@Snowflake99 Мислам дека може да се препознае меѓу џентлмен и некој што сака финансиски да те контролира. Не знам зошто толку трагично сфаќаш маж да плаќа за повеќе работи, не велам дека тоа треба да е нормата, ама секоја врска си е за себе. Ако некој цело време сака да ти плаќа вечери не значи дека си зависна од него или дека автоматски жената ќе го прашува и чизми да и купи.
Ете 60/40 нека биде. Мажот е тој кој што треба да вложува повеќе финансии во врската. Зборувам за зрели врски, не тинејџерски.
Ама некој може да ме збори дека сум спонзоруша макар јас се да му нему плаќам. Не зависам од туѓо мислење за моја врска, ко прво. Ко второ, далеку е тоа што го опишавме од спонзоруша, едноставно врска е, заедништво, убави гести. Ко трето, што имаш против спонзоруши?
Да, си делевме. Млади бевме, секој денар ни беше важен, не одев со син на премиерот па да имаме пари да се расфрламе и частиме. Дури и да беше некој богат, никогаш не би дозволила некој се да ми плаќа и уште да се фалам со тоа. Со околу 20 илјади плата во тие години нормално дека секој денар ми беше важен, штедевме за стан и други потреби. И не треба мажот повеќе да вложува. После ќе читаме снаи што викаат одат кај мажот и нивна припадност дека се. Ослободете се од старинскиве сфаќања. Уште финансии требало да вложува во врските. Боже, што не ќе прочитам.
Ама чек, и јас реков во првиот пост, убаво е да се подели но не баш до цент! Извини но ваков ама ич не би земала за маж, да престанам од х причини да работам би ми кажал "Не можам јас да те хранам.." од искуство на блиски..
Како не. Домаќин човек е, секогаш има на страна и за фамилијата, мене побитно ми е ваков да е и чесно да си плати за своето толку колку што има отколку да се расфрла и сите да ги части за да се покаже кој е и што е, па со празен џеб дома да се врати, сите пари да се трошат по кафани. Нас одлично ни беше во врската, со финансии си немавме проблем.
Не трескајте глупости. Едноставно е, бидете сите независни и не учете млади девојки да зависат од мажите и да нормализираме дека треба се мажот да плаќа. Толку е просто, нема што да се влече дискусијата, па уште да се смее за девојки што сами си плаќаат се свое и не чекаат од мажите. Само на Балканот може вакво нешто да прочиташ.
Зошто да не е 50-50 и еднакво? Зошто мора мажот повеќе да учествува во плаќањата? Не знаев дека има разлика, на работните места колку што земаа мажи на иста позиција толку земаме и ние жените. Зошто да се понижуваме и да чекаме за едно кафе од 100 денари да ни го плаќаат? Круната ви паѓа ако си ги делите сметките? После се смеете и напаѓате машки членови кога доаѓаат во темата и викаат зошто се сиромашни и немале многу пари, кола не ги сакале женските. Демек не било до парите, а тука друг муабет, мажот морало повеќе да вложува, значи ако нема пари, нема ни шанси кај женските. Во друга тема се бориме да сме еднакви со мажите, да не доминираат, тука друг муабет. Трагедија, какво време дошло, само за пари да се гледа. @Srckata28 ова не е потценување и смеење за тие што пишавме 50-50 дека е? Да, strong independent women сум и ќе се гордеам со тоа. Нека се смее на форум кој колку сака, во странство на вакви ваши сфаќања ќе се смеат.
Треба да ми плати затоа што јас вложувам повеќе пари за шминка, облека и сето тоа што е потребно за да се дотерам. Мажите што прават? Облакаат две работи и готово. Спојлер Инаку ако збориме озбилно, глупаво ми е да чекам цело време да ми е сѐ платено. Само онака кога одам на прв дејт со некого ми е убав гест да речам.
Се согласувам со тебе. Не мислам дека се треба да биде 50/50 до денар. Нема да пропадне светот ако плати еднашка.Така правев со другарка во 8-мо да не си останеме должни
Ако некоја сака маж што ќе и плаќа кафе, тоа си е нејзин стандард и точка. Но, повеќето од нас верувам дека немаме проблем ние да си платиме, партнерите нудат. Па не знам како она го има кажано, јас не осеќам дека сум strong independent woman ако си плаќам се сама во врска. Померак ми е јас ако сум при пари и да кажам еве јас ќе платам, частам.
Сметам дека не треба женската секогаш да плаќа. И никогаш не би можела да бидам во 50/50 врска. Но секако, секој си знае најдобро за себе и ако 50/50 врска ти причинува задоволство, односно да плаќате пола/пола со маж ти, продолжи да правиш како што ти е убаво. Немам ништо против.
А, зошто мора баш некој да части? Неспособна е другата страна да си плати? Зошто некој да плаќа се? Можеби некој изел/испил повеќе, другиот зошто да му плаќа и за тој дел освен ако не е роденден, прослава некоја? Најдобро е секој своето да си го плати.
Е ова е веќе ситничарење, немам намера да замерувам колку се пие и јаде. Тоа ми е партнер за кој имам чувства, секако дека ми е мерак да платам некогаш. Јас кога бев во врска, бившиот едно време беше без работа и јас повеќе плаќав. Нема сигурно без храна да го оставам во тек на 12 саати кога се гледавме, а немаше да си купи. Не е до неспособност, убаво е. Некоја жена сака да се чувствува чувано. Јас ем се чувствував чувано, ем чував. Пошто таква врска сакам. Како што реков, не ми причинува некаква гордост тоа да не плаќам, силна женска сум на други начини.