Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    12.283
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто во ред да си со некого 3 години, а да си пишуваш на страна со рандом луѓе од спротивен пол и тоа со месеци. Што е поентата на тоа? Сакаш нешто ново али си го чуваш тоа што го имаш, за секој случај да не испадни ништо со тој што се допишуваш, па си имаш во џеб резервна карта. Не разбирам што е целта на тоа. Јас не би можела да го игнорирам тоа, не би преминала преку тоа, можеби ќе ми е тешко али би ставила крај на врската. Зошто би се допишувала со некого со месеци, па би си делеле комплименти кога имам дечко. Биди фер, раскини па потоа пишувај си со кого сакаш
     
    Последна измена: 12 август 2022
    На honey.11, cresa-jagoda, Dream-Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.202
    Допаѓања:
    43.971
    Пол:
    Женски
    Се допишувале нешто, може не планирала ништо со него ниту пак имало, ама секако има дел кој не сака да го видиш. Ако му вратила од култура ќе завршел брзо разговорот, немало толку да се одолговлече.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Имаат фирма и соработуваат со странство. Иначе ви благодарам на одвоеното време и советите, ќе почекам да видам што ќе се случува понатака, ќе оставам на времето, фала уште еднаш и на критиките не се лутам, во право сте...
     
    На babygirl20 и AAKG им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.128
    Допаѓања:
    82.871
    Пол:
    Женски
    Боже мој, комплименти, бустање его :D Возрасни сме, не сме деца. :) Нема потреба од комплименти и "бустање" его. Не си пишуваме секогаш со други. Тој не пишува, може се случило еднаш или два пати. И јас моментално не, значи избегнувам, не враќам, некогаш само се случило, на прсти може да се изброи, без баш никаква намера. :) Далеку од непристојни и несоодветни биле муабетите, ни блиску, баш обични. Не мора паники одма од две реченици пишани со друг.
    Не знам.
     
  5. aquarius.girl22

    aquarius.girl22 Нов член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам како решавате ситуација во врската кога едната страна почнува да оладува кога ќе осетите дека не е исто пишењето и јавувањето како што било претхоно?
     
    На Tanya9 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. _beautyy_

    _beautyy_ Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Разговарам, ако навистина и самиот потврди дека тоа е вистина не се мачиме и раскинуваме.
    Нема да пробувам да задржам некој кој не се чувствува близок со мене.
     
  7. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    1.649
    Почнува и другата страна да оладува и се завршува со секој по свој пат. Не е должен некој да се труди цело време а другио да шрвља настрана и да чека да му здосадиш и ти да си тој кој што ставил крај.
     
  8. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Со сила ќе го тераме да се заинтересира
     
  9. Just_a_kid

    Just_a_kid Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.372
    Пол:
    Женски
    Разговарај прво, кажи дека не се однесува со тебе како порано, дека се осеќаш како да оладува од тебе.
     
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.964
    Допаѓања:
    24.574
    Пол:
    Женски
    Имам едно глупаво yet basic прашање. Срам ми е дури да го поставам. :$

    Ко прво, морам да кажам дека никогаш не сум размислувала премногу за ова, ниту пак сум била љубоморна, си се чудам самата на себе од кај излезе да ми смета... ваљда дека сега размислувам или пак првпат приметувам.

    Дали сметате дека е црвено знаме ако дечко следи преееемногу девојки на инстаграм, онака што си ги бира за плакнење очи, ама баш во голем број? Зборувам 20+ нови на ден, без заебанција. Не им ни пишува, буквално онака си заследува и лајкнува, мислам дека цел град и подалеку има заследено. :?:

    Мене ова не ми автоматски значи дека е нешо лоша личност, ама ме пецка. Некако си мислам дека се што му фали за да им пише на сите по ред е некоја доза на храброст, а не нешто од морална причина.

    Инаку јас не сум нешто заплеткана со дечково, ништо посебно, во живо го запознав и само ме интересира пошто ми се ствара одбивност.
     
  11. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.731
    Пол:
    Женски
    Да. Освен за некој тинејџер во средно, за повозрасни мажи ми е очајно вакво однесување.
     
    На simoncelicius, Avery, Ivan4e04 и 20 други им се допаѓа ова.
  12. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Има типови со филозофија да си пробат на многу места, евентуално некаде ќе закачи мамката :D
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Машки
    Не познавам машко што вака прави, а да знае да сврти асален и конструктивен муабет. Се е нешто плитко и хихи-хаха со нив. Иако оставам простор дека може да има исклучоци.

    Така да од тој аспект, е црвено знаменце, а за мамење и верност не знам, може му е само занимација и лошо трошење на слободно време.
     
    На Srckata28, cresa-jagoda и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.100
    На овие години стигнав и јас во темава за совет. Но, повеќе мислења од непознати, толку подобро. :D

    Возрасни луѓе сме двајцата, тој 35, јас 34. Се запознавме на социјални мрежи минатата година, двајцата во период после разделба од врска. Имал долгогодишна врска од скоро 10 години, што се вика пред брак веќе биле, заедно живееле, таа му раскинала зошто се оладила и не сакала со првиот маж во животот да се омажи. Long story short криза пред брак ги фатило и готова е таа работа меѓу нив. Тој после тоа исто сакал да живее живот и си се гледавме онака за неозбилно за секс чат пат, повеќе како пријател ми беше, без никакви правила меѓу нас, одевме и со други на дејтови, се беше опуштено. Периодов многу зачестивме, веќе ко пар станавме ама ништо меѓу нас не сме збореле само секаде сме заедно и не ми е јасно како стигна до тука работава. Прекинавме да си раскажуваме за други дејтови, јас стварно не одам со други откако сме толку често заедно, но за него не сум сигурна, а немам право да го прашам зошто не ми е дечко... Дали е воопшто можно од забава и секс да стигнеме до оваа точка. Кога сум била со некого само за секс, така останувало, си ги знам границите, а и мажи не развивале чувства, сега вака чудно ми е.
    Ме вика да излезам со негово друштво, 4 дена бевме на краток одмор по негова иницијатива, објави јавно и на инстаграм слика од нас, што и не очекував.

    Дали е време да направам муабет каде оди работава или ќе се изглупирам? Може само ме гледа како друштво да му правам дека и јас слободна, па да патува и да излегува со некого... Чудно ми е, од секс да развие некој чувства. Џабе да не правам филм некој? Не дека не би сакала да официјализирање, добар и привлечен дечко е, но не сакам ни да делувам очајно, како да сум чекала едвај до тука да стигнеме. (facepalm)
     
    На christinnn и Сара Лав им се допаѓа ова.
  15. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    4.685
    Пол:
    Женски
    Пиши ми лп пошто јас не можам тебе :) нешто слично ми се дешава и мене у моментов
     
    На Тианче му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.100
    Ради непристојни пораки се заклучив. :D
     
  17. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Јас би направила муабет. Ако е дечко на место и Ви е убаво заедно зошто да не се "официјализирате", секако веќе функционирате како пар. Иначе можно е од секс да се развијат чуства. Гуд лак:D
     
    На WildMk и Jasmin88 им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.236
    Допаѓања:
    205.314
    Пол:
    Женски
    Нема да се изглупираш, сериозно, нема што да изгубиш ако разговарате за тоа каде води вашава врска. Да видите барем дали сте на иста страна во поглед на иднината. Подобро е да си на чисто, ако не сакаш со него, да расчистите со време.
     
    На WildMk, _beautyy_, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  19. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Ти го живееш овој живот, ти си одховорна за сè, имаш право да знаеш кој и како има планови, а исто и ти шо планираш.

    Затоа, не биди совозач ;)
     
    На baby-star и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. TrMila2

    TrMila2 Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Не знам дали некој ќе се сети на мене. Си ја заборавив лозинката на минатиот профил зошто се немав вклучено од тогаш. Не очекував дека за толку брзо време ќе се вратам тука за совети иако признавам дека многу често ми текнуваше на вас.

    Убава работа ме врати на форумов. Од одмор се вративме тројца, изненадени сме и многу среќни. Прва бременост, малку исплашена сум и ќе ми требаат совети од искусните мајки и трудници на форумов. :$ Се префрлам сега во темите за бременост и свадба, а на останатите млади, заљубени и сите што сте во потрага по љубов ви праќам среќа. Се се случи многу брзо, go with the flow беше летово.

    Си помислив дека тогаш многу ве изгњавив и заслуживте да ве поздравам и да ви се претставам од профилов. :hug:
     
    На Waverly Raven, Ivan4e04, Martka и 13 други им се допаѓа ова.