Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. БиЧос

    БиЧос Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    А, и ако е уморен нека се одмори.. Да знаеш дека без секого се може , сакај си се најмногу себеси и цени се немој да се уморуваш, тешко ти е, збунета си , но дај си време на себе и размисли дали човекот ТЕБЕ те заслужува..
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    9.913
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе. Но, човек некого ако сака, секогаш ќе најде време. Барем и да се 10 мин. од денот. Така да, нека си размисли за него.
     
    На БиЧос му/ѝ се допаѓа ова.
  3. БиЧос

    БиЧос Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    И да се разјасни, не постои пауза, или оди или не оди, тоа е мојот заклучок..
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  4. flawless.

    flawless. Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    1.254
    Пол:
    Женски
    Не сакам да те разочарувам, ама и јас делам мислење бидејќи сум била сведок каде што мој другар не кажа на сестра му...значи брат, а не па братучед...
     
    На sj *O* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    1.540
    Каква пауза во врска бре,па ова не е касетофон па ќе прајме пауза па плеј.
     
    На IRBBB, Dumbledore, bicycle и 2 други им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.364
    Пол:
    Женски
    Пауза во врска стално ќе ме потсеќа на Рос и Рејчел од Пријатели:lol:
     
    На sj *O*, penelope10 и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  7. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.093
    Дали би оставиле некого само поради неговото минато? До вчера си била најдобра, дознава нешто за тебе и стануваш најлошата жена на светот.

    Пишував во друга тема пред некој ден. Проблемот достигна до многу високо ниво, до фаза на разделба сме, зошто во кавга ме навреди многу. Му кажав работи за мене од пред неколку години што не може да ги прифати. Бившиот дечко што зборел за мене, долга љубовна приказна имавме. Бев млада, ни се случи непланирана бременост, абортирав по своја одлука, не бев спремна финансиски за дете во тие години. Поминаа години од тогаш, за мене тоа е само минато. Тој е оженет, дете има прваче, долг период е поминат од тие случувања. Кога се разделивме следниот дечко ми беше од друга вера. Бившиот ме обвинуваше со месеци дека сум одлучила да абортирам и да се разделам за да се курвам со мажи од друга вера. Тоа си го проектираше самиот, не беше така, тој сакаше да верува во тоа. После кога се ожени, се откачи од мене се до викендов.
    Сегашниот партнер не го знаеше тоа, не сме разговарале за минатото детално толку, тоа само двајца во мојот живот го знаат. Не можел да го прифати фактот за врската со некој од друга вера, за тоа дека не ми била прва бременост. Што не ми кажа во кавга. Да знаел порано каква сум била, никогаш немало да е со мене, ни би сакал да имал дете со ваква жена.
    После ова дури и да се смириме, ќе биде само поради бебето, секогаш ќе ми префрла за моето минато, чувствувам.
    Олеснително е што не сме земени, разделбата ќе помине без влечкање по судови, единствено ќе страда нашето дете. Оваа бременоста за мене е посакувана, дали со него или без него јас секако ќе го родам детето. Не можам да верувам, до пред некој ден беше се добро, колку се промени. Многу беше агресивен, викаше, не сум го видела толку лут во животот, се исплашив да не премине во физички напад, но не се случи ништо такво. Само вербални навреди, нешто низ кое не можам да поминам после се.
     
  8. flawless.

    flawless. Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    1.254
    Пол:
    Женски
    Многу мразам такви неизживеани луѓе кои се мешаат секаде.. прво тој бившиот, а и тој "пријател" се чудам со кое лице би му го кажал тоа...Но, мислам дека ако вереникот е како што треба, за такви муабети би му изреагирал остро на такви пријатели. Минатото е минато и нема право да се лути за тоа, треба да е доволно зрел за да не допираат до него такви муабети, а не да те навредува. Постојат теми кои со причина останале во минатото и ги знаат малку луѓе или никој не ги знае, и така и треба да остане. Да си криела нешто додека си била со него, тогаш нека се лути, но вака не гледам валидна причина. Не знам колку би ти помогнала со моите совети, ама според неговата реакција мислам дека тој не би го заборавил тоа и при секоја кавга би го започнал тој муабет...олеснителна околност ти е што не си во брак, спаси се на време бидејќи тоа бебе понатаму повеќе би било повредено во токсична средина отколку со еден родител :)
     
    На senza.parole, Luminary, FridaodaMk и 3 други им се допаѓа ова.
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.364
    Пол:
    Женски
    Зависи за какво минато станува збор, ако имал пороци во минатото, насилни и нервозни испади, долгови, лихвари или кривично досие-не би била со таква личност, а за бурен љубовен живот пред мене, врски, љубови и романси- не би ме интересирало да знам детали ниту би ми влијаело.

    За спојлерот, мое мислење е дека тој бившиот што те оговара без никаков срам и почит изгледа не те преболел и после толку години, во спротивно не знам зошто иначе воопшто би те спомнувал. Во секој случај многу ниско од негова страна.
    Со сегашниот партнер според мене си требала да бидеш искрена за абортусот, можеби порано или подоцна сигурно ќе дознаел и не знам што би му сменило тој податок, а за врски од различна вера жално што сеуште се гледа со презир како нешто најлошо што може да ти се случи-да се вљубиш во некој од друга вера, кај нас тоа тешко дека ќе се искорени за жал.

    Разговарајте двајцата со смирени глави и договорете се, ако не може да премине преку твоето минато-разделете се, тоа ќе е најдобро решение и за двајцата иако и најтешко со оглед на твојата ситуација, но знај дека човек навикнува на се.
    Ова можеби во овие 10год ми е и најдолг напишан пост, извини.
     
    Последна измена: 20 септември 2022
    На senza.parole, Luminary, Alm. и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    9.913
    Пол:
    Женски
    Јасмин, минатото не се враќа, ниту грешките можат да се поправат. Немој да бидеш под стрес, трудна си. Мисли на бебето. Не се оптоварувај да му докажеш, ако те сака, ќе те сака каква и да си.
     
    На IRBBB, neno0o, simoncelicius и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Па и ти да си знаела дека е ваков и ти не би била со него, партал неизживеан. Наместо да гради иднина со тебе, тој кадија се решил да биде, гони го упм :puke::swear:
    Бегај си на време ако сакаш мирен живот, инаку ова ти е темпирана бомба, незнаеш кога и како ќе реагира.
     
    На Feminka22, Jasmin88 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  12. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    4.288
    Пол:
    Женски
    Во цел пост ако приметиш си имаш поставено прашања ама и сама си си имаш одгвоворено ама не си свесна.
    1 .Не работеле родителите- ни ти не работиш. Рече не сакал да се мачиш, ете ти одговор. Не сакал ни родителите да му се мачат.
    Не го мачи човекот остави го на раат. Уште сега се размислуваш дека цел живот ќе ги гледа.
    Јас радо би и неговите и моите ако треба. Живот ни дале. Размисли малку.
     
    На Veta, IRBBB, Ich liebe и 3 други им се допаѓа ова.
  13. flawless.

    flawless. Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    1.254
    Пол:
    Женски
    Живот ни дале, ама тоа не значи дека треба да ги издржуваме до крај на живот, ниту нив ниту партнерот а се работоспособни. И јас радо би им помагала да знам дека не се во состојба да работат, ама јас да се мачам а сите други да уживаат, не може.
     
    На Lavender4 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. БиЧос

    БиЧос Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Човек прво ќе размисли, бившиот зборел за тебе, па затоа е бивш..Да тргнеме од тоа дека сегашниот ти е од друга вера, а јасно е на сите како е кај сите вери.. Ама да те навредува и да потпадне под влијание од муабетите од бившиот е тоа не поминува, не едно дете и 10 да ги имаш со него тој одлучил да верува на некој што лошо ти направил во животот , а не тебе.. Не ни треба да се дискутира..
     
  15. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    4.288
    Пол:
    Женски
    Точно, не мора. По желба. Не не родиле за тоа секако.
    Реков ако треба ( болест, губење изненадно работа и сл).
    Еве свекор ми не е воопшто добар, свекрва ми работи. Кога треба тука сум прва за помош, било каква.
    Во таа смисла го реков живот ни дале.
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Чекав да се деси нешто за да ти дадам совет,а знаев дека ќе го доживееш ова кога тогаш.
    На твојот бивш му е криво затоа што си го абортирала тогаш бебето и што најверојатно сте се разделиле во агонија. Можеби он тогаш не покажувал емоции ама испливале на површина со тоа што си направил филм дека ти одиш со други. Е сега гарант му има всадено во глава на твојот партнер некој филм. Тоа се вика лицемерие, но и тој твојот е многу наивен и глуп што дозволува ради некоја Х особа да му се руши светот пред нос. А сигурна сум дека бивши ти по разделбата ќе го седне на пијачка и ќе го теши. Тој сам си е крив што навреме не се потрудил да те задржи или не знам што. Јас во овој случај ич не би седела мирна,ако мојот свет се руши зашто да не и неговиот. Би се јавила на жена му и би ја прашала дали маж и стварно многу ја сака штом толку ти се меша во животот иако вашето одамна е завршено? И би и спуштила слушалка. Ич уво нема да ме боли.
    Од друга страна да ти одговорам од ваква ситуација па не. Минато не ме интересира се додека не се чепка, и како нечиј партнер сакам да знам од таа личност а не од трети лица и мислам дека тоа го налутило твојот партнер и тоа е твоја грешка. Не знам колку години си но според кажувањата и двајцата сте незрели. Овие работи се ништо во споредба со оние со кои ќе се соочите понатака во животот.

    Мора тој да размисли дали некој ќе му го средува животот или пак ќе го средувате заедно. За сега не го барај,бремена си не ти треба стрес +, остави нека олади, нека размисли. Смири се и ти.
     
    На marchi-cool, sj *O*, Milobebence и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.867
    Допаѓања:
    41.235
    Пол:
    Женски
    Извини не знам како ќе звучи ова, ама јас мислам дека ова е знак што се наместиле вака коцките. За да можеш вистински да го согледаш.
    Стигнал до степен да те навредува и да посакува да не бил со тебе, само поради фактот што...си била со човек од друга вера? И поради абортусот? Добро, разбирам до некаде дека би сакал да знае доколку ова ти е втора бременост, ама да те нарекува ороспија заради врската со човек од друга вера? Не зезај, пре претерана реакција од негова страна. Мислам, не сме 12 век, дали стварно според него е оправдано да те напушти заради тоа што си била со човек кој нему не му се допаѓа? Тогаш, ти размисли дали сакаш да си со човек кој што те понижува и е агресивен само поради една твоја мината љубовна врска.
     
    Последна измена: 20 септември 2022
    На Luminary, sj *O*, Alm. и 10 други им се допаѓа ова.
  18. БиЧос

    БиЧос Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Наместо да гледа и таа и нејзиниот наивен бременоста да оди во најдобар ред, овој решил да ја казнува и навредува ради минатото и некој муабет од бившиот..Сите сме биле млади сите сме имале авантури и грешки, ама пак затоа сме научиле лекции од сето тоа за да денес сами со себе можеме да се справиме и да се смееме кога ќе се присетиме како сме реагирале.. Он би требало да ја поддржи..
     
    На Jasmin88, bicycle и buba4e89 им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Наместо да се грижат еден за друг, да се спремаат за бебе, да прават нешто не знам…дозволуваат некој трет небитен фактор да им се меша. Ај сега ова,утре кога ќе се роди бебето ќе биде некоја друга глупост.
    Типот ќе стане татко треба да биде да биде пример за него а тој се понаша ко да има 15 години.

    Страшно значи. Едно минато да стане побитно од сегашноста.
     
    На Luna91, Jasmin88, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. БиЧос

    БиЧос Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Да, баш така.. Не можеш некого да го процениш според минатото