@bicycle @elimkd благодарам на советите, во право сте. Претходно имавме раскинувано, ама едноставно не можам без него. Според мене љубовта е најважна и ако има љубов ќе се надминат сите препреки, или тоа е само бајка? Што ако раскинам и на крај се омажам со некој што не го сакам туку ми е само навика. Зарем тоа е живот? Родителите за него знаат само основни податоци (име, каде живее, образование и работа) од ова не се задоволни. Само јас ги знам мааните и досега ги немам споделено ниту со другарка ниту со родителите. Доколку знаат како стојат работите тогаш би имале причина зошто да бидат против врската....
Батали љубов онаму кај што има препреки, знам дека е лесно да се каже. Размислував на ист начин ко тебе - леле како без него, што ќе правам бла бла. Пред некој ден раскинав со личност која многу ја сакав, знаеш зошто? Затоа што решив да се ставам на прво место. Да, боли ама ќе помине, верувај. И те молам, слушај ги родителите, посебно па мааните... Дали мислиш дека вреди да се бориш? Дали мислиш дека би имала иднина со него со такви маани кои ги зборуваш?
Животот е пред тебе, ќе најдеш некој покрај кого ќе бидеш среќна и ќе го сакаш со сите маани и доблести, немој да те залажува љубота која на крај ќе заврши со омраза
Претпоставувам дека си сеуште тинејџерка, во тие години мислиме дека знаеме што правиме и дека љубовта е доволна и најважна од се за да успее една врска. Не значи дека родителите се секогаш во право има и ситуации кога не се, но знаат да препознаат кога некој не е добар за нивното дете. Мајка ми, без да и кажам секогаш знаела кој дечко е ок, а кој не, само никогаш не инсистирале да прекинам, на крај секогаш сама сум сфаќала, ми дозволувале да згрешам. Мислам дека со текот на времето самата ќе увидиш дали дечкото е за тебе или не.
Дали разликите прават да има често недоразбирања, расправии, лоши чувства? Ако да, тогаш, за жал, не може преку тоа. Ако не е дотолку, може да има шанса.
Послушај ги родителите и без да знаат многу за него добро го процениле дека не е за тебе. А и сама си свесна дека има маани и сте премногу различни. Џабе е љубовта, не си го губи времето со погрешен, за да не си го искомплицираш за џабе животот.
@Bitter-Sweet нема често расправии. Има почитување, разбирање, толеранција и слога. Ми ги исполнува сите хирови. Ме чува како капка вода на дланката. Има маани кои во врска може да се истолерираат, ама во брак би биле проблем. Ви благодарам на сите за мислењата и советите.
Не е љубовен проблем, ама не знам како да му кажам дека треба малку да ослабне а да не се навреди.. Што убав беше слаб на почеток, а сега меше пуштил, и дури и цициња има, не знам како да му кажам дека треба да ослабне, да не се навреди, само јаде мрсно и нездраво по цел ден со изговор дека нема време за ништо.
Што би советувала личност доколку ти се отвори за својата врска и ти ги наброи истите маани што ги има твојот партнер? Ако одговорот би ти бил да се прекине врската, без разлика на љубовта, тогаш тоа би важело и за твојот случај. Не е лесно, но е правилно. Јас мислев дека имам совршена врска, додека не почнав да барам совет за "ситни" ствари. Кога чув мислења и кога на глас се слушав и самата што све раскажувам и колку е тоа погрешно, решив дека е крај. Иако го сакав, мораше да биде крај.
Ако све остало кај таа личност пропаѓа ради едно меше и цициња остави го. Некоја ќе ужива во тоа, не мора да си ти.
Јас сакам да му кажам да ослабне за негово добро, килажата лесно се става, ама тешко се симнува, накрај ќе си го расипе здравјето..
Тоа е лошо. Или има емоционален проблем или здравствен. Или и двете. Разговарај со него, прашај го што го мачи. И обавезно да ја провери тироидата.
Што сте чудни. Девојчето се заљубило во една верзија од човекот. Си преферира да е послаб. Се работи за вкус. И има право да си каже дека и пречи. После ќе испадне муабетот, кај ви биле очите. @нина122 ако не е свесен дека е проблем, не може ти да влијаеш на тоа. Промената доаѓа од себе и сопствената желба. Не знам зошто се воздржуваш. Следен пат кога ќе го начекаш да јаде мрснотии, искоментирај до кога планира да складира резерви во стомакот и цицките. Па на партнер ако не може да му кажеш, на кого. Едно е да си во брак, сте си се прифатиле со сите несовршености. Ама не си. Слободно бирај си и кажувај што ти пречи.