Без разлика на резултатите, и да речеме дека си бремена еве, детето не заслужува ваков татко. Што поскоро го решиш ова, подобро.
Еден совет, не постирај тука (или било каде) принтскринови од конверзации со него или сестра му, можеби сестра му е членка тука или го чита форумов, а го читаат и многу гости верувај ми, па случајно да залута на темава, па да го советува и да знае каков следен чекор да преземе. Верувај форумов мене лично ми е поинтересен за читање отколку жута штампа. Второ, ако навистина немаш намера во ниту еден случај да ја обновиш врската со него, тогаш како што те советуваат блокирај го од секаде, не отворај му врата, не му одговарај на улица доколку те сретне и толку. Не ни пишувај за него секојдневно што и како направил, ја затвораш таа страница и крај. Колку побрзо, толку подобро.
Jas sum 22 Za ova si potpolno vo pravo pomisliv ama si rekov ajde razgovor e nema veze ... sega probuvam nemozam da go izbrisam .. pamet za drug pat fala ti na sovetot
Па, не сте во многу долга врска, можеби затоа. Кажи му дека сакаш да се запознаеш, види како ќе изреагира. Може не излегла ситуација, а може и намерно не сака да те запознае. Прашај го директно.
Според мене си премлада за да ти е сега толку одлуката за дете упорна со ваков човек ама ти си знаеш....
Колку помалку запознавања со друштва толку поарно. Не е толку битно да те запознава со друштвото така да не се замарај со небитни работи.
И според неговите кажувања како никој да не е заинтересиран да излезете сите заедно? Или не сте уште озбилно во врска според мислење на дечко ти или нешто има, а не сака да ти каже се. Разговарај со него, кажи му сакам да ме претставиш јавно во твое друштво па ќе видиш на што си.
И да и не. Поделено е. Од една страна убаво е да не се мешате со луѓе на почеток,а од друга страна пак е добро да излезете со нив. Спомни му ти,прати како ќе изреагира.