Ама од 1500 почнува члансрина за у теретана По помали места може и помалце. А иде и до 9-10к со личен тренер У Парк е изгор ко шо сум гледала
Да ама таа сака и на неа да и плаќа, а реално штом нема потреба таа од теретана, нема зошто дечкото да се става во трошок.
Значи не реков да ми плаќа буквално, туку парите што ги дава да јадеме по ресторани, нека ги даде за теретана.. Денес бевме во ресторан да јадеме, 1500 плати, ете ја месечната членарина во теретана за еден човек, само да ги пренамени парите за негово здравје.. Да ги пренамени парите што ги дава во ресторан за теретана, уште на 10 луѓе ќе има да им плати теретана, а не само мене.
Ама не сака да оди во теретана, сака да јаде во ресторани.... Ако е скорпија, водолија или близнак, следно што ќе прашаш овде, ќе биде оти дечко ми е ладен туш кон мене, не се јавува дрн дрн Како само си давате за право да му посочите на некој каде му е местото. Една другарка доби подарок велосипед од дечкото оти требала да "се стегне" малку... Подарокот прифатен и веза прекината за недела дена од добронамерниот подарок.
@нина122 џабе го тераш кога не сака тој. На човек еднаш ќе кажеш, после е негово. На сила убавина не иде.
Ако му се јаде, остајте го човекот да јаде. Сите имаме депресивни периоди. Сам треба да се стави во ред.
Добро вечер до сите! Верена сум една недела, а во врска две години, се супер, меѓутоа мислам дека сега ќе ми почнат вистинските проблеми и не сум сигурна дали да продолжам. Имено, дечко ми и јас не сме од ист град, нормално, кога ќе се омажам ќе треба таму да живеам, меѓутоа проблемот е во тоа што, ќе треба да живеам во заедница, никогаш, не сум сакала да живеам така, он не делува на некој кој слуша што ќе му каже мајка му и тоа ми се свиѓа, уште ми рече нема шанси да дозволам да се меша некој, ниту од твоја страна, ниту од моја, искрено се плашам на некој начин да отидам да живеам со друга фамилија. Куќата е на 2 спрата нема да бидеме на исти, ама пак една куќа е, друг проблем е тоа што, неговите немаат пензија, он има приватен бизнис со што едно време му се жалев дека ми е доста тешко и напорно да работам, па негов предлог беше, јас да не работам он да ме пријави, ама како на негов грб се? Барем неговите да имаа пензија, ние баш убаво ќе живеевме, сега фактички ние и нив ќе ги издржуваме, јас не знам, дали они некогаш размислиле дека син им некогаш ќе се жени? Уште нешто што не ми се свиѓаше беше тоа што куќата треба да се средува од почеток, сигурно ќе треба и нивниот дел да го средуваме а со кој пари ниту тоа не знам, знам ќе речете работи и ти, ама он не сака јас да се мачам да работам,да му помагам на него кога ќе има многу работа, се чудам како неговите како дозволиле да се остават на овие години без пензија, требале ли да размислат дека син кога тогаш ќе се жени, од него ли чекаат цел живот???! Можеби вака лошо звучи што зборам ама мислам супер живот ќе имавме, да бидам пријавена и да се посветам на уредување на куќата и други раб што следат, поради неговите не можеме, буквално цел живот ќе ги издржуваме... Капак на се, што моите некако не беа радосни кога им кажав дека ме запросил, секогаш ме поддржувале за било што, никогаш ништо не ми рекле во животот, ме изненадија, дури мајка ми ми рече, брзо ќе се вратиш ти од таму... Почна да ме распрашува за неговите што работат, реков мајка му ништо, татко му на пазар, еден поглед кога ми сврте женава, не знам што и стана, впрочем она е судија и можеби и падна криво што ќе одам во такво семејство, ама јас не ги гледам луѓето по тоа, не знам ниту како ова да му го кажам, ќе биде доста тешко се мислам дали сето ова да го продолжам со него, знам дека е почеток и се, ама не знам дали сум сигурна за сето ова.... Во сакала да добијам некој совет од Ваша страна, се извинувам за долгата објава.
Каде и да одите, пак вие ќе треба неговите да ги издржувате и да им средувате дома, од кога ќе се омажиш, додека не умрат, ќе бидат на ваш грб, затоа размисли си, ако неќеш таков живот ич не се мажи..
1.Ти да фатиш да си работиш.Но офенс ама гледам арно ти е така.Чим викаш ,, ама он не сака да се мачам” Ако сакате баш убаво да живеете, треба и ти да затрљаш раце, не сѐ он. Поготово ако е таква работата со неговите. 2.Неговите ако уште не се у пензија, нека фатат и они нека работат нешто. Многу е лесно на еден сѐ да биде. Греота чоекот. Лесно е така
За овие работи се размислува и разговара пред работите да станат сериозни. Многу глупаво е ако воопшто досега не си разговарала со вереникот за ова, а сте се вериле. Не ми е јасно како е можно да се вериш и дури сега да ги согледуваш сите тие работи.
Јас не би се нафатила на ова никогаш. Сака да живеете ем во заедница ем ти да не работиш ништо? Мене ми е големо црвено знаме тоа и никако не би се согласила. Ќе живееш во заедница и ќе зависиш од неговите пари, размисли дали навистина сакаш така да живееш? А и зошто твоите не го сакаат него? Колку често тој се гледал со нив досега откако сте заедно? Забележале нешто кај него што не им се допаѓа? Не си клавај трн во здрава нога. Кажи му јасно и гласно што сакаш.
Па на нејзе и одговара да не работи како што сфатив, затоа што и е тешка работата. Друго е проблемот.
Да, многу поубав живот би имале доколку можеше така да биде, мене навистина не би ми било сеедно ова да не успее, значи човекот ме цени највеќе од било кој до сега што сум била во врска и не сакам да го изгубам, ама ова со неговите воопшто не ми одговара, и многу е подобро за жена кога има слободно време, утре ден деца итн друго е кога е човек слободен
Нема како друг начин, нема каде една е таа куќа, неговите не се лоши луѓе и он не ги слуша многу, ама сепак не знам, ми одговара он како личност многу е фин. Татко ми не се меша, како мене ми одговара така, додека мајка ми стално ми вели нема да се навикнеш ти таму и за неа малце е понижувачки што татко му раб на пазар а мајка му никаде, сепак јас сум од фамилија со татко директор и мајка судијка, ете така она гледа на ова, може мисли дека и јас така гледам на тие работи па нема да се пронајдам таму, плус тоа е село јас од град, ама мене не ми пречи, село е да, ама не е запустено село, од една страна се изненадив колку немам поддршка од мајка ми што секогаш ме поддржувала од друга не знам..што ако е во право?
@Stefani95 , неговите немаат услови за пензија, или немаат моментално пензија, па чекаат да наполнат доволно години и да почнат да земаат? Ако е второто не е лесно меѓутоа понатаму колку толку би си имале свои приходи. Во поглед на финансиите од лично искуство ти кажувам дека е претешко да издржуваш родители и често причина за кавга и незадоволство. Не навлегувам во тоа колку приходи има вереникот и дали има услови да те издржува и тебе ако не работиш и неговите, само ќе ти кажам ние во слична ситуација со две просечни плати едвај успеваме да постигнеме се. Накратко, родителите на сопругот останаа без работа за време на короната. Без никаква заштеда. Неколку години беа на наш грб вклучително и сметки и реновирање по дома и храна и се. Пред некој месец почнаа да земаат пензии, па демек имале долг за враќање, па да застанат на нозе итн и сега ако не 100%, бар за половина од работите се на наш грб. Е за нас тоа значи многу работа, многу нервози, откажување од било какви задоволства. На прсти се брои колку пати сме седнале во ресторан на пример во годината, само за да имаме повеќе за заштеда, тек сега со дете на пат. Од твоите постови не ми изгледа дека си спремна на живот во село и откажување од многу работи. Најдобро е пред било што да имате сериозен разговор вклучително и со неговите што и како би течел животот. Што ако твојот иден сопруг е на работа по 10-12 часа во ден, а ти си "врзана" во домот, сама или со неговите? Дали би ти било тоа задоволство?
Кажи му дека ќе пробаш да живеете така, ама дека не му гарантираш дека ќе се адаптираш. Шо е вистина. Не знаеш во моментов како ќе ти биди... Прашај го шо мисли, за ако не оди како што треба, дали би се нафатил на алтернативно решение.
Вака свесно си ставаш трн во здрава нога. Уште си со розови наочари и не ги согледуваш сите проблеми. Тоа што неговите ќе ви се на грб, цела куќа на вас до крајот на животот е проблем. Еве и да земеш да работиш. Утре ако сакате деца, тоа е голем издаток. Не ти се мешам во изборот дали ќе работиш или не, но ЈАС, здрава права не би се оставила без работа. Но, треба и отворено да разговараш со него.