Кога се гледаш со некого не сте обврзани да бидете во постојан контакт или да пишува од одмор или да ти доаѓа на роденден. Се глеадте само не е врска. Може ти си го ,,напнала,, со некои твои потези за да не продолжи да се гледате не знам. Скоро 2 месеци е мн мал период да поканам некого со кого се гледам на роденден. Јас кога се гледам со некого е баш гледање. Контактираме мноогу лабаво, не очекувам да ми пишува од одмор, ниту на крај памет не ми текнува да му пишам јас кога сум на одмор. За родендени и вакви прослави но но. Голема грешка е што кога се согласувате со гледање со некого вие очекувате понашање како во врска поготово на почетокот. Не ми се јавил, не ми пишал. Врска и гледање се различни работи.
Покажи и слики од малтретирани деца и малтретирана жена, и речи и ако сакаш вакви да бидете и да му го уништиш животот на детето а и твојот продолжи да го трпиш тој насилник..
Мислиш дека не знае? Од првиот брак истото го трпеше, ама тогаш имаше подршка од нејзините, сега не верувам да има. Зборено е, најчесто или добивам одговор од типот - ама ние сме такви цело време или па молчи.
Значи неа и е океј да биде малтретирана, навикната е и затоа трпи? Тогаш немаш што да направиш тука многу..
Разговарај со неа отворено дека се грижиш за неа, зошто трпи уште еден насилник како претходниот сопруг, од каде тој непотребен страв да остане сама па трпи насилство, посоветувај ја дека треба да си се цени самата себе и нејзиното дете и да излезе од таков круг. Можеш да и предложиш да посети психолог, ќе и помогне многу, само самата треба да сака.
Пробај со неа да разговараш отворено на само, со факти и примери. Но, немој да ја притискаш многу бидејќи во таков случај кога пробуваш да помогнеш некому ќе те направат дека ти си љубоморна и може да ја загубиш. Дали девојката е во контакт со своето семејство? Дали има некој друг во животот освен детето, дане е осамена? Можеби е свесна за се, но не сака да е сама. Дане го прави ова само за детето, бидејќи за жал имам видено да им се смеат на децата со еден родител и тоа не деца туку родителите "не Марко, тргни се настрана од тоа другарче кака е тоа". Да не ме сфати некој погрешно, секако дека не го поддржувам тоа, но само давам примери во каква ситуација може да е девојката.
Јас мислам дека треба да и' посочиш да посети психолог па он/а да и' ги отвори малку очите. Секако, ако биде искрена таму и ако психологот се "погоди". Зашто вака од страна нема да те послуша, been there done that, не функционира, џабе колку и да пробуваш да допреш до нејзе.Имав другарка која што пред три години веќе беше во ваква врска, мислам дека и на форумов се зачленив баш за тоа да прашам, како да и' помогнам. Секогаш викаше нешто во стил, еве сега сме смирени, не се замарам веќе. За три дена ја гледаш пак плаче. Уште се во врска, веќе не се ни дружиме ама претпоставувам дека ништо не е сменето. Плус штом ова и' е втора ваква врска, можам да замислам дека она има нерешени психолошки проблеми кои вака и' се манифестираат, со бирање насилни мажи и останување во таква врска + оправдување...Значи стручно лице најмногу би помогнало.
Посетуваше психолог таа и и препиша антидепресиви, ама реално таа не е општо за лекови оти се случува да биде агресивна доколку ги потроши пред време а често знае на своја рака да ја зголеми дозата и да делува изгубено. Еднаш се случи да ја истури нервозата на детето и на мене. @Angie1432 Нема пари моментално, работи на црно на повик, а и кога сум и позајмувала пари за да иде на доктор, ќе ги потроши за друго. Нејзините се цимери со моите во Италија така да и да не се дружам со нејзе ниџ муабети од моите ќе дознаам што се случува. Ќе зборувам уште еднаш ако не иде, ќе баталам, се изморив. Во контакт се, во иста куќа се, само што тие се во странство сега а реално не се во ок однос, често се караат за нејзиното однесување, кренале раце од неа речиси. Инаку не е заради детето, свесна е дека тој нема да ја земе.
Штом и' препишале ад значи бил психијатар, не психолог. Нема везе, што и да е, пак не и ' помогнале за проблемов. Јас би ја советувала пак да проба кај друг, ако не иде не се трудам веќе. Зашто она ако не сака да воочи дека нешто не е во ред ти можеш и на глава да и' се качиш пак нема да сака да си помогне.
@bicycle Мислам дека девојката има многу голем проблем не само што трпи насилник повторно, туку и самата станува насилна, па и злоупотребата на лекови. Некој сериозно треба да се потруди да и помогне зошто ова не е наивно, не само она и детето покрај неа ќе страда. Има родители нека се заангажираат посериозно и треба внимание од блиските и добар психолог или психијатар.
@bicycle спомни ѝ го случајот со типот шо ја претепа до смрт жената во Неготино, па дали сака детето да ѝ расте со мајка или без. Иако, ако она веќе посетувала психијатар, и ова ѝ е втора ваква насилна врска, тешко дека ќе смени мајндсет. Некогаш самите бираме да сме деструктивни врз нашите животи.
@bicycle , на твојата другарка дефинитивно и` е потребна помош затоа што со ова однесување не станува опасна само по себе си, туку и по детето. Што ако дечково посегне по нив? Што ако нејзината нестабилност дојде до степен бившиот да може да го користи како момент да и` се заканува и уценува? Да рече, еве додека бевме земени јас ако сум бил проблемот, што е сега работата? Најглуп пример и не велам дека би бил во право, но сум била сведок на какви се` не манипулации се спремни луѓе, не директно, Спојлер фала Богу, јас сум една од тие среќници на кои разводот им бил поздрав од бракот. Треба да е свесна дека има дете и дека неговата безбедност е на прво место. Секако дека треба да има живот, секако дека треба да има партнер, но прво обавезно самата мора да се среди, да разговара за состојбата. Се` додека не научи некои работи за себе си, животот ќе и` праќа мажи ништо поразлични од овие 2. Оти се` додека не научиме од грешките, ги повторуваме. Нека и ` дојде умот пред да биде предоцна. @Elizabetatreta , искрено јас кога ќе сум била излезена со друго друштво и ќе најавам, не сум се јавувала доколку нема потреба. И сум очекувала и тој да не ми се јавува како што ни јас не сум го барала кога е без мене излезен. Не-кревање слушалка би ми пречело искрено и отворено би си кажала уз убав муабет што ми пречело и зашто, без обвинување. Поарно со убаво да се каже и среди отколку од држење во себе да испукаш и чоекот да се чуди што ти е. Не можеме ние да бидеме одговорни за туѓо присуство/ отсуство на совест кај луѓе . Разбирам те изгореле, ама ти не можеш да превоспиташ. Да веруваш, но и да проверуваш, но никако деструктивно. И најопасно нешто е да се кодираш со овој шаблон ,,и овој ист ќе биде ". Оти додека веруваш во тоа, стварно исти ќе бидат. Оти твоите мисли привлекуваат такви модели. Така е. Како за манијачење други изговор е сега е дигитално време, така и за ова важи.
okej i toa e moznost fala tii no i da e bilo taka e mozel da kaze vo sekoj moment ne mi se dopaga ova ili zabavi inaku kako bi znaela jas? so taa postapka sakav da dadam do znaenje deka mi se dopaga inaku zosto bi se gledala so nekoj radi reda lii plus rece ke razgovarame i izlaza mozese da kaze nee ne sakam jas sakav da resime shto e problem vaka ne znaev kako da postapam i mi e na misla ne znam kako bi izgledalo ako mu pisam pak... plus ne sakam da sum so nekoj tolku mnogu labavo jass
Јас би те советувала да напрвиш што можеш па кој ќе страда нека страда, на девојка од улица би помогнала да видам насилство камоли на блиска. Може звучи сурово ама мое искуство: Една пријателка се сплетка со еден икомплексиран насилник трпеше секојдневна тортура, физичка, психичка,беше сексуалоно злоставувана од негова страна доколку облечеше нешто попровактивно итн..Зборував,спомнував секакви случки ништо не палеше, Еднаш без да знае дури спиеше и ја сликав модринката на бут, на рака и на ребра и сликите ги пратив кај татко и,мајка и (разведени се) И ИМ КАЖАВ СЕ. Незнам што се случи понатака, не ми прозборе повеќе никогаш, можеби згрешив,изреагирав имплусивно ама најбитно мие што сега е во среќен брак со предобро дете и две прекрасни дечиња Така да јас би кажала се па што сака нека биде само нека ја тргни некој зашто таа очигледно влечи некои трауми, има проблем и колку и да зборуваш неможи да размислува рационално
За жал некои луѓе бегаат од разговор т.е решавање на проблемот. Полесно им е да избегат од колку да седнат и да разговарат. За во иднина да бидеш на чисто а притоа да си се заштитиш самата себе, од почеток договорете се како ќе функционирате.
Дечки, завршив работа и ве послушав, следната недела закажа за психолог, пред мене и друга другарка, на која и кажав како стојат работите, ви благодарам. Туку, сега ќе пишам повторно за мене. Пред некој период пишав да дадам шанса на дечково... Ете, се видовме, дадов шанса дека ми се чинеше дека се променил. Од мил и нежен и внимателен се претвори во груб и насилен. Имено ме покани да отидеме на одмор, при што прифатив зошто имав доволно финансии, сама да си платам, да не чекам од него да ми плаќа и купува работи затоа што поинаку е кога имаш пари во себе. Но искрснаа други работи. Во ноември дома имавме пожар, татко ми се опериса од срце и не може премногу да работи па дојдоа летово договорените мајстори и парите наменети за одмор решив да ги дадам за спратот. Дечково почна да ме напнува за одмор, иако му реков низ еден муабет не ме чекај искрсна нешто замини со другарите, работата е таква и таква што не можам да заминам, тој се лутеше па се извинуваше и продолжуваше да напнува, притисокот не можев да го издржам и морав да му кажам лага за која не се гордеам, тој сфати дека се работи за лага и ме нападна, навреди и блокна. Такви работи ми кажа што уште ме боли душата, ова вчера се случи. Не се гордеам со тоа што го излажав но веќе не гледав начин како да го натерам да не ме чека. Додека јас дома се нервирам од неговите реакции, тој си ужива со друштвото и којзнае какви работи зборува за мене. Го блокирав и јас, променив и број и деактивирав социјални мрежи. Чувствувам вина за лагата, но еве, бидна.. Сакав да дадам шанса за да не се измачувам подоцна шѕо би било кога би било...
Мене ме напнуваше мојата за одмор јас не сакам да одам на одмор и да патувам бидејќи не ми вреди за тие пари патувањето. Повеќе ми прави задоволство слободни денови во мојот град. И што направив...запнала таа да одиме некаде нон стоп а мене не ми вреди тоа за парите. Убав лаптоп ми прави 10 пати поголем ќеиф од Занзибар например. И викам се упишав на една меѓународна програма за која мора 5-6 годишно да одам на пат на трошок на други. И сега јас нема да плаќам за пат а таа може да дојде со мене на нејзин трошок за карта а може да спие со мене во хотелот. И таа патува и јас не трошам за тоа што не сакам. Не мислам да се замарам со програмата се запишав само поради бесплатни патувања. И волкот сит и овците на број.