Имам еден другар, се знаеме уште од градинка, од основно сме во исто друштво и постојано излегуваме заедно, меѓутоа никогаш не сме биле многу блиски. Во последните две-три години почна да покажува некаков интерес кон мене, почесто разговараше со мене, постојано ме закачаше, ја користеше секоја прилика да ми даде комплимент, а и многу често го фаќав како гледа во мене. Сите во друштвото се шегуваа со нас и на почетокот не му пречеше, дури и самиот тој правеше шеги на наша сметка, меѓутоа наеднаш се смени, почна да ме игнорира, да се однесува лошо кон мене, а после некое време си најде и девојка. Јас цело време имам чувства за него, уште од основно(сега сме веќе при крај со факултетот, ете толку време имам чувства) но не покажувам, бидејќи ми е страв да не бидам одбиена. Сега тој пак е сингл, меѓутоа не е заинтересиран за мене, и тоа воопшто. Проблемот е во тоа што јас не можам да го заборавам. Ако имате некои совети за тоа како да преболите некого со кого не сте биле во врска, Ве молам споделете.
А зошто не разговараш со него искрено. Кажи му слушај другари сме од градинка, се знаеме мн добро што се случи за да бидеш толку ладен спрема мене. Очигледно има некој проблем за кој јас не знам, во името на сите години што ги поминавме заедно треба да го решиме ,,проблемот,, исто би му кажала дека поинаку гледам на него и би му ја објаснила ситуацијата т.е своите чувства. Би ти кажала дека можно е тој период и он да имал некои чувства спрема тебе, али видел дека нема никаква реакција од твоја страна и патем не сакал да уништи долгогодишно пријателство се дистанцирал со намера да се олади. Разговарајте.
2-3 години ти давал знаци, ти посветувал внимание, ти давал комплименти, зборувал за -вас-, а од тебе не видел повратен одговор и едноставно he has moved on. Можеби пак ќе се појават пак некои чувствува кај него, но само ако си искрена со него.
Глупости ти по твоите мислења во секс очигледно многу имаш да кажиш @Kimberly11 можеш да правеш општ муабет како си го поминал летото, дали бил некаде на патување или одмор, па кога ќе ти каже каде можеш да прашаш како е таму дали е убаво па да си кажеш ти каде си била или каде сакаш да одиш, да зборувате за убави дестинации, случки од одмор / патувања. Прашај го што работи или што би сакал да работи, или ако е студент како се справува со факс, интересни случки од факс - стандард муабет за некој професор што ги нервира сите. Можеш да го прашаш дали има милениче - ако има побарај му слика па зборете за тоа малце или ако нема кажи си ти "јас имам / немам поради таа причина". Можеш да го прашаш каде најчесто излегува и кои кафичи или локали му се омилени. Кафе идат со друштво, дали идат во дискотеки, па од таму секако ќе се отворе некоја тема за српските пеачи што ги форсираат по дискотеки секој викенд. И така.
Немаш потреба предвреме да планираш, така ќе биде неприродно. Муабетот си тече сам по себе, од тема во тема, особено ако кликнувате и двајцата
Не зборувај многу. Чекај да видиш што ќе слушнеш прво. Инаку онака можеш да зборуваш како ти поминува денот (без да се жалиш) само да си кажеш што правиш и што сакаш да правиш. Зборувај за нешто актуелно како На китарата Васко Жабата, нешто такво.
Остави спонтано да тече муабет, да видиш дали ќе имате клик. Со смислени прашања за муабет нема да е тоа тоа.
Прво, ти немаш вистинска љубов кон таа девојка, туку заљубен си во твојата замислена идеја за неа. Ја идеализираш. Што би било кад би било ти е подсвесно. Сам кажа дека врската не ви била сериозна. Со неа имате толку за муабетње кога еднаш годишно ќе си пишете, затоа што не се гледате секој ден, а и самата твоја идеализација за неа те прави така да се понашаш и да ти е интересна. Кога ќе сватиш дека не се реални твоите ставови за неа, ќе можеш да пуштиш некој друг во твојот живот. А и не ги сили работите за нова женска, остави да си дојде спонтано. Можеби ти е пред носот, а ти не ја гледаш од што си преокупиран со твојата замислена девојка од минатото. Доколку почнеш врска со неа, може и ќе се разочараш, бидејќи сите ние кога сме заљубени во некој склони сме да ги занемариме маните на другиот и си го идеализираме. Вистинската љубов е поинаква. Всушност таа личност по која сме се занеле не постои. Штом сте се скарале значи имало нешто. Кога ќе престанеш да живееш во тоа колку таа е совршена за тебе, ќе можеш да се поврзеш со друга. И нормално, прекини си контактот со неа, па макар и да е 1 годишно.
Секоја ден се гледаме, најмногу два дена може не сме се виделе и тоа изгледа како цела вечност, а не два дена. На кафе/пијачка излегуваме два-три пати неделно зависи некогаш може и еднаш, а на вечера, ручек еднаш или двапати месечно.
Живееме заедно а за кафе секој трет ден. Вечера обично еднаш на 10 дена. Ако не се бројат домашни тејк авеј нарачки. Обично нарачуваме секој втор трет ден.
И јас сум го барала потсвесно бившиот у други додуша секогаш си викав нема манири како бившиот, не се однесува како него, односот спрема мене не му е како него - односно сама си наоѓав изговор за да не почнам со нов дечко. Се додека еден ден не седнав сама со себе да си напраам еден добар искрен муабет. А тоа е дека секој човек е посебен на свој начин. Никој не може и не треба да се биде како некој друг. Мој совет ти е да си напраиш баш искрен муабет со себе. Признај си дека може не си заљубен туку тоа што ти одговарало кај бившата го бараш во секоја една одосно истата врска што си ја доживеал сакаш да ја доживееш пак но со друг човек. Не може - било поминало. Расчисти си у глава дека било је лепо док је трајало. Дозволи си да имаш др убави врски кои и те како можат да бидат мн поубави од претходната. Како што кажав не барај еден човек во друг, нема да го најдеш. Не прај споредби зашто никогаш нема да дадеш чекор напред. И не дека девојќите ти се досадни туку ти неосетно сакаш да те потсеќа на неа, затоа ти се досадни. Анализирај си ги постапките и кога ќе прекинеш со споредба ќе биде поинаку.