Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Лажна надеж или нешто друго.. ?

    А) Да го заборавиш и да си најдеш некој друг.

    Б) МНоооогу да се потрудиш околу него. Покажи му дека не си како таа што му го скршила срцето. Потруди се да те засака и така си во добра ситуација со тоа што е другар на братучед ти и што не може да ти наштети. Инаку јас сум 21 и освен сексот не би му понудила ништо повеќе на машко отколку ти. Значи да не те плашат девојките што имаат 21. Сите мои другари имаат помали девојки и супер врски. Само немој да му дадеш. Сексот е најдобро оружје на жената искористи го правилно. Ако знае дека го сакаш и ако малку чувствува и он за тебе нешто, ке сака да ти биде прв и стварно ќе се потруди околу тебе.
    Ај виш ју лак
     
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Лажна надеж или нешто друго.. ?

    а да не си ја оптоваруваш главата.. ако ти е добро со него опушти се и уживај нека си тече се како што треба да тече...
     
  3. Tammie

    Tammie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    а дали да седнам да зборам со него? :/ што како чуствува за мене.. да не се залажувам за џабе
     
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Па тоа ти е и најпаметно. Ем ке знаеш на што си ем ќе оставиш впечаток на девојка која знае што сака ;)
     
  5. VikiToO

    VikiToO Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    52
    Имам сложен проблем :(
    Го сакам премногу и тој мене но поради безброј глупости за кои нормално јас сум крива раскинавме и едвај се смиривме пак и се тоа нели .. сега тој е сменет многу по ладен е сака да бидеме на дистанца тој да излегува со др и јас со моите другарки поретко сме заедно и тоа по малку време (а и тоа време што го имаме го искористуваме за кавги и само копаме по минатото никако да продолжиме напред).. правевме муабет и ми кажа дека ке се смени но работите ке одат побавно бидејки неможел да заборави низ што поминал од мене.. е сега гледам јас дека таа врска не оди многу па си викам да му раскинам но работата е во тоа што ако раскинеме ке се затворам дома и ке полудам :( :( :( па си викам да прашам за совет како да постапам, како да се однесувам за да оладам малку и да го заборавам додека сме во врска .. па откако ке ми олади да раскинеме ..
    Ве молам за совет !!!
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Боже, каша-попара.

    Ти не си начисто прво со себе, а дури потоа не знаеш што точно бараш и што ти е потребно.
    Ако вистински го сакаш, ќе се потрудиш да го сфатиш, бидејќи напомена дека сте раскинале поради твоја вина.
    Значи кога некој ќе те повреди, ќе те тресне од земја и ќе ти го здроби срцето, а ти и понатаму даваш втора шанса, очекуваш виновникот (во случајов ТИ), добро да се потруди и да ја оправда таа втора шанса.
    Значи, ќе се обидеш да си малку покомпромисна, пофлексибилна, малце повеќе ќе му тераш по ќејф. Сега, не до граница до која ќе почнеш да се газиш себеси и да се лигавиш претерано, ама ете така, дечкото си е внимателен, еднаш се изгорел и сега сака полека да се одвиваат работите.
    Не сака да наседне пак. Него го сфаќам потполно, не сфаќам зошто само копате по минатото, кога треба да го оставите зад себе.
    Зошто се опседнувате со работи што веќе поминале?

    Но, ова не е случајот кај тебе бидејќи -

    мене ми изгледа како тебе да ти е само колку да си во врска, колку и да е никаква таа.
    Се измачуваш себеси и момчето. Дали поради фактот што е сега лето и сите другарки да речеме се шлепаат со некого, па би останала сама, и тоа те задржува во оваа врска за која и самата си кажа дека - не оди многу.
    Како и да е - незрело, нефер од твоја страна.

    Пријателски да се разделите додека и тоа малку почитување што ви останало не премине во омраза.
    Ти ќе си најдеш начин како да го преболиш , иако мислам дека не ти значи како што си мислиш самата.
    Напротив, мислам дека раскинувањето ќе ти донесе олеснување.
    Излегувај, забавувај се, не барај нова врска по секоја цена, малку уживај со себеси и не се врти по минатото.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. VikiToO

    VikiToO Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    52
    не ми е ни најмалку тоа што сакам да сум колку во врска бидејки со него одиме 2 години и сме многу поврзни .. а тоа што го кажав за раскинувањето е дека веке ми смачи од секојдневните кавги (и тоа се з истите работи).. јас знам дека сум виновна дека треба да попуштам и се тоа .. и колку пати си повторувам во себи (биди трпелива не избувнувај) но јас не сум навикната на тоа сега тој што го прави јас сум навикната на многу внимание од негова страна и затоа сега избувнувам :( ЛЕЛЕ И САМАТА НЕЗНАМ ШТО САКАМ
    значи едното што го сакам е да свати дека ме губи а во исто време и да види дека е грешка тоа што го мисли за мене и да се врати како што беше
    а доколку не се случи тоа сакам да се однесувам ладно и да го заборавам додека сме во врска па да раскинеме бидејки пробав да го заборавам додека бевме раскинати неможев .. Сега дали ме свативте незнам сложен ми е проблемот стварно но тоа што јас го сакам е за доброто на нашата врска не бидејки сакам да сум туку така во врска..
     
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    јас нема мн.да должам и да филозофирам работата душо кај тебе јасна е се скршило нешто помеѓу вас и сега дечкото едноставно неможи да се помири со тоа се пази на некој начин од тебе е држи на дистанца,а ти очајно сакаш да бидете све како што беше порано но гледаш дека неможе
    јас на твое место не би му раскинала како што велиш ти драстично едноставно би го пуштила да оди знам дека е тешко и во моментот незамисливо но како велат ако го сакаш пуштиго да оди ако е за тебе пак ќе се врати а и разделбите помагаат да севатат мн.работи зошто да го држиш покрај себе посекоја цена која е целта?и ти самата се измачуваш и патиш на неговото внимание размисли добро ако треба да бидете пофторно заедно ќе бидете ако не тука и да е крајот така требало да биде едноставно
    ти посакувам секое добро
     
    На VikiToO и Trendafilka им се допаѓа ова.
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Знаеме ние ти што сакаш но не оди тоа така лесно, треба време да помине па некои работи пак да си дојдат на место...А и тој очигледно има намера да ти врати за тоа што си го повредила (претпоставувам) само немој пред него да покажуваш колку ти смета тоа негово сегашно ладно однесување, нека не знае колку тоа те измачува...Понашај се најнормално, ако сака нека излегува со другари, излегувај и ти, и немој да го спомнувате минатото...Ако тој сака да се навраќа ти избегнувај и немој да избувнуваш...Само со ладна глава и ќе биде...
     
    На VikiToO му/ѝ се допаѓа ова.
  10. VikiToO

    VikiToO Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    52
    Леле ти благодарам многу за свакањето а најмногу за советот .. ми го смени потполно мислењето и сега ке соберам сили да го издржам тој напорен период кога ке треба да премолчам многу работи да не се замарам (демек) и да го пуштам да видам до кај ке оди ... Ти благодарам по втор пат :*
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    тоа ти е најдобро решение барем за сега додека видиш како ќе течат работите ако му си важна и сеуште има љубов помеѓу вас нема да му биде сеедно и ќе почни да се свестува верувам дека така ќе биди ако не може да прости подобро да се разотидете колку и да боли отколку да останиш со него и постојано да те измачува со префрлувања позз :*
     
  12. theblackman

    theblackman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ми треба помош.имам девојка и идеме заедно 3 месеци.ама во последно време почна да ме избегава.мислам дека почна со топло ладно.вчера излеговме и јас ако не ја зазборам она не почнува муабет.исто е и на фб,цело време јас ја прашувам како е,ми одговара со одговори да не ништо и сл. не ме прашува што правам или пак како сум.пробав да зборувам и ми рече ако сакала да ме остави ќе го направела тоа. а и двајцата се сакаме.сега ќе се одвоиме малце двајцата еден од друг поради обврски.можно е и да се оддалечиме еден од друг?
     
  13. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Најдобро би било да си направиш ти еден здрав муабет со неа. Но велиш веќе си го сторил тоа и нема резултат, па јас би те посоветувала да почекаш малку. Можеби е само период и ќе помине. Можеби има некои проблеми кои ја загрижуваат и спречуваат да е истата како што ти ја знаеш. Сепак одите само 3 месеци и можеби девојчето не осеќа толкава доверба во тебе па да ти се довери целосно ако веќе навистина тоа е во прашање. :)
    Мислам дека ова одалечување добро би ви дошло и за двајцата. Така таа ќе си ги среди мислите и чуствата и ако навистина се сакате и нема ништо како што вели таа ќе помине овој период и се ќе се врати на место. ;) Wish you luck.
     
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    значи девојкава е намќор? што мајката искача ако седи сама и го гледа зидот и не прави муабет.. ц ц ц
     
  15. theblackman

    theblackman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    а само еден ден ако не и пишам порака на мобилен или на фб одма ми се налутува.и за лутењево имамо зборувано и ми има речено јас брзо се лутам али и брзо се одлутувам.
     
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    оваа е недозреана и се понаша ептен детски.. речи и да не се понаша како дете ама луто онака и ке речеш дека и на тебе многу работи ти сметаат ама треба да има компромис и да седнете да разговарате како луѓе.. ти немој да и трчаш многу по газот и ако те праша што ти е понашај се ноншалантно. како што се понаша она така и ти!
     
    На theblackman му/ѝ се допаѓа ова.
  17. theblackman

    theblackman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    за да почнем да се понашам како и она имам размислувано.нека пројде тој период кога нема да бидеме заедно и ако продолжи исто ќе почнем и јас малце.
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    како прво 3 месеци не е некоја врска искрено за да секубат коси за некој
    одма од твојот пост заклучвам дека се работи за незрела безкарактерна и некомуникативна личност поточно речено без навреда тумрук
    незнам што те привлеква кај девојката искрено од такви луѓе ме фаќа мене лично досада и депресија луѓе кој неможат да воспостават никаква комуникација јас неможам да се замислам со дечкоми да не раскажам како ми поминал денот да не си кажеме некоја смеа и да не се смееме како луди таков беше и самиот почеток на нашата врска имавме голема комуникација ти претпоставувам дека оваа девојка не ја рачунаш воопшто за блиска а и те разбирам
    искрено јас на твое место би размислила дали сакам да бидам со вакво разгалено детиште
     
  19. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    се согласувам и јас го искористив зборот намќор :D
     
  20. theblackman

    theblackman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    сега овој период е како затворена,ладна и не е заинтересирана.и ние сме имале убави моменти каде што сме излагале и цела вечер сме зборувале и малку ни било па така мислам дека овој период е таков.се надевам дека ке пројде а ако не пројде се знае што иде после тоа :)