Брачетми и снаами се зедоја исто од ко остана бремена само тие се по 25години така да на прав пат сте. Биди радосна шо те сака и тебе и детето оти има случаеви каде што не си го признават детето па иди до кавги и абортуси...Нормално е да се убрза малце работата,со време да си се вдомите пошто лета брзо времето. Немисли на негативни работи пошто ги немаш.
Те сака, штом сака да се земете и инсистира. Маж што не те сака, ќе ти каже што сакаш прај, глава крши. Но на него му значите и ти, и бебето. Ти посакувам многу среќа со бебенцето и со бракот
Правно ти е подобро во брак него надвор од него за бебето. Не е голема разлика. И ако не правиш циркузи од свадба се исплати.
На кратко: Моментално сум средно 3та и како и сите други го имам - „Најголемиот проблем“ = (за мене) Не го разбирам женскиот ум Ако се рапишам тука можам да напишам роман а воедно не сум ни сигурен дали е на соодветно место прашањево, но ете се воздржав од правење на тема бидејќи е само еден проблем и не е општа дискусија. Ако некој има живци, сака да се скине од смеење на тоа колку сум глуп , и да понуди совет на моменталната ситуација што ја имам нека ми прати ДМ/ЛП каде може да очекува да се распишам .Бидејќи колку и да сакам на кратко да ја раскажам нешто и да ме посоветува некој приказнава моја трае еве веќе 2 ипол години ако не се лажам и неможам да изоставам нешто што не влијаело и можам да напишам една турска серија ако ништо друго. Некој би ми кажал само иди живеј го животот што се замараш си запнал за една ама еве ако не го пишев ова сега и одма на форумов,прво нешто што би направил ќе и пишев нешто на неа дебилно ќе се избламирав и ќе си ги закопав сите шанси што сум ги имал некогаш и сега. Едит:Видов темата дека не е за поставување ЛП но незнам дали огромен реферат е во ред да се постави тука, и сепак не би сакал некој што ме знае лично да налета на се тоа што би го напишал тука.
@Jasmin88 Административно е поедноставно и полесно да родиш бебе во брак Јас не гледам проблем што сака побрзо да се земете, веќе биднала работата со бебе, а и заедно сте подолго време колку што разбрав. Баш дека е парче хартија, средете тоа навреме, отколку после да трча по шалтери и да признава дека бебето е негово и сл.
Го поддржувам него Кога веќе планирате брак, јас сум да се венчате пред да се породиш, затоа што јас колку што знам порано, не знам дали уште така прават, ако родителите не се во брак во изводот на бебето запишуваат вонбрачно, што лично јас не би сакала моето дете така да биде жигосано, плус ќе треба и двајцата да одите за да извадите извод на бебето. Зошто тазе породена да се малтретираш по институции? Ако се регистрирате пред да се породиш, после тој со изводот на венчани ќе може сам да оди да заврши работа.
Подобро така што сте одлучиле, верувај да не ти го има спомнато тоа ќе ти беше дополнителен притисок и стрес. Другарка ми после 10 годишна врска остана бремена, и тоа дечко и си планирал кога сака да стане татко без да и каже, па го чекаше со месеци да ја земе за жена, јас да бев ќе разговарав со него. Нејзе и беше срам да праша од кога заедно ќе живеат а веќе беше со голем стомак. Сепак дечко ти добро размислил и ја прифатил разумно ситуацијата.
Лелеле дечкото појма нема колку е среќен, треба да чести. Некој да тролаше појма немаше шо ќе го снајде, ќе си мислеше кај погрешил сиротиот.
Заради административни глупости, подобро е да сте во брак кога ќе се породиш. Секако кажуваш сте планирале заеднички живот, деца, брак, така да завршете си го тоа со време после има мн трчање по институции за да го признае детето итн. Ако имаш желба за свадба со повеќе организации тоа може да го направите и со дете Што и да одлучите ви посакувам среќа и лесна бременост
Напразно се трудиш да го разбереш женскиот ум. Во ред е да се напише реферат, ако една порака не собере се надоврзи се во друга.
Дали е ред флег ако не ти се јавува во текот на денот да те слушне туку си пишувате на инста и искачате? Ме сфаќате што сакам да кажам. Не збориме на тел.
Не е. Имаме пишувано на темава пред месец за ова мислам, имав баш пишано дека ич не сакам на телефон да зборам со луѓе, преферирам пораки и таква сум и во врската, буквално за сите. И други феминки некои споделија свои мислења. Доста луѓе што ги знам преферираат пораки, некои па повеќе сакаат телефонски разговори. Зависи од човекот што преферира, но ако ти сакаш и телефонски разговори, направете си некој компромис. Си пишувате и искачате, мислам дека е океј.
Ние на почетокот еден месец може, така функциониравме само со пишување и излегување, не се слушавме на моб.
Не е, иако имам лошо искуство на оваа тема. Има некои едноставно не им текнува дека вртење на тел е опција или па мислат доста е на инста само што има да ја замарам по тел. Ако уште не сте нешто сериозни, океј е.
Не се слушаме на тел туку си пишуваме. Најчесто добро утро и како си што правиш, потоа во текот на денот правиме муабет но секој враќа на пораката кога е слободен и слики си праќаме. На телефон се слушаме пред излегување кога треба да се сретнеме, или ако е нешто ептен итно. Ако ти се јаве само за да те праша како си и нема друг муабет и на двајцата ќе ви биде глупаво и потоа ќе нема што да пишувате воопшто на инстаграм.