Епа раскини му и спасете се и двајцата. Ќе си најде некоја што ќе го сака со сите несовршености и не толку брз метаболизам и ќе биде среќен и без тебе. Не си незаменлива најсовршена девојка на свет и божица без која нема да може, не се секирај за тоа како дечкото ќе е несреќен со некое кило плус и дека подобро му било послаб да е во животот. Најправилното нешто да направиш ако некој ти бара промена на физички изглед - раскини и бегај - важи и за мажи и за жени.
Колку го па ти па тупиш, ти дојде да се пожалиш во темава или да побараш совет? Очигледно знаеш што да му кажеш ама само филозофираш тука наместо пред него да филозофираш.
Си чула за искреност во врска? Треба ти малку да се запрашаш каков однос градиш со твојот партнер. Попрво би трпела во себе, него да кажеш што навистина мислиш. Тоа што е? Јас не и реков да раскине, туку да си каже што и пречи.
Не ти доликува вака да збориш и да размислуваш. Тоа што ти го пиша е чиста навреда. Секакви промени на тело и лице се случуваат во текот на животот, зошто само дебелината е проблем, која уствари е многу решлива? Не му сигурно од нигде никаде текнало на дечкото из чистог мира да се храни нездраво и да се здебели. Нешто се случува и треба да се има разбирање. А тебе најбитно ти е он да си се експресно врати таков каков што ти си го сакала на почетокот, бреј.
Може да ми смета ако лаже, пие, се коцка. Да ми смета некој килограм плус? Секако дека не, не сум толку површна. Да не биде дека само на форумов во темава глумам светица и добричина, со крупен дечко сум во врска и совршено ми е. Сум била порано и со спортисти, со набилдани и не сум била среќна како сега. Ме нервираше целата таа нивна опседнатост со тело и базирање се на физички изглед. Повеќето нудеа само убав физички изглед и ништо друго. Со овој дечко ми е совршено, не ми сметаат неговите вишок килограми, сладок ми е, го сакам целосно како личност. Карактерот му е најпрекрасен на свет, а мене ми се допаѓа што е висок и крупен како појава, ми прави чувство на сигурност со него. Едноставно ова е љубов. Го прифаќам целосно таков каков што е, не барам да се промени. Го сакам поради тоа што е, не поради неговото тело. Ме гледа со најубавиот поглед на свет, ме сака најпрекрасно, да ми смета глупо нешто како килограми? Не.
Од килограм плус не се прави стомак и растат цицки. Што си запнала со тоа кило плус? Го мереше? Зошто си била порано со спортисти и билдери. Зошто баш нив си ги бирала?
Па сум имала многу врски, со секакви сум била. Се сум испробала додека сум млада да видам што ми одговара, не ми се погодил дечкото од прва за жал. Дечко од друга вера, покрупни, послаби, постари, помлади... Сме имале исти интереси во тоа време, сме излегувале некое време, сум видела дека освен изглед не нудат ништо и затоа се бивши. Да беше се до изгледот, ќе ми беа тие сега партнери. Не е до изгледот.
Збори си за себе де. Нема ништо лошо да знаеш што сакаш и што бараш кај еден партнер. Не е се до изгледот кога си во брак. Во врска ќе бирам и за баналност.
Добро луѓе, под камен ли живеете вие, немате ли дебели луѓе околу себе во најнормални врски па размислувате вака? Како да не постојат различни тела, преференци, некому му е битно, на некој не му е итн.
Па и јас бирав за баналност ама карактерна. Подобро ќе бидам со дечко со неколку килограми вишок отколку со изневерувачи. Си знаев јас што сакам, затоа и барав и си најдов ете. А вие злобни души што тука мислите вака нешто ќе искоментирате просто за некого што немал среќа да си најде партнер порано што му одговарал и ќе му замерувате на некој дечко за некој килограм плус, тоа за вас збори колку сте ограничени...
Јас сум дебела и не ме нервира некој ако ми кажи дека сум дебела... смешно ми е, оти знам веќе. Ама да ми кажва дали и како да слабеам, е за то ќе се прашаме. Неќам никој да ми кажва шо и како да прам.
Ме мрзи да ве цитирам и одговарам засебно. Особено нема да цитирам на пост уште еднаш ако се спомне кило плус. Смешно и глупаво е. Ако на некој му пречи нешто кај партнерот треба да си каже. Подобро да си искрен, отколку да преќутиш. Ако партнерот сака да го промени тоа, супер, ако не сака, размисли колку ти пречи. Врските служат за тоа. Да дознаеш што сакаш и што ти треба. И не правете глупави споредби, подобро кило плус него насилство. За секој постои некој совршен по свој критериум. Не бидете овесни снегулки. Прифатете критика.
Не гледам ништо лошо во тоа да му воочиш на партнерот ако претерува со нездравата исхрана, особено пак ако поради тоа сериозно почнува да накачува килограми. Само треба да се одбере начинот и пристапот како тоа да се каже, а треба и да си го знаеш партнерот дали ќе се навреди или не.
@нина122 Не те осудувам, сите си знаеме што ни е привлечно, и јас би му кажала. Ама не така ко "ај иди ослаби", туку убаво, смирено низ разговор, дека си загрижена за тоа што работи премногу и се запоставува себе си. Убаво е да слушне дека има поддршка, малку да го мотивираш, плус верувам дека и тој не се чувствува најпрекрасно па уште толку лошо би било доколку го доутепаш со подли коментарчиња. Плус, биди му и ти пример, храни се здраво, предложи му да одите заедно во теретана, правете работи заедно кои ќе доведат до резултати.
Не знам колку време има и затоа предложив теретана. Водно е убаво ама секако одзема повеќе време. Разговарајте, најпрво посочи му за исхраната дека си загрижена за неговото здравје, па ќе видиш од таму што ќе ти каже и тој и каков став ќе има...Плус ако работи постојано како што спомна ти, имај предвид дека и стресот си го прави своето.
Мех… да ослаби зашто така тебе ти е поубаво. Ако тој ти рече да се здебелиш ќе го направиш ли ти тоа @нина122 ? Не,ќе му кажеш дека тој не е тој кој одлучува за твое здравје. Тој ќе ти каже дека сака елегантно потполнети девојки дека убаво му е да луља отколку да жуља. Ќе се осетиш навредено и ќе дојдеш овде ќе бараш совет. Нели е така? Друга работа, неколку месеци не е месец два може да биде повеќе и до година да стигне што значи дека тој не се здебелил нагло. Не мора да има избалансиран живот, не е лошо да му се воочи да, ама не е лошо да имате малку осет за некои работи. Не може човек да биде формулиран како на вас ви поубаво. И на 30-40 години има слаби,има дебели луѓе. Трето во една врска треба да имате разбирање,осет и емпатија, да знаете со зборови да го искажете незадоволството во врската, од партнерот без да го повредите. Ако на партнерот му е убаво да е таков,ако го сакам вистински ќе го сакам таков каков е,со сите маани и доблести. Што мислите вечно ќе бидете слаби? Вечно ќе се одржувате со диети,хемии аха мало морген. Така да,ако не го сакате човекот раскинете му едноставно а не да му барате маани, @нина122 не се ни грижи за неговото здравје важно и е да не е дебел оти нејзе не и е убаво така, не и е привлечен и не си одговараат. Таа треба прво да се засака себе си, па после партнерот таков каков што е.
Замисли ослабе, се стегне, се набилда, се направи модел/манекен. И на крај рече ќе си најдам друга ти не си згодна