Некако не ми е многу веродостојна приказнава, ама ај… Прво, очигледно не доволно се познавате за да влезете во брак. Ниту твоите го познаваат штом тек сега паѓате на муабет што работат неговите и сл. Друго, штом веќе си од видна фамилија на судијка и директор, можеби твоите би можеле да помогнат во врска со стамбеното прашање. Нели, не сме 18ти век. Ако не можат веќе да ти купат стан, ете на пр. да помогнат за кредит, а ти да се помачиш уште некое време на работа за да си имате живот во град и без свекор и свекрва. Трето, што ќе правиш по цел ден во село кај што не познаваш никој, без работа? Уште и маж ти те тера да не работиш со веќе слушнатиот токсичен изговор: Не сакам да се мачиш
А зошто не сакаш да работиш? Работата не е само за пари, ќе се надградиш како личност, не ти е без врска да си на товар на сопругот кога можеш да работиш?
Не сте размислувале да живеете настрана заедно? Да си земите стан и да го отплаќате заедно? Каков е неговиот став? На никој не му е лесна работата, ама самостојност имаш, се надоградуваш. Ако појдиш така таму без работа без ништо нема да имаш никаква слобода. За се ќе треба отчет да даваш некому ако немаш ништо свое. Тој ќе работи а ти по цел ден дома и со неговите да се расправаш. Џабе велиш дека нема да дозволи да се мешаат, не оди така тоа ко ќе си во заедница. Размисли убаво дали е тоа живот кој го сакаш, мајка ти не ти се лути за џабе.
Ти смета премногу? Доколку престане да те привлекува физички тогаш стави крај. Ни ти да си губиш време ни тој. Размисли убаво не е океј да си во врска со некој што не те привлекува. За тоа дека ќе натераш некој на нешто сам ако не е свесен..Нема шанси. Јас имав сличен проблем дечко ми пушти стомак. му сметаше и му реков да иди во теретана со мене, не е љубител на теретани па сега внимава на храна и пешачи слатко е немора се да се сфаќа негативно. Али јас имав период на stress eating е некој ако ми речеше дебела, оди во теретана или костур, премногу си како што знаат кај нас да си коментираат крај ќе беше и на пријателство и на се. Затоа размисли дали те привлекува ваков каков што е. Good luck
Не мора да иде у теретана за да ослаби. Може да трча на кеј, да оди на Водно, да пешачи повеќе преку ден.
Генерално може да е проблем тоа што немаат неговите пари и што ќе живеете таму. Но не мора ако ни мајка му ни ти не сте суетни може. Но бракот поред емотивна е и финансиска заедница тоа е според закон. А и во пракса најчесто така е. Така да не е само емоции и кеш е во прашање. Нормално емоциите и односот е побитен.
Моите никогаш не ги интересирало со кој ќе се омажам и кој ми е дечко, очигледно имаат доверба во мене, неколку пати ми рекле кој ти е тебе добар, тој ние нема да се мешаме, истото беше и за сестра ми не се мешаа, моите не ми прават проблем и не се мешаат, ниту зборувам многу со нив на оваа тема. Финансиски ќе ми помогнат тоа секако, кујна, дневна, спална од нивна страна ќе биде ако отидам таму, само многу ми е некако глупо се од моја страна да прават моите, имам и јас пари работам сеуште и заштеда 20.000ден не се многу но би ми се нашле таму, само не сум сигурна како би се навикнала со неговите да функционирам од тоа ми е страв, а мајка ми ја познавам толку, беше малце разочарана кога и кажав дека се ќе треба од почеток да правиме плус и на неговите, мене не ми пречи село и тоа не е баш типично село, 15 мин е оддалечено од град пешки, ниту ми пречи што татко му раб на пазар а мајка му ништо не ги гледам луѓето по тоа, ниту селото ми смета, не можеме да се селиме бидејќи куќата е доста голема, плус тука му е одма бизнисот до куќата и не е изводливо да се иде во стан со што во близина и нема баш некои згради, јас не сакам да го изгубам него, ама проб ми се неговите не знам како со нив би се снашла. Мене најмал проблем ми е што ќе правам во село, се знам со негова братучедка која таму живее и да не е така, јас кога не работев дома седев без проблем не сум тип на човек што не може да седи дома, мене дома ми е дури поубаво од идење на работа. Он е свесен ми кажа дека нема да биде лесно ама јас не сакам да најдам друг и ми одговара да сум пријавена и да не работам, за парите и онака ќе бидат заеднички, ама од такт ме вади дека и тие ќе треба да се делат со неговите
Мајка ти судијка, ти научена на богат живот, сега ќе одиш да живееш во некоја си куќа таму каде што ќе изгубиш неколку години за да ја средиш, ќе ги трпиш неговите згора на се, па уште и да не кажам бидејќи ќе бидеш кај нив дома така кажано се ти ќе работиш бидејќи нели си снаа, а и тој бизнисот што го има тој твојот вереник, кој знае дали ќе му стигне само за твојте трошоци да ги подмири а не пак да реновира по дома и се да дотера до степен за на тебе да ти е ок и да не ти е сиромашно.. Од магаре на коњ лесно се качува, ама обратно кога паѓаш е многу тешко.. Остави го сиромавиот нека си најде некоја сиромашна, ќе ве изедат класните разлики уште одма, него ќе го кривиш и жива ќе се јадеш затоа што од твојот убав живот си отишла да живееш во село, со куќа нереновирана и претпоставувам со мебел од памтивек, а уште и типот е традиционален, дома да седиш, да не работиш, он ќе работел, многу убаво си кажал од старт, дома да седиш, да чистиш, деца да чуваш и пари за влошки да му бараш а ако не ти даде крпи ќе си ставаш..
Мајка ми купуваше цел живот работи. Изгради луксузна куќа. Сега е во пензија и нема пари да ја одржува и за јадење. Не сака да ја продаде. Јас живеев со неа и и давав за јадење. Како би ја продал куќата да ти кажам ептен ќе ми се олесни животот. Ама мајка ми е емотивно врзана за неа. Јас се отселив од куќата брат ми се досели. Знам дека не сака да се продава и и брат ми ќе го почитува тоа. Јас ќе добијам стан два ако се е ок брат ми нека ја чува неа и куќата нека ја земе. Многу напорна жена и сложен за одржување имот.
Па неговите родители реално ќе живеат на негов грб,не ваш.Сега можеш да работиш а кога ќе дојдат децата да си дадеш отказ и да им се посветиш.Друго како за ќерка на судика и директор многу неамбициозна дури чудно ми паѓа.Ако треба да средувате таму и несакате со нив,твоите можат да ти помогнат,финансиски сигурно подобро стојат од неговите.
Тоа што сега уште не појдена таму ти смета во брак ќе ти смета уште повеќе во врска со парите. Кога ќе се најдите во ситуација да бирате дали да се оди на одмор или пример да се купи нова гарнитура за кај неговите е тек тогаш почнуваат маките. И за се останато. Парите колку и да се, се ограничени. Не е исто од едно купче да мислиш и делиш за двајца и за четврорица. А во иднина и со дете ќе се затегаат и трошоците и кругот.
Љубовта е слепа. Шала настрана. Женскава треба да си размисли сериозно што да одбере. Ние тука до утре можеме да даваме совети, но утре таа ќе си живее со свекорот и свекрвата. Има две опции. Или да се омажи, или да не се омажи.
Или да се омажи и да го трпи сето ова или да бара друго чаре. Пред да се прифати нешто вакво трееда се зборува за сите теми, а не отпосле. Јас би ја советувала и таа да работи а не да ги слуша муабетите од идниот сопруг ако дојде до тоа, поинаку е кога си имаш свои пари во џеб.
Чуј чуј чуј... На нејзе и одговарало да седи дома а да не работи а парите заеднички Ама и смета што неговите немаат пензија и ке живееле на НИВНИ ГРБ. Луд јебе нормалан!? Твоите премногу те разгалиле.... За да живеат они на ваш грб треба да работиш ти и да се ТВОИТЕ пари заеднички. Сите ли што се маживте сте дошле вака на готово? Куќа, бизнис и само седите дома? Не дека оправдувам тоа што тие немаат пензија ама ти сакаш да бидеш иста како нив кога ке бидеш свекрва?
Да си ми жива Нејзе може да ја издржава, ама СВОИТЕ РОДИТЕЛИ ако ги издржава многу ќе дошло Жити се Ја пре би моите да ги издржавам како постари и помалку работоспособни, него дечко ми у иднина