Јас и со 4 годишна врска уште пишувам пораки. Понекогаш знам да се јавам чисто да го слушнам 1 до 2 пати во неделата. Така да без гајле сите не зборуваме на телефон, немам јас таква навика, не само со дечко исто и со другарки
Незнам што точно како е ,но машките се едноставни суштества ако му оди добро преку чет и (пред тоа немате навика да зборите на тел) не секој би ризикувал нешто да заебе. И секогаш тука е само срамежливоста или можеби едноставно не му е пријатно преку телефон се осеќа подобро преку пораки. А ако тебе ти се збори секогаш можес да иницираш нешто или да му спомнеш така при разговор и да си се договорите.
Ја пример како женско ич неќам да зборам на телефон, ни па се јавувам некому. Ептен ако е итно ако не ми врати па тогаш ѕвонам. Не секогаш може некој да збори на телефон па подобра опција ми е да пишам. А партнерот обратно, по цел ден ми ѕвони. Не го гледам тоа како ред флег воопшто
Две недели откако раскинавме тој отишол со друга на одмор. Не чувствувам ништо моментално, ниту бес, ниту лутина, ништо, само се плашам подоцна да не ме удрат емоциите. Веста ја примав сасвим ок.
То значи дека не вреди ни да помислиш на него не па да го спомнеш Тешко е нормално ама со самите постапки што ги прави тој ќе ти се одмили
Точаче, те читам од поодамна со истиот проблем и се надевав дека ќе сфатиш дека дечково едноставно не е за тебе т.е ти имаш сфатено но го сакаш и секогаш имаш надеж дека работите ќе се сменат. ТОЈ НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ и не заслужува да му даваш 1001 шанса. Дозволи си да бидеш сакана од некој што ќе те почитува и цени како личност.
Таква личност не се менува. Јас завршив со него уште пред две недели ама многу ми е криво што наседнав, дозволив да ме водат емоциите.
Нема, затоа што ја избра нејзе. Размислував дали да го блокирам јас сега ама не сакам да мисли дека му придавам значење.
Тоа што ќе го блокираш нема да ти ја намали болката, остави го нека прави што сака. Се ќе помине, а ти ќе си продолжиш по својат пат. Некои работи треба да се случат за наше добро, иако во моментот на болка и тага не размислуваме така.
Jas ne sakam mnogu da pram na mobilen muabet, pointeresno mi e chat, valjda ovde sum do maksimum introvert.xd Its been a while since i had girl/sympathy
Со овој негов потег всушност ти олеснал да го шутниш во минатото и да продолжиш напред. Може ќе те боли многу повеќе ама е многу корисно за тебе да не си со прашалници постојано дали си постапила правилно шо си раскинала со него, а ако ти се лигавел и ти барал прошка голема би била веројатноста да си попуштела пак. Така да, глава горе и знај дека си ја донела вистинската одлука.
Пред да раскините сигурно му беше него најдена, не е случајно за толку кратко време да замини на одмор со друга. Си се куртулила не ти треба таков човек, уште подобро што увиде каков е. Зад тебе остави го и терај напред
Тоа е тоа, уште пред да раскинеме тој си имал други настрана, наводно лабаво, за секс. Дознав откако раскинавме. Ок ми е, нема назад, само школо. Ми се гади дури.
Здраво нов сум на форумов и сакам да споделам мој проблем. (Се извинувам ако сум го напишал ова на погрешно место но, не бев сигурен дали спаѓа во љубовен проблем или некоја категорија во сингл ама оваа тема е една од најчитаните и ако некој смета дека не припаѓа тука веднаш би си ја поправил грешката) Јас еве имам скоро 17 год. а во врска не сум бил , никоја ме нема сакано и се тоа како што иде во пакет (Немам прв бакнеж,мувано,) да не звучам како песимист ама прилично сум сигурен дека и никоја ме нема свиѓано онака као некој мал crush. Се ќе биде со време сите викаат така ама еве да кажам лесно е да се напише тоа ама да се чека не е особено кога ќе видиш деца мали како имаат нешто што ти го немаш искусено , буквално удар во стомакот. Дружи се излагај проширувај го кругот се тоа во ред другари блиски ги имам 2-3 а некои школски ако ги рачунам 5-6 се на се би биле вкупно 10.Другарки да имам би било добро ама немам ако сум ги имал неколку пред некоја година сега после одредени околности ги немам и немам опција „ајде бе мести ми дригарка твоја“ Да можев само да излезам надвор и да му направам муабет на првото девојче што ќе го видам добро би било ама не сум таков тип на човек, едноставно не ми оди срамежлив сум , незнам што да зборам , како да зборам премислувам некои ствари , што ќе каже овој што оној итн. БИ можел да се обидам со некое девојче така би собрал храброст би прозборел ама кога ќе ги видам ако се помали од мене , ете така ми доаѓа дека се премали девојчињава денес од 7-мо оделение се шетаат по crop-topovi а јас порано улица не ме оставаа сам да поминам а не па друго.Сакам да чажам незнам да пишам-Помалите од мене ми изгледаат ми изгледаат многу наивно и глупо ми е јас да им се пуштам(не дека ќе успеам и да пробам ) додека врцничките се сите глави преку петици на некој фудбалер со виткана коса , и некој како мене едноставно што и да направи неможе да се натпреварува со mindsetot на цела една генерација , а јас да се менувам за други нема.Едноставно незнам ни како да започнам да мислам не сум сигурен сам во себе кога опшеството ме тера да мислам дека сите се поубави од мене во надоврешниот изглед мојата самодоверба е уништена , а дефинитивно не помага кога на гледаш како на другар му се лепат како муви , ете едноставно не гледам што можам да направам.