Да не го знаев членов од другите теми, ќе поверував ама дечково константно зборува за некои вакви ствари, а никогаш, никогаш не открива ниту еден детал. Сигурно во име на „приватност“. Пример: Јас од овде го памтам.
2000 евра месечно? Колку што знам толку никоја струка овде во Мк не е платена. Програмирањето е околу 70 илјади не иде до толку Примиер да не е Ама и они не зимат толку Ама најважно од се дечково не кажува што студирал. Ама се фали дека било со врски
Оф топик е темава, ама, програмери, а и многу други професии, во добри фирми, се заработува многу повеќе отколку што заработува премиерот. Ако збориме за платата на премиерот де, не тоа на страна
Го сакам дечкото во поштенско сандаче, не мора да шетаме момаку, ти - Богу на хонорарните работи од по 2000-6000 евра.
Абе машала, убаво е да си заработуваш. Ама сега и јас сакам да го запишам тој факултет, а он не сака да каже кој факс е. Исто сакам на таа програма да идам со патувања, ама ќути дечково. Па мајката.
Жените мислат дека јас ја зафркавам и не сакам да трошам. Мажите мислат дека ме е.е во здрав памет. Рашомон... Јас сум среќен бидејќи имам пари за работи што ги сакам повеќе таа е среќна што има друштво за патување. Така да... Lass los
Јас па не знам од толку работа од која глава не крена, кај најде време за програма со патувања. И, како тоа жената сама си шета, он у хотел дреме, не сака ли да го види местото каде престојува и да изгради спомени со сопругата?? Нели сака да шета во местото во кое престојува. Or am I missing something?
Обично седам 5-6 сати дневно на состаноци 2 дена после остануваме уште 2-3 дена бонус само за шетање во пракса не сум со неа 12 саати во 4 дена. На неа не и смета мене не ми значи шетањето толку многу а и работа завршувам. Таа половина од 2 дена е сама дневно време, навечер сме заедно и уште 2-3 дена цели. На неа не и смета 2 дена по 5-6 сати сама да се шета тоа е цената која мора да ја плати за често да одиме на пат.
Инаку клучот за да имаш време за се е да не гледаш филмови, серии, телевизија, фејсбук, инста, да не читаш вести, играш игри и да не слушаш музика додека работиш. Барем мене тоа ми делува.