Здраво. Во врска сум од јануари, прво беше со физичко гледање излегување но мојот дечко средина на март отиде во Германија да работи. Се беше прекрасно уште на почетокот тој почна да ме запознава со неговите другари, потоа кога отиде константно се слушавме, пишувавме. Испланиравме и заеднички одмор за кога ќе се врати. Тој се врати во август и веднаш бевме заедно на одмор, ме запозна и со неговите родители, баба, дедо баш со сите... Тоа е посебно чудно бидејќи претходно никогаш не однел девојче дома тоа ми го кажаа и неговите и тој самиот. Се беше прекрасно тој ми кажа дека мене најмногу ме сака од сите претходни. Остана тука до средина на август и потоа пак мораше да се врати во Германија. Е од тука почнува мојот проблем. Откако тој отиде таму јас почнав да не го препознавам... Убавите пораки веќе ги немаше, разговорите беа се поретки, пократки. Како таа љубов да почна да исчезнува. Пред 20 дена ми кажа дека сака да прекинеме на кратко барем еден месец, дека не се чувствува добро сака да одмори од се. Ама и покрај прекинот на врската тој сакаше нашата комуникација да не престане , да пишуваме, да зборуваме , да излегуваме најнормално. Јас прво не се согласив, плачев се нервирав но тој побара време и кажа дека се ќе биде во ред. На крајот прифатив бидејќи знам дека му е тешко таму, а и многу го сакам. Продолживме да пишуваме по цел ден, дури и повеќе од претходно. Бевме постојано во контакт. Пред 2 дена тој си дојде од Германија без на никој да каже ниту на неговите. Веднаш дојде кај мене, ме изненади, како сеуште да е се нормално. Тој продолжи се како што застана, ме запозна веднаш со уште еден негов другар, па со брат му. Вчера цел ден бевме заедно кај неговите дома, тој самиот ме викаше. Па бевме кај моите баба и дедо како секој нормален пар. Еве денеска пак си отиде за Германија бев кај него го испратив, тој самиот инсистираше да останам уште со неговата мајка кај него. Се е прекрасно како сеуште да ме сака. Но, во друг момент е толку ладен кон мене, ми прави проблеми за слика од мене и него што стои кај мене на профил, ми вели избриши ја. Како да не сака да има ништо со мене. Не ми е јасно, го прашувам ми вели се ќе биде во ред, а после ми вели уште повеќе ќе се разочарам. Може ли некој совет? Што мислите вие дали ме сака сеуште? Навистина некои постапки не ми се јасни, доколку веќе не ме сака зошто ме води кај него дома, зошто ме запознава со другари... Ве молам за помош и за ваше мислење за ситуацијава...
Ми мириса дека има друга у Немачка, затоа и да не ставаш слики. Кога ќе си дојде си има тука женска, таму уште една.
Каква е таа пауза од врска, ако комуникацијата не е прекината и се однесувате како да сте во врска, ама не сте? Му било напорно, сакал пауза од сѐ, ама не и од комуникацијата. Значи све е исто, само ако некој сака - во меѓувреме може да си излезе со други, без да има грижа на совест. Па после тоа да се продолжи како претходно, како ништо да не било. Мене тоа запознавањето со сите ми изгледа исфорсирано и напорно. Посебно ако поголемиот дел од времето го поминувате со други луѓе при врска на далечина. Ќе се разочарал уште повеќе ако на профилна имаш слика со него? Има секакви карактери, тоа со социјалните мрежи е друга тема и до негде разбирам. Ама премногу има црвени знаменца, што и ова станува црвено знаменце.
Јас разбирам дека може прво на тоа да си помислиш, ама мислам дека не е така. Бидејќи мојот братучед е таму со него, живеат во исти стан и не би ми било логично братучед ми да не ми каже за такво нешто. По цел ден се заедно..
Ни мене не ми е јасно сето ова искрено. Но, тој сега беше тука само 3 дена, ако имал друга би излегол со неа само еднаш... Таму максимално што може да направи е да пишува на други. А каква корист ќе има од тоа ако за 1 месец, повторно бидеме заедно во врска. Не ми е јасно навистина. Не знам што да правам..
Отворено прашај го што му е целта. Не можиш да си со некој во врска, па после да не си, па пак да си. Тоа е играње со твоите чувства. Пауза ама ќе комуницираме. Или сте во врска или не сте. Отворено прашај си немој да нагодуваш што мисли. Така ќе се измачуваш.
Го прашувам, но слабо ми одговара. Единствен одговор му е дека е уморен од се, дека му е преку глава, дека сака некое време да нема одговорност кон никој. Денеска пак ќе разговарам со него. Но тој е таков по природа многу е затворен, не зборува воопшто.
Ако сака да се сокрие ќе најде начин верувај па и ти да си со него таму. Сака да му останеш на лагер вака кога ќе му текне. Ако те сака нема паузи глупости да бара, тешко му било бе . Не си барај оправдување туку батали го и продолжи си со животот, ќе си најдеш некој што едвај ќе чека да те види а не да ти бара простор. Тоа од мене, ти си знаеш натака.
На сите некогаш ни е смачено од се, сакаме да бидиме сами, али тоа поминва, ден два, една недела, ќе си средиш мисли. Не значи дека треба да си игра со партнерот топло ладно, ако сака да е со некој ќе си ги среди мислите и ќе оди напред, а ако не сака фер е да биди искрен. Зошто да немаш слика со него на социјална мрежа кога сте во врска. Колку години имате?
Не сте на почеток на врска за да бидеш уште несигурна во него и во прашалници на што сте. Тоа што некој е затворен по природа не е изговор што не кажува ништо. Може да биде затворен со цел да прикрие нешто. Ако толку те запознава со сите можни роднини и пријатели, треба да е отворен спрема тебе.
Одговорност? Ти си му одговорност? Девојче, направи си услуга себе и замини си. Ебати љубовта ако се однесува така. Заедно сме, па не сме заедно, па те сакам па тргни ја сликата. Каква црна љубов, какви бакрачи. Типот си има таму некоја, братучед ти и да знае можеби не сака да се меша. А и можеби и не знае а тој вешто да се крие. У секој случај не ми изгледа на човек што знае што сака. Да одморил од се? Од што?
Наместо да трчаш по него остави тој да трча по тебе. Биди и ти ладна ако тогаш не се смени значи не ти бил суден.
@Happier многу чуден и комплициран однос. Те бара кога му е ќејф, ти фрла трошки љубов, после тоа те држи на дистанца. Не ти е потребен, си игра со тебе топло-ладно и на некој начин те манипулира да му бидеш достапна кога сака он.
Која е поентата на таа “Пауза во врска” , просветлете ме ве молам. Никогаш не сум сфатила, која е разликата од раскинување, па после ако судбината ве спои пак, океј. Или “пауза” ви е гаранција некоја дека ќе ви се врати, одкако ќе се из*бе со која стигне?
И јас сакам дефиниција за пауза во врска. Неизвесност, прашалници до каде сте, дали има друг/а и губење време, ништо друго. Друга работа за која можеби не сум во право, ама брзање и форсирање да се запознаеш со сите блиски и далечни мислам дека е само средство за манипулација. Демек те запознав со сите и то е гаранција за љубов и вечност. Нормално дека треба да се запознаваш, ама спонтано.
Секоја пауза поголема од неколку дена, кои се доволно да се изладат главите, смират мислите и да се знае што се сака, е само и само за да може да се е*ат со други, со чиста совест.
Ме потсети на мене искрено, имаше такви ситуации каде што одиме ама "Ти си за дома " . Е сега, јасно е дека после пауза нема да е исто и дека ретки се случаевите кои после пауза успеале со врска.. Кај него игра она - после е*ење нема каење, тој може да е со било која а ти дома мисли се дали тебе те сака или не.. Тој на овој начин си игра со тебе, пробај ти со игнорирање, кога ќе дојде од Германија биди ладна, пробај тргни се зошто тогаш машкото мислам дека повеќе се зближува, мисли дека ја има контролата врз тебе ама зошто па некој да те контролира? Вака прави по нецела година врска.. Јас бев во размислување дечко ми да се запознае со моите на 6 месеци од врска, посака и моите сакаа, јас од траума мислев дека повторно ќе бидам само за дома , ама на крај не остана човек од негова страна што не ме запозна.. Да не ти е криво, боље спречити него лечити, си заслужуваш најдобро..