епа сега чим си крива оправдај се пред него кажи му што бил проблемот и заради што си го излажала па може ке те разбере може и не,, а чекај за што си го излажала ??
Девојки помагајте веднаш!!!!! Во врска сум веќе 1 година и маногу се сакаме со дечкоми но денес тој на фб ставил дека е во врска со некојан друга, кога видов ми се стемни предочи. Ве мојам за некој совет, инаку готова сум да полудам. Незнам дали ова го прави намерно или не, но нема ни пичина за да го прави намерно.
Уф е како можел така, да не направил некоја грешка? А да му се јавиш и да го прашаш што му значи тоа? Или не се ни јавувај право кај него пред врата и во лице да ти објасни.
боже во врска сте 1 година а тој се става во врска со друга девојка тока стварно ништо не ми е јасно мене и неможи да е грешка бидејќи треба да пуштил тој или таа понуда па да се прифати па да се види дека се во врска девојко сигурно све е во ред со вас?извини што ќе ти речам ама во каква врска сте со дечкото/мене од ова апсолутно ништо не ми е јасно
И јас се согласувам со Mime87. Каква е таа врска одите една година а тој се става во врска со друга без никакво објаснување. Дали и како функционирала вашата врска? Мислам дека треба очи во очи да си разговарате вие двајцата, и да си расчистите ако веќе не иде, ( а очигледно и не била нешто сериозна врската штом така се однесува)
не ми се верува со тој фб веќе,аман! мене ова ми личи дека сте се мувале само ,а не дека сте имале 1годишна врска,како инаку би се ставал со дуга во врска???и најубаво да го прашаш него,јас навистина немам поима каква игра сака тој да игра
Ве молам за совет...одиме со дечкото скоро една година стварно бевме многу блиски не викам дека сега не сме ама во последно време има многу караници и правевме муабет затоа се договоривме да се трудиме и двајцата се да биде во ред како што беше предходно.. Е сега ако сакате да ми кажете што да правам за да го придобијам уште повеќе..од прилика некоја помош да ми дадете
Денес му се јавив и го прашав што мисли за тоа на фб тој едноставно ми одговои дека било грешка, со тоа ја изгубив довербата во него таа вечер сакаше да се забавуваме но поради тоа што ми се случи денес му одбив сега само ке го пратам како се однесува ако е се како што треба ќе продолжиме ако не сигурно ќе раскинеме сепак досега ова му се нема случено ќе му дадам втора шанса.
Мене овде нешто не ми штима. Во врска сте 1 година, многу се сакате се е океј и наеднаш тој се става во врска со друга? Ти прво сигурна си со кој си во врска и дали навистина те сака или гледаш на тоа така бидејќи ти е полесно и тебе така ти одговара ? Никој на здрав разум после цела година одење со некој така наеднаш без објаснување како гром од ведро небо не се става во врска со некоја сосема трета личност. Дечково дефинитивно си има проблеми. И да, ако е тоа е некој вид шала навистина нема смисла за хумор.
Најдобро ќе биде да разговарате отворено со дечкото. Прашај го зошто тоа го направил, сигурно мора да има некое објаснување, и кажи му ако искрено те сака дека не треба повеќе да прави вакви(несмислени) работи( кои те повредуваат тебе а и воедно и штетат на врската ). Ти посакувам се најдобро Излегувај почесто со него, односно поминувајте го времето повеќе заедно, може да му предложиш да гледате некој филм заедно, или пак да одите некаде на излет, кажувај му и покажувај му колку го сакаш, сигурно знаеш и самата како треба да го придобиеш уште повеќе
Нели немаш 35 години , кажи ми дека немаш ! Инаку да да многу те сака ,абе девојче , жено или како и да е .... Кога ќе поверуваш ко ќе ги фатиш во кревет .ПиЧина си нашол не глуми будала повеќе ...
Вљубена во погрешна личност Здраво... Пред нецел месец запознав еден дечко...сум го знаела од предходно но не сме контактирале па почнавме да пишиме на фб..Една вечер се договоривме да се видиме па излеговме се видовме..преубаво си поминав ,однесувањето спрема мене му беше на место..По 1 ден се договориме да одиме заедно на плажа.Отидовме и таму пре пре прекрасно си поминавме (предходно не сум била на плажа со момче).Иииииии мислам дека се заљубив..незнам ни како ни од кога само знам дека прекрасно ми е со него и чуствувам како да сум нашла сродна душа и кога сум покрај него ми се чини како со години да го знам ...Ноооо......денес од нигде никаде ми текна да му исчепкам во профилот и видов пред 2 месеци излегол од врска,како што забележав таа врска траела со години,но девојчето живеело во странство..Покрај сите објави негови,нејзини дојдов до заклучок дека премногу ја има сакано..незнам зошто но сеуште мислам дека ја сака..незнам.......глупаво се чуствувам знам дека не треба да се врајќам назад но..неможам !! Премногу ми значи,премногу ми е убаво покрај него..има огромнаа страст што во ниту еден единствен момент не би се двоумела да му се предадам,он да ми биде прв....сакам да се повлечам зашто се плашам од ова чуство..толку е силнооооо уфф..неможам да опишам...како паметот да го загубив по него....а да не заборавам да напоменам не сме во врска туку на гледање уствари немаме правено муабет за врска а и се плашам да го прашам бидејќи можеби не сака да се врзе,сепак лето е ............девојкиии ве молам ве молам за помош............
искрено незнам на кого и за што ќе даваш 2шанса абе девојко неможи со некој да се напрајш во врска ако не го приофати твоето барање или ти самиот ако не испратиш или да ти испратат значи то нема никакви шанси да е грешка не се теши самата со глупости 1година сте заедно и ако го направил тоа тука нешто не штима да бидиш сигурна така да јас на твое место не би седела мирна би да испитала добро работата нешто не е во ред да си сигурна
Хмм...па и не си во некоја најтешка ситуација ! Ја сакал де! Зборуваме во минато ( се надевам, свршено ) време! Зошто да се напнуваш ако некогаш одел со неа, не одел само со една, сигурно ги мал повеќе како и секое машко?! Ја сакал?! Ё па добро де, и тебе можеби ќе те засака со тек на време ! Осигурај се само дека таа е минато во неговиот живот, дека немаат никакво контакт со неа, а после другото е лесно! Ако уште нешто пробува со неа, средби, ова она е тогаш ќе кажеш тука па ќе зборуваме за тоа-потоа! Сега види дека нема ништо веќе помеѓу нив, и прпуштисе на убавините кои ти ги нуди ова лето...не се брзај, не го напнувај-биди малце недостапна-само така ќе бидеш поинтересна во неговите очи! Позззздрав
Како да му докажиш на некој дека го сакаш и не можиш еден ден да се замислиш без него?..а тој да сака друга!..ми вика смени го ова докажи ми дека ме сакаш,и ќе бидиме заедно!
-Barbice 17, вака можеби минато си е минато да, но ако тој излегол од врска пред 2 месеци биди сигурна дека сеуште ја нема заборавено таа девојка. Ако сериозно си заинтересирана за дечкото ќе ти биде тешко, најверојатно е со тебе за побрзо да соборави она клин со клин, но и немора да значи дека така ќе биде и понатаму. Мој совет ти е да не се залетуваш, прибери се и олади малку, многу кратко го знаеш а веќе си се затрескала... знам плажа... криво је море Тоа глумење недостапност мене ми е глупост, не глуми ништо биди си своја, само не му се давај послужена на тацна и биди малку на дистанца, не се опуштај многу со него, не биди секогаш достапна за него, а истовремено покажи му дека сериозно те интересира но немој да го напнуваш многу и да го прашуваш на што сте, тоа ќе покаже времето. Ако дечкото почне да ти збори за бившата, и да излегуваат на видик неговите комплекси од тоа колку бил напатен во врската откачувај го под итна постапка, ќе проба на тебе да си ги лечи комплексите и фрустрациите, па можеш убаво ти да се најдеш на неговото место... таков тип не ти треба. Извести не како ќе се одвиваат работите. - Ади, немора ништо да му докажуваш на дечкото, мое мислење е дека ако тој вистински те сака ќе биде со тебе и без ништо да му докажуваш, покажи заби и не му дозволувај да те уценува вака, размисли, ако те сака ќе ти се врати... зошто би му биле потребни докази?
Оти мисли дека ќе го излажам пак,ама после ова шанса нема,лекција ми беше за цел живот, му викам нема поќе да се повтори,ми пиши дела а не зборови..таја шо го сакала му докажвала со дела а не со зборој..незз стварно шо да прам ..нејќам да го изгубам!
Ади во тој случај јас стварно не би знаела што да те советувам затоа што никогаш не сум се нашла во ситуација да треба да докажувам некому такво нешто. Сосема друга претстава имам за љубовта, а во неа не влегуваат докажувањата.
Прашај го каков доказ очекува, што да направиш, претпоставувам дека веќе разговаравте и дека се останато меѓу вас е средено, па сега останува уште тоа. Мене “доказ за нечија љубов“ ме асоцира на тоа да се пријавиш на емисијана „Све за љубав“, да отидеш во дискотека и на микрофон да му кажеш дека го сакаш и други малку по ексцентрични ствари. Но пак тоа ми изгледа многу напумпано и исфилувано, љубов не е некој став па со факт да ја докажуваш, чувство е, треба да се почуствува. Еве на пример биди фина со него, потруди се да не иницираш караници, понекогаш без причина праќај му смс-пораки и подсети го дека го сакаш, дека те прави среќна и сл.