Во моментов најмал проблем е дали ти купил нешто или не, и дали ти си била задоволна или не. Да ти каже неблагодарна си, во стил имаш превисоки очекувања (што не велам дека ги имаш, ама да речеме тој така ги гледа), ај ќе сфатам (и тоа пак важен е начинот на кој ќе го каже), некои девојки навистина не се задоволуваат со ништо помалку од луксуз. Ама партнерот, личноста со која делиш толку многу и што те сака можеби најмногу да ти се обрати со "piece of shit" е преголема непочит и знак колку малку му вредиш, барем за мене е така.
Лелее не, што прочитав.... После три години ти купува првпат торта и на крај ти вика неблагодарна? Не, не си неблагодарна, сите сакаат внимание од дечкото(или девојка, сеедно), овој ти дава трошки и после те обвинува дека ти бараш премногу.
Буквално. Се напалија, торта и купил. А, тоа што три години е идиот и како ја навредил, никому ништо.
Се гледа дека прави колку да се каже дека направил, демек со тоа што ѝ купил нешто(во кое што не се вложил ич романтично) надоместува за претходното.
Не го анализирајте него, и онака нема да чита на форум и научи нешто поарно, туку посоветувајте ја оваа и прашајте ја зошто е со него. Вака од груба слика мислам дека воопшто не е заинтересиран, јас се сомневам и дека некогаш ја ислушува како шо треба неа или па да и биди рамо за поддршка... тешко.
Па ако ја сака и почитува, нема да и каже дека е неблагодарна заради таа една торта, туку би се потрудил за нешто повеќе...Он не дава никакви знаци дека девојката му значи и ја почитува.. А што се однесува до роденденот, за неа е посебен ден од годината зошто да е тажна?
Купил торта колку за да се извади дека направил еве нешто. Не е проблем поклонот, можи да биди нешто од 500 денари можи да биди и од 5000, битна е честа. И едно чоколадо од 50 денари да ти подари ќе бидиш пресреќен оти ете се сетил на мене, можи да е и ружа од 100 денари. Не можи да си со некој 3 години и во ниту еден момент да посветиш внимание за партнерот. Па уште и да се правиш дека не пишуваш со други, а си фатен на дело. Па уште и неблагодарна била. На крајот ќе испадни членката дека е крива
Според тоа што членката напиша дека тој криел нешто од неа, начинот на кој се однесува со неа, членката се налутила за тортата како подарок,а не за начинот на кој ја третира неа, мене ми е тоа повеќе материјалистички.Со сегашниот маж, бевме во врска 5 години, за роденден никогаш не купил нешто скапо, јас бев среќна и кога ќе ми го купеше омиленото чоколадо и ми честиташе роденден, ама со мене се однесуваше секогаш со љубов и со почит. Никакви пари не може да го купи тоа.
Кажа дека одат 3 години, дека во последно време е напнат и дека се што ќе кажи она и одвраќа... Не е само поклонот туку и неговото однесување
Тоа е проблемот што доведе девојката да не биде воодушевена од ништо на својот роденден.. Тоа што не ја почитува и цени..
Овде членката пишува повеќе за разочарувањето од тортата како поклон отколку за разочарувањето од неговото однесување кон неа. Мислам стварно е неблагодарна според мене, ако само мисли за подарок. Почитувајте се повеќе и сакајте се, не мора некој друг да ви купува скапи поклони, барајте да Ви пружи љубов и почит.
Ти ја сфаќам поентата, ама во случајов не верувам дека е тоа темата. Девојката има огромни проблеми, каде што не се работи за торта или поклон, туку за недостиг од почит, и љубов пред се. Тортата, како торта, е само "јаготката" на "шлагот" на сите проблеми што ги има во врската. И затоа, подобро е да продолжи со нов живот.
Негово однесување (според пишаното) е за никаде и има 100 црвени знамиња. Не и посветува внимание години наназад, се допишувал, ладен е, не сака да разговара, сега и ја вреѓа на роденденот. Ама то го кажавме минатиот пат. Џабе е ако после секоја негова постапка се враќаш тука за совет, ние да велиме да во право си тој не чини. Или ќе се разберите или ќе се разделите. Ама ако не разговара и вреѓа не знам како ќе се разберите. Торта е супер поклон, одличен, ама ако изминатите години се однесувал како шо треба. Сега и патување до Марс да поклонел нема да смени ништо.
Поубаво објасни отколку што би можела јас. @Мамичка воопшто не "мислам само на поклон" лол, не сум толку плитка. Човеков ми најави дека ми спремал изненадување. Не очекував дека тоа е торта што ја купил од слаткарница што некој друг ја направил и му ја доставил до врата. Пак ќе напоменам дека се заблагодарив но за мене не е тоа тоа. Ти ако си задоволна од чоколадо, супер за тебе. Јас не сум. Не барам мене Ламборџини да ми купува но една честитка да ми напишеше (што бтв кошта далеку помалку од торта) ќе бев пресреќна пошто ќе знаев дека самиот се потрудил. Јас знам колку се трудам него да го направам среќен но еве, ако не е на работа, гејма по цел ден и добивам апсолутно 0 внимание. Не ми смета тоа што гејма, знам дека тоа е негово хоби и го исполнува. Константно сме само дома и никогаш немаме идено на дејт (освен на почетокот) или пак на филм или пак на било што друго. Неколку пати имаме шетнато до парк и тоа е тоа. И кога ќе спремам нешто за јадење, не е ни присутен - или седи на телефон или пушта да гледа нешто на компјутер. И не, не е за пари. Дури ми е глупо што треба да го нагласам тоа. Едноставно сакам дечко ми да се однесува како да ми е дечко. Не се изразив точно како што сакав ама се надевам дека е сфатливо.
Убаво си кажа, само треба човек да те разбере, повеќето те сфативме што сакаш да кажеш и целосно си во право..Гледај сега ти да си среќна, он нека си ја гејма неговата иднина...
Бившиот така праеше. Ќе ме извреѓа, ќе ме изневери, ќе ме истепа, па ќе плачи, ќе рика и ќе носи поклони.