Јас би го оставила со такво однесување, веднаш, без да размислувам воопшто. Се надевам дека и ти ќе постапиш правилно. Минатото е минато, и таму треба да остане. Те молам, немој детето да ти биде изговор да му простиш, зошто во брак цел живот во караници ќе ви помине а тој ќе ти префрла. Дали сакаш таков живот? Сега можеби е лут и реагира лош начин, ама навредите и што се вози на туѓ памет? Направи си услуга, и почни живот без него, ќе ти биде многу поубаво.
Готово, се разделивме официјално сабајле. Не сакал ни тој со мене ништо, сум му се гадела, за детето ќе се грижел ама толку било со нас. На истиот став сум, после таа агресија и мене ми се гади од него.
Алал да ти е. Храбра си. Не ти треба у животот верувај ми.Јас верувам во тебе, и дека ќе се снајдеш и дека си многу подобра и од двајцата. Нек си ебат матер Само не се узнемиравај.Молим те Само лабаво Господ ќе им врати
Можеш и заслужуваш многу подобро од него, а ќе видиш дека ќе се кае со тек на време. Главата горе и уживај во бременоста.
Какви луѓе постојат, се оженил, добил дете, продолжил со животот, за сега да се меша во нечиј живот и судбина за едно минато, или чека дете во убава врска е без проблеми и да си го уништи тоа поради љубовна врска на партнерката во минатото. Верувам дека не е убава ситуација и воопшто не ти е лесно, но пробај да се фокусираш само на себе и бебето, ќе бидеш многу посреќна вака, отколку во лош брак, тој губи не ти. Само не му останувај должна ниту на бившиот, јас би ја известила сопругата негова за целава оваа ситуација и замарањето со тебе.
Мислам дека не е паметно. Она ако ѝ каже на жена му, ќе испадне дека она се замара зашо он се замара со нејзе. Башка мислам трудници треба да избегаваат стрес и драма лама ситуации. Боље да ги остави да си патат у животот и двајцата.
Јас би го кажала, можеби во афект, може и не е паметно да. Најбитно е она да си го најде спокојот и да се фокусира на себе и бебето и да биде среќна што се спасила од двајца недозреани мажи. Единствено за абортусот би требало да знае партнерот, зошто секако се кажува и на гинеколог и тој со кој планираш семејство секако ќе дознае и треба да знае, но пак не гледам како тоа му претставува голем проблем, плус сега кога веќе очекуваат бебе.
И јас би го кажала, па тој после нека се правда пред жена му. Преку глава ми е од мешање на трети лица.
Нема таа што да кажува, нема ништо од тоа. Остави времето и кармата да си го направат своето. Биди силна и вредна, изгради си иднина, убав живот за тебе и детето. Ти посакувам да си најдеш некој кој ќе те прифати таква каква што си со сите предности и недостатоци. И смеј се, и кога ти е тешко смеј се, нека пукнат од мака.
Кај ли ќе им оди душата на тие шо расипуваат семејни гнезда, нели имаат малку совест? Среќен ли ќе е сега бившиот пошто ти расипа? Горд ќе е на себеси? Нема нешто полошо од машко повредено его, еве вака испливува на површина…
Не е виновен бившиот, тој е за жалење. Виновен е овој будалава да ми простите, али ајде нема повеќе да навлегувам се занервирав
Да да, тоа јасно, за него нема збор. Ама овој е глупав и наивен и дефинитивно не ја заслужува, а бившиот е веќе злобен и подмукол. Полошо.
Јас па мислам дека бившиот не е крив затоа што трето лице не може никогаш никому врска да расипе. За жалење е да, што сеуште гледа што му прави бившата. Замисли во брак си со маж и имате дете а он наоколу ја збори бившата. Мене овде ми е самата девојка крива. Не толку колку за тоа што преќутела дека од друга вера имала партнер туку за абортусот. Поаѓам од себе. Јас би сакала да знам ако мојот партенер пред мене бил со девојка која забременила и абортирала. Штом со него си стигнала до таму да правите бебе требало да имате некаква блискот и поврзаност која според мене се случува само ако се искрени партнерите еден ао друг. Ти со него очигледно не си била искрена. Да на почетокот од врска нема што да зборуваш за минатото ама вакво нешто не е за премолчување. Мислам замисли цело време си планирате дека ќе имате бебе и одеднаш шок дечкото дпзнава од трети лица т.е. не е од трети туку од бившиот твој дека ти веќе еднаш си била бремена и си абортирала. Што се однесува до тоа дека му сметало што си била во врска со некој од друга вера... Пак истото прашање- не се знаевте толку добро да не знаеш дали тоа би му сметало или не? Си можела некогачш да паднеш на таа тема да видиш како ќе изреагира. Па ако не ти се допаднала некоговата реакција и си видела осуда си можела да претпоставиш како би реагирал кога би дознал за тебе.... Вака многу незрело ми изгледа од двајцата што сте дошле до таму воопшто да правите бебе..... Да не ме сфати некој погрешно, не те напаѓам ама ситуацијата е таа. Сте решиле да ставите крај и тоа верувам е најпаметно за двајцата. Можеме да збориме до утре по темиве како е ова 2022 год и како треба да не се прави разлика по вера ама заборавате каде живеете . Јас можам да гарантирам со рака во оган дека добри 90% од машките на балканот не би гледале исто на девојка за која би дознале дека била со некој од друга вера. Колку и да ви звучи ненормално реалноста е таа. Девојко , што се случило се случило не можеш ништо да промениш. Гледај си го здравјето, што помалку да си под стрес да не му наштетиш на бебето. Најбитни сте ти и оно.
Во денешно време да судиш некој според тоа на која вера припаѓа, од кај доаѓа, боја на кожа е срамота и искрено подалеку од такви.
@simoncelicius јас колку што ја следам ситуацијата на феминката тука мислам дека со овој сега била само за секс без обврски и забременила на крај, прво и бил пријател, не биле во онаа класична врска дечко и девојка. Тој ја запросил откако останала бремена и подоцна настанале проблемите.
Бременоста е настаната несакајќи. А и што ако имала абортирано порано? Абортусот немал никакво влијание во плодноста од девојкава за да се објаснува дека има абортирано. Ќе се кае типов, не е ни свесен колку. Не заслужува да го запише ни како татко на детето. А дечко од друга вера? Па и тој е од крв и месо како христијаните.
Па баш затоа не ми оди во глава, се дружеле а не знаела какви погледи имал он во животот и какви ставови има....
Па не навлегов во тоа дали е срамота или не е. Факт е дека 90% така размислуваат. Ете он суди. Она требало да знае какви размислувања има типот во врска со тоа и да си се тргнала на време.