Со мала плата и те како ќе занемуваруваш. Во државава пола едвај крај со крај врзуваат, пари за луксузи и расфрлање се немаат. Само да речеме сум штедлива и секогаш сум гледала да ги користам парите разумно. Ние со маж ми пица ќе си порачавме и дома ќе си седевме или ќе готвевме сами ако не сме биле при пари за шетање или уште малку плата останала. По пола ќе си ја платевме пицата или еден ќе купеше сок, друг ќе донесеше нешто друго, најубави дејтови ни биле, битно да сме заедно. Колку имавме, толку сме вложувале еднакво. Во врската треба еднакво да се вложува, љубов да се има и се ќе се е доволно, а не да се чека кој кога ќе частел, да се премерува кој финансии ќе вложувал повеќе. Тоа е љубов, а не гледање се низ пари и чекање машко да части. Ако го сакаш, нема да ти е грижа колку финансии вложувал.
Да не се повторуваме погоре некоја членка пиша зошто така останало од турското, да се знае кој е главен, кој е маж, испод част и понижење ако женско плати, па исмејување… простотијата е голема ако син ти го учиш никогаш да не дозволи некој да му плаќа ондак ќерка ти што ќе ја учиш? Стално да и плаќаат?
На прв дејт не ми е толку битно машкото да плати колку што ми е битно да се понуди, а јас секако си вадам пари за мене. По тоа се гледа дали е шупак или не. Ако неќе едно кафе од 70 ден да ти плати тури му клоцата. Еднаш излегов со еден лик и ми вика ќе речев јас да платам ама реално мене ми одговара се да е по пола , или ако идеме со твоја кола некаде ќе ти дадам пари за бензин (не ме виде више). Не, не сме спонзоруши само убав е гестот. Во врска според мене треба некогаш да почасти дечкото, некогаш девојката ако имаат некој повод или едноставно сметката се дели. Кога се оди на одмор сметам дека најдобро би било по пола да се плаќа пример смештај, или ако се седне на ручек.Никој не е должен некого да финансира ама тоа се некои ситници што многу кажуваат за човек каков е. Првиот впечаток е многу битен.
Истото важи и за девојката. Битно е на прв дејт да се понуди да плати. Прав маж секако нема да прифати, но тоа што е спремна и инсистира да си го подмири својот дел е многу битен гест кој кажува за личноста. Ако само седи, и очекува машкото да плати, е едно црвено знаменце, малечко, ама доволно кажува за неа. Инаку не поднесувам ситничари кои делат до денарче, па кусури, ситни парички летаат тука пред келнерот... Не ги можам и оние кои се чекаат на машкото, демек затоа што е машко, мора да плаќа цело време. Не мора. Нема полошо нешто од луѓе кои материјално сакаат да користат. Обожавам кога се има некој баланс. Некогаш едниот ќе плати, следниот пат другиот, и така. Без пребројување до последен денар, но без паѓање на цел финансиски товар на едната страна. Частење по повод, или од кеиф е исто така во ред, тоа е плус. Ако се работи за поголема сума на пари, секако ќе се дели. Освен, ако повторно не е по повод или од кеиф се сака да се почасти.
Баш за плаќањево сакав пред некој ден во СДК да пишам. Гледав кратко видео, интервју со 50Cent, го прашуваат кој треба да плати на прв состанок. Додека сме тупеле вака на оваа тема, дека машкото мора да плати, мене никогаш не ми текнало на ова, што тој го кажа во интервјуто: Плаќа тој чија идеја било да се излезе на состанок. И мислам дека е тоа најправилно. Ако ти го поканиш да излезете, логично е ти да си платиш, не да чекаш тој да плати. И обратно. Мене не ми е воопшто проблем јас да платам и за одмор, ако јас сум таа што сака и предлага да одиме. За плаќање ич не цепидлачам и не се замарам кој платил. Давам пари кога треба и не водам сметка кој платил повеќе, дали некој е нешто должен кон другиот и такви глупости.
Добро утро на сите! Изгледа судбина ми било да се зачленам на форумов сабајлечки,од кога утрово пак се разбудив со силно тропање на срцето во вратот и по сонот што го имав.. Вака, јас сум една девојка што животот не баш ја разгали, но од кога ме екна од земја сакам да побарам рака овде, знам дека ќе се најде помош. Растев во убава средина, имав пријатели имав родители, и по некој роднина. Уште од кога знам за себе, од многу мала возраст имав симпатија со кој што заедно бевме во забавиште,прво одделение, се до 5то додека се префрли во друго училиште. Заедно седевме,на се што постоеше вклучувајки ги и неговите им кажуваше дека ме сака, едноставно цветавме еден покрај друг, но тој се префрли а јас во тие моменти кога бев на неполни веќе 12-13 ја закопав мајка ми од тешка болест, изгубив некои пријатели, потоа имав закоп и на татко ми кој што почина од карцином,не знаев каде сум, заглавив во лоши друштва, имав многу сплетови, и судбината (делумно по моја вина) ме заглави во токсична врска од која што едвај излегов,но за сето ова време со поддршка на дедо ми, баба ми јас успеав да се образувам, да завршам факултет, да магистрирам, и по сите тие години судбината направи да се сретнам најслучајно еден ден на автобуска постојка со симпатијава, кој што беше збунет, исто и јас, но не знаевме како до разговор бидејќи е повлечен, сингл е цел живот, и од тој момент јас пак вратив некој чувства кој што не биле ни згаснати, инаку што е нај интересно имаме исти интереси, музика, сличности, дури и познаници.. Го најдов на фб, но не го користи многу, се плашам да имам контакт бидејќи не знам како ке реагира, дали би имало шанса, ми е страв бидејќи бившиот ми е психопат и се има со сите негови пријатели искарано,цело време му ги гледам сликите и се сеќавам кога одевме еден кај друг, кога му светеа очите каде и да се видевме, кога едноставно сите ја осеќаа таа хемија. Се осеќам скршено, не знам како да го освојам, едноставно секоја ноќ се будам во сред сон, знам дека мора да има начин да се споиме, бидејќи е човек со огромна емпатија,љубов, знам дека вреди, знам дека би биле совршен пар Момци, девојки, секој совет е добредојден, се надевам дека ќе најдеме некое решение Ви посакувам убав ден на сите, и неизмерно среќа!
@auslader пробај девојко, контактирај го, ништо не губиш. Можеш само да добиеш, по тоа што го опиша мислам дека би му било мило. Околу бившиот, нема што да се плашиш. Гледај ти да бидеш среќна.
Пробај, пиши, додади. И самата рече дека е повлечен, а верувам дека и тој се' уште има жарчиња за тебе, ништо не можеш да изгубиш а и еден е животот, сама ако не си го направиш да бидеш среќна, ништо. Бившиот, заборави го, ако ти додева и во полиција пријави го, ама ти пробај со дечково. Се надевам на среќен крај, пошто мразам тажни приказни и очекувам update.
Нема зошто да се палшиш. Ако е повлечен тип секако дека би требало ти да го направиш првиот чекор. Ако фб ти е единствениот контакт со него тогаш пиши му. Штом викаш дека имате исти интереси тогаш би имале и многу теми за муабет. Види во кој правец ќе се одвива текот на муабетот на фб, па потоа покани го да излезете на кафе. Со среќа
Доколку му се пријателки, славни личности, активисти итн.. Во ред и јас следам и лајкнувам. Доколку се работи за рандом чупенца во истиот момент би го шутнала. Знаеш какви џенталмени и прави господини постојат што не ни се замараат со социјали мрежи и што ќе те третираат како заслужуваш? Не заглавувај со не едуцирано муле. Јас имав еден ваков порано лајк маваше кај малолетни чупенца дококу носеа кратки пантолончиња или се сликаа на плажа, девојчиња уште не оформени, а тој 30 годишно магаре. Многу пари за психо терапија ќе си зачував доколку го откачев истата секунда.
Како би постапиле доколку сте во врска со човек што многу го сакате, а различни сте како небо и земја. Свесни сте за неговите маани и знаете дека можете подобро од него, меѓутоа љубовта заслепува. Родителите се против врската и не го одобруваат вашиот избор.
Јас ќе ти кажам нешто Не мора да ме послушаш. Многу се каам што не ги слушав родителите на време, исто и другарките. Да ги слушав, поинаку ќе беше. Не знам зошто се против врската, но сигурно постои причина. Љубовта е слепа, срцето те прави будала, разумот ретко го слушаме во вакви ситуации а би требало. Лично јас не би останала, ама тоа сум јас. Сите имаме маани, ако тие маани ме повредуваат, ќе си заминам.
Za zal, ogromen del od maskata populacija e kako bivsiot tvoj sto veke nema ni sto da se prezemi, ubeduvaat deka se vo pravo,manipuliraat, te pravat magare bukvalno. Ne znam dali jas imam narusena doverba do tolku vo maskiot rod ili e drugo vo prasanje... A vie koj ne gledate tuka problem vi blazesvam
Сигурно има многу добра причина чим родителите се против. Размисли за неговите маани, љубовта е слепа ама разумот нека ти ги отвори очите