Ама не може ништо да направи. Колку повеќе и кажува зошто тој не е добар за неа, толку повеќе и тој и кажува дека она не е добра другарка. Ќе ја сврти против неа. На крај ќе престане да збори со неа и ништо не е постигнато. Знаеш колку се заслепени луѓето кога се заљубени, додај на тоа дека има 15 години. Чим и нејзините знаат, тогаш нема навистина што друго да направи, освен да чека додека самата не се свести и побара помош да избега. Иначе ова од искуство со моја другарка, кога бевме на слична возраст како членкава.
Добро бе како може дотолку да не се грижат родителите за неа Девојчето е во најранливиот период и нив им е гајле што некој глупак си поигрува со неа... Реално ние тука ништо не можеме да направиме, ниту членката што го пиша проблемот
@babygirl20 имав другарка, мава само помали дечковци пошто ни еден на наша возраст или поголем не би ја погледнал. Баш беа детски приказни, какви погледи имало, што пишувале и слично, на факс таа почна да се дружи со друга другарка и мене почна да ме избегнува пошто и велев цело време дека е како дете покрај тие помали а реално сите што ги маваше беа некои фраери кои само се фалат дека успеале со поголема од нив, другата другарка и се смееше цело време и интередно и беше да слуша детски приказни. Бевме на испит и ја приметив дека е порасположена, знаев дека е во прашање некое ново машко и ништо не ја прашав пошто веќе си има други другарки и не ме интересираше што и како прави, само знам дознав дека тој имал 15 години. После испитот излегле, дечкото ја одвел во стан и цело време пробувал нешто со неа, цело време ја фаќал а оваа исто како другарка ти верувала дека ја сака. Кога ја изнафаќал од еднаш му текнало дека неговите ке се вратат и буквално ја напудил да си оди, таа викала другар и пред зграда чекала сама, дечкото излегол само од прозор и почнал да и се смее и да ја навредува. После тоа дојде кај мене и ми плачеше зошто не сум и кажала дека постојат такви машки иако постојано и зборев. Некогаш само треба да се тргнеш на страна и сама да ја сфати лекцијата пошто кога нешто постојано збориш за нечие добро а не те слушаат воопшто, многу подобро е само да чекаш времето да покаже
Знаете што се деси со другаркава? Неле денска требаше да излезат и овие излегле и другаркава нешто поклон му носела и му го дала. И овој и го фрлил и и рекол дека неќе више ништо со нејзе и директ си кренал ја оставил сама
Со дечко ми сум заедно 2 години. На почетокот од врската без јас да кажам нешто дечкото сам престана да заследува женски да става лајкови итн итн. Е сега во последниве неколку месеци не знам што му стана. Гледам дека заследува и лајкува други женски што вака ги гледа понекогаш и не сака да каже се дури јас сама не видам. Ако му кажам нешто одма почнува ти си љубоморна преувеличуваш мене инстаграмот ништо не ми значи итн.. од друга страна никогаш го немам фатено да крие нешто, да се допишува со друга, да не го дава телефонот. Не излегува многу, почесто заедно излегуваме. Со еден збор да кажам врската одлично ни функционира ми нема дадено ниеден друг повод да се сомневам сем ова со инстаграмот. Не знам, можеби преувеличувам и јас, ама чудно ми е што наеднаш почна тоа да го прави иако вика дека ништо не му значи. А не сака да ги избрише, од принцип господинот, ми вика после ќе ме тераш сите да ги избришам. Таков карактер е општо, не сака да попушти. Стварно не знам веќе што да мислам и како да го сфатам ова, ме мачи со денови. Кое е вашето мислење во врска со ова?
Искрено мене би ми пречело. Не сакам такви несериозни работи. Што добива ако онака без никаква намера заследува и лајкува девојки? Кога веќе ништо не му значи инстаграм, а ти му значиш логично е да престане со тоа за да не се нервираш ти за глупости. Мене на ништо не ми личи кога во серизни врски лајкуваат глупости. Пробај и ти така прави да видиш дали нема да изреагира.
Последниов период сите околу мене или ке раскинат за некоја банална работа или ке се земат, штоо се случува??
Под влијание на супер полната месечина во Водолија сме сите, а во овој знак каков што е или права љубов ќе цвета или има да им се сите удри клоци на фејкерите во љубовта под итно. @Kalince1996 а да го прашаш зошто баш сега почна истото да го прави, лајкува и заследува и што му е целта што сака да ја постигне со тоа. Инаку и јас сметам може да е се супер и да нема инста активност, а ако сака пак да те изневери, ама се насетува тоа, ќе си осетиш некои промени па седнете отворено поразговарајте, вака ќе си се измачуваш само што би било кога би било. Отворен разговор и искрена комуникација, ви оди во врската продолжете, не оди чао пријатно. @НатЈ од се што си пишала ми делува дека дечково сакал само лабава дружба која ќе резултира со интимност, ако се повтори тоа супер би му дошло ако не сеедно. Еве престани да го бараш ќе видиш ако те побара пак ќе биде дали сакаш да помине до кај тебе или нема никогаш да те побара пак.
Девојки го аднав на инстаграм но уште ме нема ни прифатено а поминаа веќе неколку часа, да почекам уште малку или да ја тргнам понудата?
Жити се што ако не го гледа телефонот? Сум бил во ситуација каде по два дена не сум отварал социјални мрежи , не сум зависник од нив и многу обрврски.Немој никогаш мерило да ти биде тоа .