Каде виде дека тој седи на 2 столици? Тој не направил ништо, само девојката нема доверба во него поради ниска самодоверба. Константно мисли дека на некое следно патување тој ќе запознае подобра од неа. И на кој начин е тоj fuck boy? И што всушност значи за тебе fuck buy?
Јас по природа сум интроверт, а дечко ми е екстроверт. Него не го фаќа место ако не испадне од дома, а јас можам по цела недела да не мрднам од соба и не ми е досадно. Откако сме заедно секоја ден шетаме, излегуваме, на кратки релации, на долги релации, затоа што сакам да поминуваме време заедно. Тој сака повеќе да се дружиме и со пријатели, другари, да излегуваме во друштво јас не пак не сакам, затворен тип сум, ама постепено се навикнав и на неговото друштво. Поканети сме на гости кај негов другар и жена му, ама мене некако не ми се слуша за одење, и не дека имам нешто против нив, ама таква сум по природа, со оглед на тоа дека се многу блиски јасно ми е дека кога тогаш мора да отидеме и да го скршам мразот. Те прашав дали ти е толку проблем да одиш со него на патување ако имаш услови, затоа што јас да сум на твое место би сакала да сум со дечко ми, да си шетаме заедно, може да си организирате патување и само вие двајцата не мора секогаш да сте во друшто, а доколку па сте во друштво опушти се, дај им шанса да ги запознаеш и уживај со дечкото за време на патувањето. А да мислиш дека не е во ред да патува и да шета толку, тука не си во право, затоа што секој човек е различен по природа, секој има право да го живее животот така како сака, си го замислува и планира. Ако толку веќе сте различни, тешко дека ќе функционирате заедно.
Многу комплицирате и барате маани, зашто овој ова, зашто оној она, гледајте си ваши животи, кој сака да е со вас ќе биде, кој не по брза постапка се решава тоа, јас не гледам нешто лошо да прави дечково, се дружи шета, а девојкава очигледно има живот во 4 ѕида и само следи он што прави, е па сега арно и те трпи дечково извини вака никој на никого не му е сопственост.
Девојката кажала што и смета, па тој пак не направил нешто за да го промени тоа. Кривицата си е секако кај девојката што не прекинала досега и што сеуште се мачи. Факт е дека девојката има ниска самодоверба. Ама еве и тој гледа дека не се компатибилни, зошто тој не ја прекине врската и не ја поштеди девојката? Зошто да го нормализираме неговото однесување? Треба да се испразни некаде кога ќе дојде од на одмор така? . Јас разбирам да биде 1 - 2 одмори и океј е тоа. Според девојката, дечкото во рок од 2 години бил во 16 држави. Да не си правиме бајрами на умот
Тоа е сосема во ред! Си го живее животот како што треба Личи на нормална дружба. Стави крај на врската со време, олесни си и себе и на дечково
Јас овде не гледам никој да крив. Едноставно не си одговараат и патиштата во животот не им се поклопуваат. Девојката сака живот во 4 ѕидови без излегување и дружба, без социјализација, од друга страна дечково сака да шета и патува, да се дружи. Никој од нив не е лош човек. Тоа што тој бил во 16 држави за 2 години секоја чест, не го прави тоа него лош човек, ниту пак седи на 2 столици, ниту патувањето го дефинира човек како fuck boy. Инаку премногу си додаваш и ги испревртуваш работите... девојката не кажа дали се сексуално активни за да зборуваш дека тој ја користи за да се испразни. Зошто си додаваш работи? Кога е овде и го посветувал целото време. Аман, драматизирање. И од каде тоа правило дека 1-2 одмори се ок, повеќе од тоа значи по дифолт седиш на 2 столици?
Скрос е во ред тоа. Има пари, млад е и сака да го види светот. Некој од 3 недели да ми кажува дека не е во ред да ги трошам моите пари за да прошетам по држави, нешто за кое мечтаат многу луѓе, ќе го блокирам на сите можни социјални мрежи пошто таква посесивност и љубомора не ми треба во животот.
Мене ми е ова привлечно, којзнае што све не видел и искусил, милион работи и искуства за раскажување. Ми звучи како да живее исполнет живот по негов ќеф. Не знам што уште сакаш од нас, се согласивме сите дека не си одговарате. Она што не е во ред е што ти пробуваш да најдеш нешто лошо во некој кој едноставно гледа кон животот поразлично од тебе. Јас секогаш викам, зошто е лошо да си спонзоруша, кога има мажи на кои им е мерак да даваат пари? Во смисла, за секое лонче си има свое капаче, така и за него и за тебе ама не сте еден за друг. Остави го дечкото да си живее по негови стандарди и желби - какви и да се тие, и ослободи се од таа горчина во себе.
Кои глупости ги прочитав не ми се верува! Fuck boy бидејќи патувал? Седел на 2 столици бидејќи патувал? Луѓе што ви е, ама сериозно? За дечково секоја чест! Тоа е за восхит а не за осудување. Ги ужива најубавите години од животот, којзнае што се видел и искусил. Ако не шета сега, кога? Ајде ако не, нека се затвори дома бидејќи на членката му биле многу неговите патувања. Човекот не гледам да има проблем со неа, убава му е врската, не и прави притисоци за ништо. Очигледно таа има проблеми на кои не сака ни да работи, па не знам зошто не си го олесни животот и не раскини кога толку не му одговара. Барем ќе го ослободи човекот ќе си најди девојка со која ќе може да го прошета светот и да створи незаборавни спомени.
Да се испразни некаде ? Како прво не е само девојка му со вакво за да се испразни, има милион жени за празнење и тоа без врска да има со нив. Како второ дечкото се понаша како дечко т.е и праќа слики, ја вика со него итн итн. Дали мислиш дека ако му е само за празнење тоа би го правел? Поголема глупост немам слушнато девојка да има некој само на празнење. Обратно е за една вечер е празнење а не врска.
@Anonimnna5 не ми е јасно шо комплицираш, сеа нашла ми се мана. Ако не ти одговара замини си, simple as that.
Може девојчето нема толку финансии да му парира во толку патувања, не верувам дека не сака. За тие патувања и цело времени излегувања многу пари требаат, не ја напаѓајте дека сакала затворена дома да седи. Него да му забраниш не можеш. Или ќе се прилагодиш и ќе прифатиш дека шета или разделете се со време. Не можеш да го промениш. Јас ако дечко ми не може и нема средства, не одам некаде, гледам да имаме компромис, но не сме сите исти. Кога се запознавме од почеток исти бевме, слични можности, потоа се смени ситуација кај нас, затоа се трудам да се прилагодуваме некако, колку толку. Колку години сте?
Сум пропуштила, пардон. Тогаш се различни карактери. Или ќе живеат со таа разлика или ќе "пукне" тоа кога тогаш и ќе се разделат.
16 држави за 2 години, блазеси му. Дечкото побрзо ќе си најди друга ако го гушиш, зошто шеташ, зошто слики, зошто другарки. Со вакви замерки побрзо ќе го избркаш. А посебно ако дознае дека го тестираш од лажни профили. Да е некоја негативна особина па да му посочиш да поработи на тоа, ама ова не е негативно. На крај, сепак карактер е во прашање, според мене тој не се менува колку и да дава чоек време и шанси. А за некои работи не ни треба да се менува, како во случајот, не наштетува на никој. На долги стази на едниот ќе му пукни филмот. @Anonimnna5 Со оглед на то шо наоѓа време и за тебе, имаш опција или да му се придружуваш повремено, да ги запознаеш другарите. Или да прифатиш дека шета, а ти да си најдиш хоби да не мислиш. Или секој по свој пат.
По некоја математика дечково на месец и пол,два,патувал во нова држава.Алал да му е и на финансиската моќ и на слободното време.
Јас би рекол браво за друштво што има за шетање, не е лесно да најдеш друштво за цело време за шетање И јас би сакал да шетам толку многу
Мене не ми е интересно да патувам, не гледам убавина во тоа, можеби чудно ама таква сум, прво по патишта не ми се патува толку, друго други култури и сл не ме интересираат нешто многу, сум била и јас во неколку држави не викам дека е лошо тоа ама и на тоа има граница. Всушност и работата му е поврзана со странство ама нема потреба да иде се работи и онлине повеќе. Се согласувам дека не треба така да се однесувам, не сум рекла ништо до сега освен тоа дека недај боже да треба да се жени утре, може ќе ја заборави жената бидејќи поважно е да се иде да се шета, демек кога ќе се ожени нема да иде никаде мхм, карактери не се менуваат... Неколку пати ми има кажано дека му одговарам баш поради тоа што сме различни и има сериозни намери башка постар е од мене 7 год што е и нормално, сепак ќе покаже времето.
Има доста пријатели и пријателки па не иде секогаш со исти луѓе, јас го запознав он лине, кој знае всушност што све мати дечково на инстаграм пријатели колку цела Македонија, ич не му верувам ама како што напишав еднаш ќе покаже времето, само криво ми е што најдов некој кој ми одговара.