И ја мислам така. Колку и да ќе ти е тешко, помини го денот со твоите.И така ќе ти е убаво и весело Очигледно има нешто.Немој денов да си го расипуваш!!
Иако е анонимен форум, ми значи многу тоа што ми честитате и одвојувате време за да ми вратите и што ме советувате. Ви благодарам. Се утепав плачејќи од сабајле ама секоја година си ренцам на роденден, не е до дечко ми. Океј, може малку
Заслужуваш многу повеќе. Не вреди ниту ден да поминеш со оваква личност со која си нашла докази. Верувај, без секој се може, само без самиот себе не се може. А овака, ти си наштетуваш и се губиш самата себе минејќи го животот покрај погрешна особа. Направи ја промената побрзо, ќе ти олесни, верувај. Среќен роденден бтв.
Не е вреден ни за дел од една твоја солза. Убава, паметна, ценета, почитувана, па никој не би дозволил едно магаре шо не знае како сам со себе да те натера да ренцаш, нема ренцање, од инат и за брдејов дури и да искочиш вечер со друштво. кис <3
Најпрвин, среќен роденден, ти го посакувам сето најубаво на светот. Веќе ти кажаа совети и ќе се согласам со нив. Се пронајдов во тебе. Пред 3 недели раскинав со дечко за кого правев се и сешто за да на крајот дознаам дека ме изневерил. Неговото однесување беше променливо и затоа почнав да се сомневам. Звучи детски и решив да го тестирам, тој падна на тестот, си го покажа вистинското лице и пукна тиквата. А јас наивна, се правев за него. А за возврат, ниту трошки не добивав. Не викам дека те изневерува и слично но сакав да ти дадам подршка и да ти кажам дека заслужуваш подобро. Да, не се малку три години но дали би сакала иднина со ваков човек? И ова - заслужуваш подобро звучи клише, но вистина е така. Во врската треба взаемно борење, да имаш фидбек од партнерот. Помини си најубаво на роденденот и знам дека ќе ја донесеш правилната одлука. Те молам, не се уништувај. Те гушкам.
Среќен нека ти е роденденот, а тој ропакот срам да го фати, малце од малце чувство и романтичност да има, че те изненади барем еднаш во годината, а за останатото да не прајме муабет, чим викаш за роденден не ти дава поклон..
Нема полошо од тоа на роденден да си тажен, посебно ако причина за тага ти е човек кој треба да те прави среќна. Твој роденден е, ама тој заслужува едно убаво "изненадување". Не се враќај кај него, остани со твоите па нека се изненади. Кога си доволно долго со некој, го познаваш како диши, штом гледаш дека има нешто мислам дека интуицијата не те лажи. Мене ме нервира кога мора да молиш за разговор. Ако имал друг проблем или проблем со тебе, не мора ни да го прашаш, сам треба да си олесни со разговор со тебе. Ми личи на манипулатор. Да не мислиш дека бараш премногу или дека не заслужуваш, внимание е минимумот шо треба да се добива. Мислам дека заслужуваш подобар. Иии, да бидиш најсреќна!
Не знам како постојат такви што не се замараат со роденден на блиска личност. Јас за другарка се јавувам, честитам, пишам порака, спремен поклон секогаш и тоа го мислам неколку месеци уназад, а не па за партнер.
Искрено членката многу добро ја разбирам, пресеков и сега летам.. Дечко ми едвај чека роденден мој, планира се живо па макар и дома да сме, само му е битно да не планирам ништо и секогаш ме изненадува со нешто..
Decko isto kako sto pisuvas tuka,ma ic ne se srami ti e gajle,ako ne saka ima nekoja druga sto ke saka,opusti se,baram mozi i postari od tebe,ke se najde,chill malku,premnogu razmisluvas,samo relax,isto kako da si na chat,koj te znae ovde???taka i vo real life,uzivaj,za sovet tuka sum,pozz kiss
Ама не разбирате вие. Од истата причина поради која другарка ти го добила велосипедот од истата она него го тера со сила да оди во теретана. Пред неколку дена пипуваче дека дечко и се здебелил и пуштил цициња а на неа тоа и сметало.
Среќен роденден и да те следат само убавини Мислам дека потсвесно ти е јасно дека не те заслужува и дека треба да прекинеш со врскава. Знам дека 3 години е долг период, но замисли да заглавиш за цел живот? Пресечи ја работата во корен, посвети се на себе и ќе го преболиш. Времето ќе ти донесе некој нов, кој ќе те цени и сака бескрајно. Денес помини си најубаво со твоите и нека следната година ти биде најубавиот роденден, полн, најполн со љубов.
Среќен роденден Се надевам дека денес самата ќе си го дадеш најдобриот поклон со тоа што ќе почнеш да си се вреднуваш.
Пишував тука, почнав да се сомневам во него поради некои причини. Инсистираше за одмор, па не знам со кој памет ми текна да му кажам мала ситна лага (иако бев дел и принудена за тоа поради други причини.) Му ја кажав лагата, ме фати и му падна маската. 2 - 3 дена по тоа дознав за изневерувањето, со мене и со друга во исто време. Не се гордеам со мојата лага ама целта ми беше да видам колку сум му битна затоа што често го менуваше расположението а никако не можев да откријам. Не знаев како со него повеќе. Манипулираше со мене на моменти. Денес ок, утре не, јас бев при крај со трпение бидејќи и претходно имал лоши испади. Да не го направев тоа со лагата денес уште ќе верував во бајка колку тој ме сака додека се гледал и со друга. Ќе отидев со него на одмор, ќе фрлев кој знае колку пари и ќе ги оставев моите на цедило поради домашната состојба заради неговите потреби.
Да, комуникација со други. Вниманието каде му е насочено. Ако еднаш си нашла нешто што не треба - бегај. Јас 5 пати наоѓав и секој пат ме напаѓаше тоа не било важно. Ти само ке мислиш на тоа и ке се измачуваш и ке ти биде одвратно кога ке фати телефон.