Ништо не е тешко да му се кажи на партнерот ослаби или поправисе доколку си подолг период во врска. А дебелеењето не е само до хормомите или психички проблем.... Секоја личност доколку внесува повеќе храна подолго време нормално ќе качи тежина и то не е проблем. Има периоди каде што жени мажи сменуваат телесна тежина во текот на годините. Битно е паметот да е ист.
Кога тогаш ќе му раскинеш, има време...Сама се лажеш дека не ти пречи...Проблемите се решаваат во очи, не на форум...Зошто не му кажеш, на него? Се плашиш ли, дека ќе ти раскине...
Тука почнав да пишувам почесто отколку што имам моменти без проблем па може ова кажува многу ама ајде Значи се гледам со момче веќе 7 месеци но сме од различни градови и не можеме често да се сретнуваме но пишуваме постојано. Последно се видовме на почеток на претходен месец и од тогаш се повеќе ми се чинеше дека нешто се сменило кај него на полошо. Понекогаш враќаше на пораки поретко, некогаш кратки одговори, разговорите беа глупави до некаде и без врска. Но некогаш беше и нормално. А пред тоа ме нарекуваше со слатки имиња, прекари, срциња по порака. Сега ги снема. Знам дека зборувам за ситници но сметам дека секој детал е важен. Како и да е, за 2-3 недели ќе почнеме да живееме во исто место. Инаку порано зборуваше дека едвај чека да дојде тој ден, дека од тогаш ќе биде многу лесно, но сега воопшто не зборува за тоа. Во меѓувреме, сега сме во ист град. Истиот ден штом дојдов ме побара и се видовме, па после кажа дека ќе се видиме за 3 или 4 дена, не конкретизира точен датум, за сега да ми каже дека ќе бил со старото друштво и да се помести излегувањето за следниот ден. Не знам дали претерувам, но како да не му сум приоритет, а освен тоа со нив ќе биде навечер, што го спречува да помине едно попладне со мене. Инаку, после неколку гледања почнавме да шетаме рака за рака секаде, но сега овој пат не ни се обиде да ме фати за рака, не па да биде секаде. Ако некогаш изгледавме како највљубени, сега бевме како рандом другари. Не се ни бакнувавме, освен за здраво. Исто, никогаш не се изјаснил во однос на неговите чувства за мене, освен дека сум му убава, и јас уште не знам во какво својство се гледам со него бидејќи до претходно ние стварно правевме се како да сме пар. Сакам мислење во однос на тоа дали се оладил од мене, дали му е непријатно да ме откачи, дали може има друга, дали да разговарам и што да кажам?
Сосема те разбирам. Би рекла, остави времето да ти покаже на што сте. И ако ти се допадне друг дечко, не се мисли пошто едвај иде како што те разбрав. Но да, времето ќе покаже најмногу.
Па зарем не изгубив доволно време? Имав уште еден куп прилики кај што ми се приближиле машки, и ова не го кажувам со намера да звучам арогантно, туку ете навистина имам и други убави прилики, но не сум ни помислила да возвратам на било кој начин, прво бидејќи тоа отстапува од моите принципи и не сум таков човек, второ бидејќи ми се допаѓа овој многу и стварно сакав нешто да биде од нас. Ама јас веќе не сум среќна, само ми се зголемуваат паничните напади, имам инсомнија и анксиозност веќе неколку недели заради неговите постапки и бидејќи не ја знам ситуацијата во која се наоѓам.
Разговарај со него. 7 месеци не се баш малку време за да не можеш да разговараш на оваа тема. Кажи му дека се осеќаш како да не си му приоритет, како да е оладен од тебе. И по неговата реакција и понатаму однесувањето ќе процениш дали вреди да си со него или не. Ако не, немој воопшто време да си губиш. Да бидеме реални, сѐ е до приоритетите. Човек на кој си му приоритет нема да те бара само ко ќе нема со кој, туку ќе направи време за тебе.
Па да, навистина е веќе доста време поминато за да не знаеш на што сте. Плус кога е во прашање врска на далечина на време се кажува што сте, самата врска е отежната и покомплицирана поради тоа што не сте во ист град. Разговараше минатиот пат за тоа што сте, да не почнал да бега ради тоа? Никој не заслужува да си го троши времето во нешто ако не ветува иднина. Ти кажав и тогаш, нема зошто да ти е срам да поразговараш искрено, подобро да знаеш на што си, ако не бива ништо од работата, да си продолжиш понатака со животот. Краток е животот за да сме во комплицирани врски што повеќе не растажуваат отколку што не прават среќни.
Не зборував бидејќи немаше можност во ситуацијата, но дефинитивно ќе зборувам сега. Не мислам дека ќе биде позитивно, но мора да се направи.
Со дебелеење се менуваат сите црти, линии, визуелна слика што те привлекувало кај партнерот на прв поглед и ти создавало сексуална атракција. Слободно кажи му. Јас со + 5 кг и со - 5 кг изгледам како сосема друг човек, а тек како би изгледал некој да набаци + 15 кг. Колку и да сакам некоја девојка веднаш би и воочил ако почне да не внимава на својот изглед. Лошо е кога многу парови ќе си влезат во комфор зоната и после им станува досадно во врска или брак.
Ќе те разочарам, ама шансата да твојата идна партнерка/сопруга во еден момент од животот доживее голема телесна промена е скоро па 100%. Од друга страна, шансата да и ти набациш 5-10-15 кг плус до крајот на твојот живот исто така се огромни. Не знам колку години имаш(те), но сите оние парови што ги знам што почнале во рани 20-ти, во рани 30-ти не изгледаат онака како што изгледале пред 10 години, без разлика дали се работи во промена на тежина, губиток на коса, менување на црти на лице или едноставно стареење. А да не зборуваме за оние што се во 40-ти, 50-ти... Менувањето на физичкиот изглед е неминовно. Еликсир за вечна младост и убавина не постои, за жал. Кој и да го одберете, ќе мора да ги прифатите и неговите промени, но првично, треба да се прифатите самите себе си.
Многу е важна генетиката и колку ја негуваш таа генетика. Во Македонија луѓе многу повеќе внимаат за кола отколку за своето тело. Точно е дека старееме, клетки изумираат, лице менува форма, тело менува форма но со добар активен живот и те како можеш да изгледаш доста младо и во 40ти и 50ти. Летово бев на една свадба. Запознав една жена која има скоро 67 години а максиум што можеш да и набациш е 50 години. Стареење е едно, набацување 30 кг е друго. Не можеш да размислуваш еј се оженив или омажив. Гајле ми е, во комфор зона сум, кај ќе ми бега сега па да се шеташ со црно под ноктите.
Многи си во право за ова мислење. Јас бев зачудена школските од средно колку се изменија луѓево после 20тите и колку килограми накачија, а млади ќе речеш од 20 год изгледаа како 30 да имаат.
За тоа дека му е потребна здрава исхрана разговаравме и се сложивме, вчера цел ден е на здрава храна и денес, ама за вежбање и теретана малку се мокне, мислам дека ако му подосаѓам уште малку и за теретана ќе го убедам.. Јас не би давала толку пари за теретана ама ако морам, се за љубов..
Денеска цел ден со партнерот пробуваме да најдеме заедничка точка за ситуацијава. Знаете скоро ви барав совет, една година се гледавме за секс без обврски, неодамна официјализиравме, решивме тоа. Некако биднало, дали поднапиени сме биле, непланирана бременост ама посакувана е секако, во години сме кога сакаме дете. Ние кога официјализиравме подразговаравме и решивме да се запознаеме што побрзо со родителите. Да не чекаме премногу, за некој месец сакавме да почнеме со живеење заедно, ако се оди добро и да се регистрираме до следно лето најкасно. Се "расправавме" денеска што сака да ја забрзаме регистрацијата, сакал кога ќе родам дете да сме во брак, немало што да чекаме. Мене ми е сеедно, не ми значи ништо тој лист хартија и не сакав да брзаме само поради бебето, но него му значело, како невенчани бебе да сме имале. Јас имав некои други замисли за бракот и веридбата, а тој ме запроси одма кога дозна дека сум бремена, денеска и прстен ми даде, некако не беше романтично како што си имав замисла, веднаш сака да забрзаме за свадбата, да сме гледале станови, а привремено кај него да сум се преселела... Знам дека е добро тоа што е грижлив и веднаш сака да земе одговорност за мене и бебето, само секогаш ќе имам мисла дали навистина ме сакал или се е поради детето, потајно го знам одговорот дека се забрза се толку поради бременоста. Никогаш не сакав вакви бракови поради бременост. Дали е во право што сака да се регистрираме побрзо или во право сум јас? Што има врска ако живееме така заедно, без тој лист хартија само. Можеме регистрација да правиме и после породувањето. На мајка ми и кажав преку телефон за ситуацијава, збесна исто, како него размислува, како ќе сум раѓала дете немажена, добро е што бил разбран партнерот уште вика... Жена во години е, менталитет старински, не и замерувам, само не знам, главата ми ја измешаа дали јас погрешно размислувам.
Да не должам многу, според мене дечкото добро постапил, скроз океј. Да би се нашла во ситуација да останам бремена додека сме уште во врска, би сакала откако ќе дознаеме за бременоста да започниме со припреми за живеење заедно, регистрација, прослава или што и да следи. Исто те имам читано и претходно, двата сте 30+ години, така што според мене безвеза е да се одолговлекува и комплицира нештото. Си останала бремена, те запросил и сака да живеете заедно. По супер не можело да испадни. Уживај си во бременоста и не се замарај многу со небитни работи.
Јас мислам дека добро постапил дечкото. Исто така мислам дека не е поради бебето, туку поради тебе. Според твоите други мислења, пред да дознаеш дека си бремена, заклучив дека е грижлив спрема тебе и постапува со разбирање и љубов. Сега нема причина зошто животот да не го помине со жена која ја сака и да оствари фамилија.