Не е работата дали да биде или не ок. Некој не може да си дозволи, друг има други приоритети и не гледа задоволство во одење на одмор, мене веќе бившиот ми се налути затоа што морав да го излажам иако ми ја знаеше ситуацијата. Што е поентатата со форсирањето?
Твојот случај не е ист со неговиот. Твојот запнал, не си можела си кажала дека не можиш овај пат (фер), се испонашал ко идиот, си се спасила и покрај шо го излажа и ти. Loslassen има поинаков проблем. Програмата ќе заврши кога-тогаш, после пак проблеми, не го решил проблемот само го одложил. Едно решение е ако Занзибар е 1000 евра, и Епл лаптоп 1000, да се најдат на пола пат, Кушадаси и Леново (лупам). Ама како им одговара така, зато прашав дали и таа се сложи. Ако се сложи, убав помин кај и да шетаат.
Да, јасно, само сепак форсирање и напнување не е ок, треба од старт да сфатиш дека некој не сака или не може. Се надевам дека и тие ќе најдат решение и компромис.
Тоа и го правиме и одиме на ефтини одмори. Програмата трае 4 години. Тоа е долго време. Сега може да одиме подалечни дестинации а јас да имам пари за тоа што сакам.
Каква е таа програма што 4 години ти плаќаат да патуваш низ светот а не даваш ни 2 денара? А притоа да немаш обврски и да не се замараш за програмата?
Мене нешто не ми мириса убаво тука ама не можам точно да сфатам што. Значи ти сакаш да патуваш но си малце... скржав?
Јас си седам во хотел дневно време таа шета навечер сме заедно. Плус и намерно зема карта со плус неколку дена да останам. Функционира одлично. Јас не се замарам со состаноците многу зошто одам ради неа не ради работата. А можам да најдам конгреси и други патувања на туѓа сметка. И така се шетаме.
Сакам да трошам на друго повеќе. Едноставно не ми вреди патување за парите. Не ме нервира ама не ми ни значи други работи повеќе ми значат и вредат.
Ми смрди на лажење верувај не сме глупави, иако сме помлади. Никој, ама баш апсолутно никој нема никаде да те прати низ светот без да платиш ништо, а да седиш во хотел. Обично тие таквите програми се деловни, за комерција и одење по состаноци кои тераат по 6-7 саати. И таму нема одмор, само преспивање во ниско-буџетни мотели и хотели, одење на состанок и назад за МК. Не сме толку прости де, да е така на сите ќе ни плаќаа да патуваме, а за возврат да не даваме ништо.
И јас знам едни што цело време така идат по одмори и прошетки, преку работа или преку луѓе од работа на мажот, бесплатно. Постои, само што примеров јас што го знам е малку поразличен од на членот што го опишува.
Не за тебе, за програмата бараме. Што има лошо ако ни објасниш па може некој од тука има квалификации што се бараат и може да успее да биде примен во програмата.
Dokolku nemam stabilna rabota i se sho si odi po red okolu toa, jas ne bo frlal pari na skapo patuvanje.