Женска, кажи и дека ќе кажеш се на нејзините. Или закани се дека полиција ќе му викнеш. Мора нешто да направиш. Ете ги пак врскиве меѓу полуматурантки и полнолетни, ќе повратам.
Знаат нејзините. Јас и со дечково имам пишувано и сум му кажала да ја остави на раат овој ми рече ,,што те интересира што сакам тоа ќе правам гледај си за тебе"
1ипол година се знаат или 1ипол година се заедно? Зар на 13ипол фатила момак? Инаку немаш многу што да направиш, штом од дома има зелено светло и таа самата сака, тогаш не е силување. Очигледно дека и годи внимание од постар, АМА ова за мене воопшто не е нормално. Имаше една членка 15 год бараше совет за 22, што направивте бе девојчиња, каде ви е младоста - т.е детството? Зар е толку многу битно во животот дечко да се фати и да имате секс, некој тренд ли е? Јас на 15 години уште имав само симпатии и моите другарки исто. Имавме споменари сите со катанче и во него си фантазиравме. "Еве дојде 2013 а ти си дечко многу фин, но извини вака не си веќе ин" "Ако мислиш дека ќе те молам нема! Веќе се е завршено, збогум дечко моето срце поради тебе нема да е скршено!" *и црвен кармин од мајка ми и пољубци на секоја страна обавезно.
1 ипол година се знаат. Девојчево е introvert. Значи никој не и пишуваше не излегуваше со никој. И сега овој на почеток и изјавувал љубов. И толку и требало
Ако некоја е изманипулирана или условемна да има секс, особено со овие години што ги имаат, тогаш тоа е силување. А очигледно не и прија ни да ја фаќа за цицки и гз, така што што сака прави дечкото. Секако дека одма и изјавувал љубов, техника love bombing се вика тоа и кој е подобра жртва од 15 годишна девојка? Јас буквално би ја врзала за да не иде. Не можам веќе да читам се нервирам.
Јас те разбирам целосно. Два дена и објаснував и на другата девојка дека не треба ништо да има со постар. Телото на 15 годишна девојка сеуште се развива, некои немаат ниту менструација. Постар дечко од нив сака само едно, секс и невиност. Многу ми е гнасно и језиво. Не ми е јасно како и дозволуваат од дома на таа возраст? Јас да сум родител би и забранил и има да го слуша мојот збор. Еден ден ќе биде благодарна за тоа.
Што знаат нејзините дека излегува со дечково или знаат за се што и направил на прв дејт што си пишала погоре? Ух како се нанервирав, по таков коментар негов одам таму кога ќе се најдат некаде со неколку батиња со мене и баш пред нив ќе му кажам ај покажи што ќе и правиш има да му се стресат гаќите и ќе ги наполни кутриот. Ваквите само се силат, ама тоа ајде небитно до толку, најбитно е неа да ја опаметиш, овој ни ја сака, ни ја почитува. И да спомнаа ете тоа се тие врски помеѓу полуматурантки и полнолетни.
Здраво, многу ќе ми значи совет од вас за ситуацијата во која се наојѓам. Се работи за момче кое го запознав во месец Мај, на работно место кое ме праќаат од време на време на замена. За време на раб цел период се дружевме како колеги, ништо посебно меѓутоа уште тогаш он ми пристапуваше со некоја порака на месенџер. Јас тој период не бев нешто многу зсинтересирана и често пати знаев само кратко да одговорам. Но пред месец дена на таа упорност решив дс му дадам шанса. Излеговме лабаво, седенка во парк, разговори на разни теми, па следеше следно излегување и тогаш прв шат имсше бакнеж. Потоа се видовме уште неколку пати и се беше убаво, бакнежи, страст, разовори со порски добра ноќ, добро утро, нормално не многу да должиме ама колку да си дадеме дознаење дека сме помислиле еден на друг. Меѓутоа последнава недела се смена се тос, откако отодовме чекор напред, бевме и интимни. Многу сум вознемирена затоа што стварно момчето ми се допаѓа, потоа не би сакала да испадне дека он со мене бил само заради тоа. Дополнително сум пробала неколку пати јас прва да иницирам контакт и тоа е океј, има фид бек ама не пристапува он прв. Друго непшто што ми падна сомнително е декс нашите седенки бес скрос лабави без некои изжегувања по кафичи и до ден денес не сме излегле така, иако на почеток беше као демек ајде ќе видиме спонтано как ќе седнеме, ама ете зсвршувавме во парк. Следно тоа што се случи меѓу нас се случи кај мене дома, пс следниот ден бев прашана од него дали сакам да дојде кај мене дома (после излегување со другар), секако не дојде беше доцна. Од тогаш натаму почнав да се сомневам дека нешто не е во ред и го прашав зошто до сега не сме излегле некаде поразлично, дали кафич, дали играње тенис, дали искачување до Водно (ова бес и така се негови предлози дури и кога јад малце му обрнував внимание). Следно што направив бидејќи гледам дека нешто не е во ред го прашав еден колега кој не ми е многу близок дали, а ни е во заеднички пријатели дали го знае и да не има случајно девојка? Одговорот беше дека најверојатно има. Го сфатив тоа малце со резерва, но чувствував потреба да го прашам. Му пишав, го прашав и ми рече дека тоа не е точно, ама веднаш штом ја виде ми звона, кажа дека не е точно и дека мислел декс се договоривме да тераме лабаво па да видиме што ќе биде. Вчера му пишав чисто да видам дали ќе мкжи врати и зс разлика од друг пат не ми врати. Можеби е лут и навреден, ама и јас таков однос немам заслужено и во мене сеуште имам немир. Не знам како се најдов во оваа ситуација, но вака неможам и не сакам да биде, плус двајцата имаме по 28 годими. Ве молам за совет, многу ќе ми значи.
она кажа дека нејзините знаат и за тоа дека ја фаќал. Јас ја знам мајка и само на име и и пишав на инстаграм но не се следиме а уште не видела.
Ти си направила се' што е потребно. Ако нејзините родители не се свесни за опасноста во оваа ситуација, не вреди ти да се мачиш бидејќи нема да успееш. Таа мисли дека ова е во ред зашто од дома така ја научиле, а нели родителите ни мислат 'најдобро'(не сите родители изгледа).
Само ќе ја натераш да прекине контакт со тебе. И после ќе е уште пострашно. Не и викај ништо, остави ја. Ако ти значи, биди тука за неа. Ако тоа те заморува, кажи и дека мора да се тргнеш затоа што не можеш да ја гледаш така. Ама ако и притребаш некогаш ќе си тука за неа. Можеш и едноставно да се тргнеш на страна скроз и прекинеш контакт. Не треба да те гриже совеста, затоа што имаш направено се што можеш.
Како прво ова не е права другарка. Никогаш вистинска другарка поготово кога сакаш да ја заштииш нема да ти каже why can't you mind your own business, а уште полошо е што за дечко станува збор кој очигледно ја третира како што не треба. Ако е вистинска другарка пред се ќе ти каже фала што се грижиш за мене, но јас сакам да пробам или не ми смета . Тргни се на страна девојче. Вакви личности што се курчат најчесто плачат на крај искористени од некое рандом ,,фраерче,, и останати без другарки поради нивниот однос спрема нив.
Дечки, бидете сериозни, се работи за 15 годишно девојче, како да не се меша? Дај сите да гледаме како нешто ќе му се случи на девојчето кога е нормално да се курчи на тие години и да (не) размислува со млад памет.