Пази, тој и рекол да не се измачува па и да ја пријавил само, не мора да работи. Она едвај чекала да ги слушне тие зборови. Кај ги наоѓате бе такви ?
До кога со овие полемики,предрасуди и поделби? 21 век сме. Љубовта не гледа класни разлики. Ја советувате да го остави поради материјалните работи, додека апстрактните жмаат под тепих. Освен тоа дечко ти твој не е должен да ти плаќа теретана,плати си сама. Остави го човекот на мир.
Јас се чудам како млада личност би сакала по цел ден дома затворена со свекор и свекрва па и без нив да си, зошто да си дома и да очекуваш од друг пари на готово, зошто да не си самостојна? Не може цел живот и од мама и тато да зависиш... Во врска со неговите, тие функционирале така и веројатно така и ќе продолжат. Дека тебе ќе те издржува а нив ќе ги остави тоа малку потешко. Имаш избор, или да се навикнеш на тоа и да не ти смета што ќе вложува и за нив или да прекинеш.
Па додека немаш дете можеш да работиш, па после првата година има нешто што се вика породилно, па пак се враќаш на работа. Постои градинка за деца итн. Преубаво е кога заработуваш, си успешна професионално и можеш да имаш фамилија и така, замисли. За година две ќе си ја траскаш главата коа ќе те манипулира со тоа што ти дава пари ама ти си знаеш
Се согласувам со тебе, пред се таа ќе живее со него, не е битно ни од какво семејство потекнува ни во какво влегува, кога се одлучуваш на таков чекор за заеднички живот логично е и таа да има удел. Сепак заедничко е.
Јас му реков да плаќа теретана и за двајцата за него, да се чувствува поубаво и да биде со помала килажа, за него да му биде поубаво и за неговото здравје, јас потреба од теретана немам и да е до мене, ич не би ни одела во теретана ама ќе одев поради него..
Луѓето го родиле, пораснале, воспитале, школувале итн. Направиле се за него, кој знае од кога последен пат биле на одмор или си купиле нешто за нив само за да има за него и еден ден кога нема да можат сакаш тој да не се грижи за нив? Ццц Знаеш што ако стварно го сакаш остави го пред да почнеш да го нервираш и да му го згорчиш животот.
Ама он очигледно неќе да намали килажа.Тоа ти викаме.Он бира ресторан и храна и да фукне 1500 за храна, место да се поти и вежба.
Ич не си во право. Обврска е да го издржуваш детето кое ти сам си го створил, додека да порасне нели. Нема сигурно комшијата да му плаќа образование и да му купува патики. Амаа, на психофизички здрави особи како што се родителите на вереникот, епа колку сака нека ми се родители, не може да ги издржувам цело време. Јас да сум во нејзина ситуација би ми пречело да се двои цела една плата која треба да е за нас/нашите деца и да оди кај неговите родители. Јес да, сфаќам да помагаш одреден период, криза, губење на работа , се’ може да те снајде,ама цел живот да си на грб на некој, тоа е чист паразитизам.
Ќе бидам реална, колку и да мислиш за негово добро, колку и да се грижиш и добронамерно постапуваш со него и му предложуваш, не секогаш или барем во повеќето случаи спротивната страна тоа го прифаќа како навреда и понижување и малку по малку ќе почне да се повлекува.. Ова е само мое размислување..
Претходно членката бараше совет како да му каже дека е угоен и дека нејзе не и е убаво да е дебел. Сакала да биде слаб зашто нејзе така ќе и е поубаво.
Тогаш погрешно сум сфатила, во овој случај сигурно би бил навреден, затоа што нејзи не и е привлечен.
Зошто дечко ти/вереникот треба да ти раскине: 1. страв ти е да не ти се мешаат неговите во бракот а веќе мајка ти почнала да ти се меша и ја слушаш 2. мислиш дека си дете од фамилија, односно подобра од него, многу надмено 3. ти смета што мајка му не работи а во исто време ти нејќеш да работиш и викаш дека е подобро жена што има дете да седи дома - зошто двојни стандарди за тебе и мајка му? 4. ти смета што неговите немаат пензија а ако не работиш како ќе имаш ти пензија? а да, од дечко ти 5. еве пошо викаш дека си дете од фамилија, си имала доволно услови и за кариера и бизнис ама пак не си постигнала ништо, а дечко ти го постигнал тоа најверојатно без помош од родителите - извини ама што придонесуваш ти во вашиот брак? што ќе дадеш на твоите деца? 6. неговите пари се заеднички ама ако твоите помогнат да се реновира куќата, се нервираш - значи ти си партнер што сака да зема а нејќе да дава 7. страв ти е за финансиски проблеми во бракот и место да разговараш со него за целава ситуација и за тоа како ќе постигне тој да ве издржува сите сам, се обраќаш кај мајка ти и на непознати-- ако не можеш со него да разговараш за проблеми, значи не си баш зрела за брак
Луѓето никогаш нема да дозволат да зависат од нивниот син, ќе работат до последен здив. Ама годините си го носат своето и некој ќе треба да ги носи по доктори, некој ќе треба да им купи леб, и да ги понуди со храна. Ако направи манџа за нив ништо нема да ја чини ако има 2 чинии и за нив. Ете лично јас неможам да ги делам моите по се што имаат направено за мене, а нема да ги оставам ниту нејзините. За тоа е фамилија и во добро и во лошо.
Мислам дека девојчето јасно кажа каков и е ставот и кои се нејзините стравови.. @Aljosha кратко и јасно објасни Не знам на која возраст е ама очигледно и е рано за брак.. Што знам..