Да не има некој проблем? Си пробала тоа да дознаеш? Со разговор со убаво? Или напрај вечера викни го, направи лабава атмосфера да може да се отвори.Ама пополека.
Сигурно има нешто што го мачи. Мојот работи 24/7 и е понервозен поради што не може време убаво да ми посвети.
Не верувам дека он се нервира пошо не може да ми посвети внимание. Не е таков тип. Друга работа, роденден ми е денес и еве трета година по ред тој не се замара да купи нешто или да направи нешто за мене. Додека јас секогаш му купувам поклон, му спремам некое од омилените јадења и слично.
И јас го имав истиот проблем. Провери му го телефонот. И седни направи уште еднаш убаво муабет со него дај му месец дена да се поправи. Ако не се поправи не си губи веќе време со него заслужуваш многу подобро.
Среќен нека ти е роденденот!!! Колку време сте заедно? Ми изгледа доста оладен според ова што кажуваш
Еднаш се осудив да го направам тоа и на крај проблемот беше не тоа јас што го најдов во телефонот него инвазијата на приватност. Никад више. Подобро да не знам. 3 години заедно. Фала на честитките бај д веј ❤️
Значи сепак си имала најдено нешто и си продолжила со него? Ништо чудно и сега да ти работи зад грб. Со сила убавина не бидува, подобро да се разделите, отколку во напната и токсична атмосфера да живеете секој ден.
Не сакам да звучам материјалистично пошто реално тоа не е ни најголемиот проблем. Не сум ни навикната да добивам подароци од никого за роденден но би сакала малку повеќе пажња од едно "Среќен роденден". Не знам, можеби многу барам.
Абе еден букет да е ќе се израдуваш Цвеќе од улица да скубне. Знак на поштовање.Башка кој не сака поклони? Нема таква особа
Го поддржувам мислењето на @cresa-jagoda едноставно е знак дека има нешто.. Види денес како ќе се однесува ..Не си ти материјалист, туку ако те сака малку ќе се потруди, макар една ружа на посебен начин да ти ја поклони..
Не, не бараш многу, нормално е да се посвети внимание на личност што ја сакаш, особено за роденден. Нешто не ви штима во врската, мора да разговараш сериозно дека ако се продолжи така подобро е да се стави крај. Не е коректно таквото однесување, сите имаме денови, моменти кога сме напнати, ама не можи тоа да е константно. Среќен роденден и запамти секој заслужува внимание
Најдов, да. Неколку пати го фатив да прави нешто што не секој би бил океј со тоа. Барем знам дека јас не сум. Не знам зошто сум со него. Само знам дека никогаш во животот се немам заљубено толку, немам сакано толку и се немам грижено за некого толку. А добивам толку малку за возврат.. Во право си скрос ама на некои луѓе не им текнува... ваљда.
Ако не си ок со тоа што го прави, ако си му укажала неколку пати, а тој продолжува по негово, не си губи време, преќини. Колку и да го сакаш некого, се има граница
Не сум со него денес. За што и ми се налути. Ама знаев дека само ќе дремам дома и дека ништо нема да правиме. Моите испланираа вечера па заминав кај нив.
Што дека одев со копукот 4 години, за секој роденден проблем ми правеше и беше мамина маза не знаеше што да поклони, на крај ми даде 1000 денари од новчаник и ми рече Купи си што сакаш, и погоди што.. Му реков: Еј фала многу се имаш измачено, нема потреба пари имам за купување, го платив кафето и си заминав како попарена.. После си викам, па јас ли да бидам попарена ?? Моите ми купија сребрени ушнички и плико со пари и си објавив за да се попари он..
Нека се лути и нека рипа до плафон ако сака, штом мозочето не му рипа..јбг Ти битно имај најубав роденден