
     
    На buba4e89, _beautyy_, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  16. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.333
    Girl whaaaat? :drunk:

    Fuck boy бидејќи сака да патува? Што треба да прави? Гоблен да плете?

    Зошто мора се да преовиличувате? Дечково уште пред да биде со неа шетал, девојката свесно се впуштила во таа врска. Тој не ја одбегнува, ја вика со него

    Чудно ми е зошто девојката не даде шанса да отиде со нив на патување и да ги запознае сите тие другари и другарки? Јас од умот ќе се мрднам некој да не ми дозволува да излегувам и патувам и да сум само дома со таа една личност. Подобро во лудница во бела соба ќе седам.

    *за сликите не знам што да кажам, да сум на твое место ќе одам со нив штом сум повикана, па ќе видам која како се однесува со него и дали ќе се слика :^)
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda, smooch и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Бев еднаш и мислам доволно е, не сум човек кој сака да патува, ниту пак сакам сите пари да ги трошам на патувања, едноставно не сакам многу да сум социјална, сакам некој мирен живот а не да не ме фаќа место.
     
  18. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    99% напишав. Ако е во тие 1% секоја му чест.
     
  19. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.333
    Како може да пишуваш безсмислени заклучоци? Од кога човек што сака да патува е расипан - по твоето оде со повеќе жени/мажи? Не знам како успеа ова да го поврзеш вака. Замисли тие што одат по 2-3 пати на одмор секое лето? Распуштеници... :^)

    Затоа е подобро да ја прекинеш врската што порано. Од една страна нема да се повредиваш самата себе си, од друга страна не можеш да бидеш себична и да му забрануваш него да патува. :) Или пак предложи му поретко да патува, но тоа сепак е негова одлука.

    А за сликите на инстаграм треба директно да му кажиш дека ти смета а не да испитуваш преку лажни профили. Врска не се гради така, исто како што темел на куќа не се става во туѓ двор.
     
    На baby-star, _beautyy_, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  20. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Не ми наметнувај зборови кои не сум ги кажала. Од расипан до fuck boy разликата е огромна. Или си во врската целосно или ќе седиш на 2 столици како типов моментално што прави.
     
    На Тианче му/ѝ се допаѓа ова.