Премногу агресивно и нападно од твоја страна, не знам како си очекувала поинаква реакција. Си можела само со смирен тон да му кажиш дека ти пречи тоа што лајкнува и заследува непознати и да престани да го прави тоа. Доволно би било.
Многу е глуп твојов. Ако му се гледа нека гледа порно ако му се секса со друга нека те откачи. Недоквакано се филма дека може со повеќе. Тоа тешко. Глуп е само.
Патувања никогаш никој не ми платил и настојувам да си платам за себе. И тоа мислам дека ќе остане се додека не се омажам. А за вечери/кафиња најчесто е он еднаш ќе плати, следен пат јас ќе платам, наизменично.
Да. Освен ако некој нема некој повод да части некој. Или некогаш ако ете некој така онака од ќејф сака да плати цела сметка, следниот пат ќе плати другиот и така функционираме со години. Најубаво ми е вака, да си платам мојот дел и да сум си раат, нејќам друг да ми плаќа. Дефинитивно чиста сметка - долга љубов.
Инсистирав 90% од времето се за себе да си плаќам сама во сите врски. Најубаво поминаа во животот користачките. Вечно што немаа пари за одмор, тој да им плати се, скапи поклони, скапи вечери, се изнашетаа и искористија се додека јас сама создавав за себе да имам. Не знам и каде ги наоѓаа се такви да ги вртат околу мал прст и да ги финансираат за се, јас најчесто тапчовци наоѓав што немаат ни за себе, не па за мене. Од скромноста и поштеноста освен што мирна глава ќе имаш на перница кога ќе си легнеш друго ништо не се добива. Некогаш и совеста е најскапото нешто...
Во врска да, секое плаќање беше еднакво. Еднаш само викенд патување цело тој го плати, потоа му надоместив така што му купив поскап часовник што одамна го сакаше, слична сума колку престојот во хотелот. Во брак сега заеднички ни се финансиите, поинаку е. Во врска не сакав тој да ми плаќа се, двајцата бевме млади и слични финансии имавме, не сакав да го трошам.
Незгодно е. Од моите после 18 не чекав пари, не па од некого со кого сум во врска да ми плаќа се. Мене ми прави неубаво чувство, како за пари да сум со некого. Врска е, може да се раскине, после да слушав муабети сум го користела, ми плаќал се. Брак е друго, тука се е заедничко. Најубаво е да си независен и ни од дечко, ни од родители да не чекаш. Тоа секогаш ми било во мисли, исто и ќерка ми ќе ја учам, да не чека од ниеден маж, што сака да си јаде, купи, сама да си го плати. Помина старински менталитет кога мажите за да ги раководат жените се им плаќале и жените седеле дома. Во странство одамна беше вака, само на Балканот уште се чека мажот да плаќа се, уште тој старински менталитет од турско ропство останал. Кај младите веќе помина тоа, независни се жените, не е веќе мажот доминантен. Тоа па нејќам жена да ми плати ништо ми е red flag, глумење некој мачо мен и покажување доминација. Зошто да не плати, еднакви сме сите. Зошто ниеден маж не прашал женска му дали да му плати одмор или излегувањата, само жени прашуваат и имаат очекувања од мажите. 21 век е, да мрднеме малку од доминацијата на мажите. И жените и мажите работат, нема зошто да се чека се на едниот.
Обично наизменично плаќавме- јас кафе, партнерот храна, па обратно. Кога одевме на поскапа вечера, делевме пола. Мислам дека патување се подразбира 50/50 да е.
Е готово, веќе го избришав мислењето оти знаев ќе има коментари . Искрено, мм е таков тој и ден денес не пропушта повод за подароци шетање, зошто да не кога тој така сака и му се може? Јас па секако син ми ќе го учам никогаш да не дозволи некој кафе да му плаќа. Ова за ручеци и кафе, заедно патуваме од кога сме во брак. Без да се вреѓате молам
Нема да те вреѓам, но тогаш и женските да ги учиме никој да не им плаќа. Сите сме еднакви, сите работиме, платите се исти за сите, поминаа поделби на мажи и жени. Најдобро секој да си е независен.
Не мене да ме вреѓаш, не се разбравме туку да не се навредаат остатите девојки. Патем и јас работам си имам убава плата се мое. И од секогаш заедно работевме но ете тој си има таков карактер. Тоа е @cooll Искрено шо знам, да се цепидлачи се да се дели со цент ама ич па подобро во парк би шетале туку така.. А вака и кусур си делите?
Што е смешно? Што не чекаат девојките веќе да зависат од мажите? Во едни теми се бориме за независност, во други ама како тоа да не плаќа машкото.
Почитувам плаќање од страна на машкото само за прв дејт, ако е инициран од негова страна секако. Тоа ми е ептен битен гест и без него едноставно пиши пропало. Јас се разочарав од еден така, не се ни понуди да плати а тој ме покани. Океј, пола пола, ама изгубив ќеф, излеговме уште неколку пати секако поделени сметките (чак и незгодно ми падна од тоа колку ситничареше) и на крај оладив од него. А за сите наредни излегувања или патувања преферирам секогаш да плаќаме упола, или пак тој части еднаш, нареден пат јас и така.
Не зависам. Пред да се земеме повеќе пари вложив за станот од својата цела заштеда отколку тој што имаше, но во брак сме, се е заедничко, нема твое и мое. Сега онлајн заработувам и повеќе од него. Сите финансии ни се заеднички, дете не се чува само од една плата.