Ќе може ли мислење или совет? Во врска сме година дена. Веќе подолг период некои постапки од страната на партнерот ме нервираат и иритираат. До сега не сум правела муабет со него и не сум му кажала што ми смета од негова страна, а тоа е моја грешка што не реагирам... Сакам да направам муабет ама страв ми е да не се налути и да не случајно ми рече зашо сум чекала толку долго за да му кажам што и како ми смета. Колку повеќе ќутам и не се искажувам толку повише ги расправам работите сама со себе наместо да разговарам со него.Значи ми смета што кога е искочен со другари не ми дига слушалка. Освен со еден другар кога седат некаде ќе ми се јави и каже дека е со него и ја ако му ѕвонам во тој момент ќе се јави. Кога седи со други другари што ги спомнува од време на време не ми се јавува ама баш никогаш. Зошто??Мислам дека седи со женски особи за кои што никогаш не ми ги спомнал и да е така не ми ги спомнува ваљда затоа што знае дека ќе се налутам и ќе испадне проблем. Освен што ме има запознаено со 4 од нив и повеќе не ми ги спомна ниту еднаш Не сакам да седи со женски особи затоа што ми смета и не верувам на женски во близина на мој дечко затоа што се имам изгорено од другарки и разочарано, и од машки исто се имам изгорено. Во овој стекнав доверба ама некако многу како да сумљам у задње време, не знам или ја преувеличувам и сум параноична. Ме мачат овие работи. Има еден другар кога седи кај него со други другари има и 2-3 женски особи во тоа сум сигурна 100%! Пред два месеци сам ми кажа дека се собрале и пиеле, муабетеле итн...Како да го прашам за овие работи, а да не испаднам нападна или да не ме разбере погрешно??
УПМ со тие социјални мрежи ја уништија и љубовта и романтиката и приватноста. Прво ако толку не му веруваш нетреба да бидете ни секунда повеќе заедно. Само ќе се мачите. Второ чив сомнежот ти е влезен во глава ништо нема да е ко порано и да на тебе е да се преиспиташ што сакаш во животот. Ќе ти олесни ако рече еј опнав една таму? Поголемиот дел од машките не би ја направиле таа работа посебно ако ја обожаваат девојката што е со нив. Дискусијата ја имав со мојата поранешна вереница околу истото и реков да имав шанса , но не ја земав , а знаеш зошто? Не го правам она што не би сакал да ми го направат мене. Таа пукна и призна дека всушност таа имала афера со друг маж веќе некое време. Се утепав од смење ко прва реакција сметајќи дека е невкусна шега за подоцна да разберам дека е вистина и се разделивме. Што добив освен ослободувње од нејзината посесивност и љубомора ништо друго.
Леле, на крај испадна дека @Bellaa1234 има афера. Секогаш жените се препосесивни, луди и љубоморни, немој никако да го прашаш партнерот да те осигура дека се е океј и да биде искрен со тебе, особено откако излажал и е очигледно дека мати нешто. Социјалните мрежи се дел од нашиот живот и откако ги користиме, почитта меѓу партнери треба да ја има и онлајн. Точка. Изгледа за тебе и многуте мажи ко тебе доверба во врска значи женската да мижи додека вие правите што сакате, инаку мрдната ја правите.
Не ти треба таков, некултивиран. Ако нема уредено станче во фина населба, како можеш да се надеваш дека ќе те храни и згои, во животот? Кола има ли барем? Шо, Застава 101? Помисли си, како твоите другарки би постапиле во дадената ситуација? Батали како би постапиле, што би рекле, или уште полошо, помислиле? Што би рекла женската вродена интуиција за избегнување мизерија? Прави што ќе правиш, сликата од Тито да му ја земеш.
Можеби си има девојка само нема слики со неа. Штом те игнорира тргни се, не ти е местото таму безразлика што тој е ов Виница а ти си невролог.
Не бе па ти. Може да падне на Уставен. Цензура и тие работи. И колку шо знам, Фејсбук, Инстаграм, Твитер, не се забранети никаде во Европа.
Мажите се практични суштества, богови на логиката. Се смеам кога некој ќе каже дека не се умни или дека се провидни. Генијални умови имаат, програмирани според нивните потреби, директно, без киша око Крагујевца. Има моменти кога покажуваат пожртвуваност од разни причини, и тоа не ретко, но кога се заинтересирани за некого вистински, никаква пречка не гледаат пред себе. При толку приказни за невести бегалки и овозможени невозможни љубови, при никаков реален проблем да те остави на seen се знае зошто го прави тоа. Не е заинтересиран доволно, но не значи дека нема да биде. Сите сме ја читале Евгениј Онегин во средно. Со упорност маж не се убедува. Барем јас не знам таков. Со чест на исклучоци. Некој поназад пишал да не генерализирам, а јас во секој пост некои/ дел од/ со чест на исклучоци и слични изрази користам. Значи не се сите такви. Ако не делува заинтересиран, најсигурен начин да го остаиш незаинтересиран е пак да му пишеш. Не му пишувај, но објавувај си содржини нормално исто како и кога сте се додале и пред тоа.
Па добро можеби неќел врска во тој дат момент али со тек на запознавање, излегување којзнае што ќе биди..Незнам зошто излегувал со тебе ,а на прв дејт ти рекол не сакам врска кога воопшто не те ни познава нели тоа е поентата на излегување да се запознаеш да видиш дали некој ти одогвара за нешто посериозно. Не го познавам ама многу лоша постапка од негова страна, лош карактер ме асоцира на некој егоцентрист. Прашај го директно зошто ме избегаваш или што се смени? Ако е нормална личност ќе кажи. Пиши што ќе направиш
Во ред, благодарам што ми појасни. Моето прашање е - ако ти ги "срцнува" сликите тоа значи дека му се свиѓаш и дека сака нешто со тебе?
Се дискутираше на оваа тема на долго. Лајкот не мора да значи нешто,може да му се допаднала сликата и толку.
Мене еден дечко ми пиша завчера да сме се запознаеле, прво ми дојде чудно што ми пиша затоа што јас имам само една слика ставено на социјални мрежи пред можеби 5 години, и после кога си го вратив филмот ми текна дека имаше ставено слика предходниот ден пред да ми пише со бебе од крштевка, и јас му ставив лајк.. Најверојатно ми пишал затоа што му лајкнав слика а ми изгледаше 2-3 години помал.. Излеа овие новите генерации така функционираат, ако ти лајкне, или ако не ти лајкне, лајкот многу им значи..
Дечки, ќе ми треба совет, не е за мене... Се однесува за мојата најдобра другарка, како сестра ми е. Разведена е и има дете, 4 години. Речиси една година се гледа со еден дечко, кој е контрол фрик. Значи се што може и забранува, ја вреѓа и понижува. Пред некој ден кога бев кај неа тој и се јави, ја нарече курва и и се закани. За жал таа го брани на некој начин а јас се згрозив и ја прашав зошто го толерира тоа, таа не знаеше како да ми одговори. Ја гледам дека си го уништува животот покрај него од страв да не остане сама. Поради него пие таблети за смирување, и е во лоши односи со родителите. Од една страна си велам, не се мешај, да не бидеш крива, од друга не сакам и не можамда ја гледам како го уништува животот а многу ќе страдаат доколку дојде до тоа.