Што ја напаѓате бе? Па ако ми бил убав порано послаб директ ќе му кажам да ослабе. Што ако не ме пали више подебел.
Бог да чува. Ако некого сакате само поради физички изглед и дали е слаб подобро направете му услуга и раскинете му. Мислите цел живот иста тежина ќе сте? Колку промени и вие и партнерот ќе претрпете во тек на животот, затоа се бира човек со карактер и со кого имате добар вајб, не изглед. На 80 години ќе седите со неговиот карактер, не убавината и телото. Некои луѓе треба сами да се цел живот, а не да повредуваат други, ужас.
Ако дечко ти ти каже ослаби не ме палиш више дебела си, ќе идеш да слабееш за него или директ раскинување?
Ако би имале проблем за во брак, ако е нешто што не може да се реши, тогаш ќе мора да се разидете... Сега го сакаш и ти е тешко да избереш таква опција, ама по некое време ќе сфатиш дека било исправна одлука. И ќе бидеш среќна во друга врска која ќе прерасне во нешто повеќе. Секогаш сум за да се даде шанса прво, да се разгледаат опциите, ама ако е нешто сериозно, како што велиш, тогаш мора само да бидеш храбра и одлучна. Ако е поради нездрава исхрана, укажи му дека е штетно за здравјето, убеди го на здрава исхрана и здрав начин на живот. Кажи му дека си загрижена за неговото здравје (и треба да си повеќе за здравјето отколку за изгледот). Па тој ако не се замара за себе, немаш ти што да правиш.
Па ако лежам дома и намерно гнетам само нездраво? Треба да не му мислиш добро на чоекот за да го преќутиш тоа.
На близок од нагло дебелеење му се влоши здравјето, доколку нема некои сериозни проблеми немој да го кршиш. Сепак можеби и тој си има мака, можеш да му предложиш теретана заедно.
Колку гнасни луѓе постојат, секој ден на форумов од нешто ново сум згрозена. Не сум дебела моментално, но знам дека кога би родила дете ќе се променам, да ми каже некој ваков муабет, не сакал дебели, ова ми е red flag и таков човек за маж не би ни сакала. Мене не ми смета ни пивски стомак, ни цицки, само да е човек и карактер. Сериозно раскинете им, спасете ги од вашата токсичност и барајте си совршени мажи. Ако партнерот не го прифатиш целосно и бараш да се смени особено физички, тоа е таква токсичност, се надевам ќе прогледаат со кого си имаат работа луѓето и ќе се спасат на време. Денес 7кг плус ќе им сметаат, задутре проќелавеноста, по 5 месеци и белите влакна, брчките. Нема да сте вечито млади со брз метаболизам, чисто лице ни вие. Верувам сите имате маани. Прекинете веќе со тој физички изглед, одвратно време е дојдено.
Најчесто и дебелеење/слабеење не е до храна, психичко здравје и хормони највеќе влијаат. Дај боже цел живот да сте здрави и без проблеми, но никој не може да ви гарантира вечна совршеност. Сите сме обични луѓе, мал настан да ти се случи што ќе те измести од колосек, за брзо се може да ти се случи. Еднаш ми се случи нешто што многу ме погоди, за месец дена од тага се исушив 10кг, подочњаци, брчки од плачење добив, како 10 години да остарев за месец дена. И облини изгубив, никаква станав. Да ми кажел некој не те сакам сега ваква немаше да размислам два пати пред да го оставам. Ако не си со мене и во добро и во лошо, да ме премерува по изглед, не ми е потребен. Не бидете такви површни...
Како го испревртевте тоа што го кажав алал вера, не сум си го сакала дечко ми затоа што не бил слаб, не е точно дека не го сакам, го сакам, ама сакам да биде послаб затоа што така ми е на мене поубаво, сакам да си одговараме, не да биде он +30кг од мене, сакам и он да се сака самиот себе во своја кожа бидејќи и самиот е свесен дека многу качи на килажа, ама како да нема начин да смени нешто, многу работи, и јаде брза храна, сакам да ослабне и поради неговото здравје, дебелите луѓе се повеќе склони кон болести а дебелината плус и те како влијае на самодовербата и влијае психички, секој сака да се чувствува убаво во своја кожа а он не се чувствува добро во неговата..
Епа ете не може да биде по твојата мерка целосно, се здебелил човекот, не може сите да се совршени, слаби, високи. Повеќето мажи после 30-40г се дебелеат, ретко некој да останал фит и слаб освен ако не му е тоа професија или ептен генетика. Сакај го ако е човек, а не за килажата... Не барај промени, прифати го или остави го. Некоја жена да дојдеше да каже дека мажот и вика дебела, друг муабет ќе беше. И мажите имаат чувства, бидете фер малку и ставете се и од другата страна.
Менее ова прво ми падна на памет. Затоа што имам колешка која после втора бременост не може никако да си ја врати првичната килажа а еве сеуште си е во брак. Од друга страна па имам братучед на татко ми кој на сопругата и рекол дека ако се здебели ја остава и сиротата еве 20 и кусур години одкако се земаа си пази што и како само да не се здебели. Да не зборувам за тоа дека денес 70% од дебелината е предизвикана од некаква состојба, дали ментална болест дали хормонална небитно.... Замисли на темава дојде жена со проблем: се земале, родила дете, добила хипотироидизам или било што небитно, и сопругот и рекол не ме палиш више, дебела си, до коа планираш да складираш резерви у тоа гзот и стомакот? Па партали би го направиле сопругот, би ја советувале да му земе пола имот и да и плаќа алиментација за детето. Многу двојни стандарди во темава. Ми се повраќа. До девојката која го постави прашањето- ти смета заради физичкиот изглед/помалку ти е привлечен или те плаши здравствената состојба? Ако е првото- раскини му, не му треба таква девојка каква што си ти. Ако е второто- обиди се да ја дознаеш која е причината. Мора да постои тригер, некакво незадоволство кое го надополнува со храна. Или можеби се работи за некој здравствен проблем штом толку наеднаш добил на килажа.
Партнер во брак и дечко не е исто. Зошто да не му каже ако и пречи? Ако тој и покрај нејзината критика, решава да води нездрав живот и да се дебелее, тоа е негов проблем, не нејзин, што го бара она што го посакала на почетокот.