Ако веќе стварно сакаш да си помогнеш вака: Запрашај се дали вреди да си го уништуваш животот за некој на кој му е се едно дали те има или нема. И после: 1. Тргни ги розевите очила преку кои ја гледаш. Фокусирај се на нејзините лоши страни и на моменти во кои те повредила. 2. Мора да прекинеш контакт, блокирај, избриши, ослободи се од работи кои те потсетуваат на неа. Раната нема да заздрави ако ја допираш. 3. Работи, излевај дружи се, биди толку зафатен, што нема да имаш слободно време да си го оптоваруваш мозокот. 4. Биди упорен, силен и дај си време нема ни да забележиш кога ќе престане да боли. И да, нема да ја заборавиш никогаш, можеби секој ден ќе ти биде на ум, ама нема да боли. На крај ќе се сеќаваш само на убавите работи. Самиот на себе можеш да си бидеш најдобар пријател и најлош непријател. Изборот е твој. Со среќа и со лесно.
Се гледаме секој ден, на кафе 2-3 пати неделно одиме а на вечера 1-2 пати месечно. 2-3 пати месечно одиме и на gaming (играме билјард, пикадо и сл.), кино (во случај да даваат добар филм) итн.
Шо сторивте гледање бе? Не ви е досадно секој ден да се гледате? Мене ме мрзи секој ден да излегувам, затоа се гледам со него два пати неделно. На кафиња и вечери не одиме често, повеќе сакам да дојде дома или јас да отидам дома му, да поминиме време заедно него ли во кафич да седнеме да не можеме на раат да се видиме.
Ние живееме заедно а искачаме на дејт еднаш на 10 дена ќе се дотераме и ќе одиме во ресторан на вечера. Во кино не одиме дома си гледаме. Понекогаш на концерти и изложби одиме но повеќе со луѓе излегуваме зошто имаме многу пријатели. Сега планираме и журки да организираме.
Заедно секој ден ми е многу. Каде наоѓате толку време, од работа немам време ни мајка ми да ја видам некогаш, не па секој ден дечкото. Сигурно сте многу млади. Ни ко млада не излегував често. Сакав време и за друштвото, не бев девојка што сака дечкото да ја гуши и да нема време за пријатели. Од учење и немав време за дечко толку. Некогаш сакаш да си одмориш, некогаш со полагање имаш многу обврски, тие ми биле на прво место. Гушење ќе ми е секој ден да се гледам со некого. Еднаш до два пати неделно се гледам во врските. Некогаш и преку 2 недели се случувало да се видиме еднаш, кога бев млада. Порано како млади повеќе излегувавме, сега повеќе по дома, излегуваме еднаш месечно негде со заеднички друштва на вечера.
Добро чим живеете заедно нормално е секој ден да се гледате Ама битно не излегувате секој ден некаде, ете сам кажа на 10 дена излегувате што е исто нормално.
Same here Не само за дечко, општо и за друштво немам време секој ден да се гледам. Си уживаш во животот
И јас никогаш не сум сакала да се гледам со дечко секоја ден, сум мислела дека е премногу, но со сегашниот дечко врската ни е поинаква. Откако првпат излеговме сме бфф , ептен кликнавме и не можеме едноставно од тогаш да функционираме разделени. Три дена во неделата заедно одиме да трчаме, ако не ни се трча одиме на пешачење во природа, на планина, секој пат си планираме нешто различно. Не седнуваме секогаш на кафе, знаеме да си земеме и кафе за носење и така да си седиме, да прошетаме, саат време да е ама во текот на денот мора да си искулираме заедно и после секој по дома се враќа на обврските. Јас моментално не работам, но имам обврски, тој работи и секогаш после работа наоѓа време и да се видиме, да поминеме време заедно, се се може ако се сака.
^+1 @Star_dust за цитираното со учење и се пишано, ме мрзи да цитирам Не живееме во ист град и во просек 1-2 во неделата или на 10 дена 1 се гледаме. Се случувало и подолго да не се видиме, зависи, некогаш сме се гледале и 3 пати неделно, не може секогаш да планираш кога како. Кога ќе се пресели во мојов град 3 пати неделно би ни било просек најверојатно, ми делува доволно. Може некогаш ако сме послободни и повеќе или обратно. Повеќе време и да сакам немам.
Во средно бевме во ист клас и секој ден се гледавме. Еден период дури ми стана премногу, се презаситивме еден од друг. После средно, се вработивме и капнати од работа намаливме гледање, страста уште повеќе се зголеми меѓу нас. Одлучивме да се гледаме на 3-4 дена, копнежот меѓу нас придонесе за подобар секс, поквалитетни дејтови и време поминато, кога знаевме дека неколку дена после тоа нема да се видиме. Одлучивме да излегуваме поретко, да не ја трошиме платата во кафичи и ресторани туку на патувања. Секој слободен викенд си правевме кратки мини одмори, кога имавме повеќе одмор плаќавме тури за разноразни прошетки низ Европа. Врската ни стана многу поубава и посериозна после средно. Сега кога ми е маж не е досадно секој ден, пола ден е на работа, обврски околу бебето, не сме си здосадиле уште.
Се гледаме 2-3 пати неделно, не можеме почесто поради обврски. Мене ми е доволно, но според мојот партнер идеално би било кога би се гледале секој ден. Сепак обврските и можностите не ни го дозволуваат тоа. Во летниот период за време на викенди најчесто одиме на мини пикник во природа. Во текот на неделата одиме на кафе, а поретко остануваме во домашна атмосфера и тогаш нарачуваме храна и гледаме некој филм.
Ви благодарам на одговорите да сепак зависи од врска до врска, обврските, возраста, далечината ние се гледаме неделно 3-4 пати максимум, некогаш 1 некогаш 2 пати. Обично преку еден ден или два, така ни е договорот. Нешто слично како што кажа @Snowflake99 да си зафалиме. Се случува и по една недела да не се видиме или пола месец, се зависи од неговата работа. Обично 1 неделно одиме на кафе а на излегување најчесто со друштво 1 во две недели. Понекогаш шетаме низ Македонија за викенди кога сме слободни или нешто како пикник, да не биде монотоно, во последно време на театар сме редовни.
Здраво, не знаев каде да пишам па се надевам дека е соодветно со оваа тема Значи вака имам другарка 15 години она оди со еден негде 18. Ама дечково е тежок сељак на пораки ја вреѓа и после и кажува дека се било на шала а она наивна и верува. Еднаш излегле и сега овој ја бутнал у ѕид и и рекол ќе мочам ако сакаш дојди После ја фатил за цицки и гз. Уште на прв дејт И другаркава му лежела у скут. Утре пак ќе излегуваат и јас ја принудувам да не излегува пошо има шанси и да ја силува. Штом уште на прв дејт ја фаќал. Ама она не сака да сфати и вика дека ја сака. А инаку со типов се знае негде година ипол и за тоа време никако да сфати