Несакајќи? Изгледа го испуштив тој момент како да прочитав дека била посакувана бременоста. Види во врска со абортусот не знам дали си запознаена ама секој абортус се води во здравствена евиденција. И не смее никако тој момент да се изостави. Пред било каква интервенција доктор/анастезиолог мора да е запознаен дали пациентот имал предходни бремености или абортуси. Дури и да не е бремена во моментот тие нешта мора да се напоменат. Така да не е што ако имала абортус. Медицински и те како е важно. Не е дека ако забременила лесно пп втор пат дека не е ебитно што имала пред тоа абортирано. Реков погоре, се водам според себе. Јас би сакала да знам такво нешто за партнерот посебно ако е тоа партнер со кој планирам да имам дете. Замисли пресреќна прво дете и тебе и на партнерот и одеднаш од бившата на дечко ти дознаваш дека он пред тебе веќе имал бремена девојка која после абортирала. Ја не би сакала да ми сокрие такво нешто. За дечкото од друга вера се изјаснив погоре.
Бременоста била посакувана од нејзина страна, но не го "направиле" намерно. Не вреди да се остави жена и неродено дете за еден абортус од минатото. Толку.
Па не е. Ама му сметало очигледно штом решил бремена да ја остави. Реков погоре, требало да знае какви ставови има по тоа прашање. Требало да падне на тој муабет и да види какви размислувања има. Ете нему му сметало тоа и нему му било доволна причина да стави крај. Да не се повторувам, ни ја не сум доктор ама ми сакала да знам. Не би сакала да ми премолчи партнерот таква ствар нити па да дознавам нешто за МОЈ партнер од неговите бивши. Не знам за вас ама за мене абортирање не е мала работа.
Не знам како е кога си баниран, но кога кликам @ не ми излага за да ја означам Јасмин. Дали тоа значи дека е банирана?
Според нас не вреди според дечкото вреди. Не дојде дечко и да бара совет па да го советуваме дека не вреди. Пак се враќаме на почеток, дека она требала прво да знае со кој се плетка посебно што пред тоа биле пријатели, а уште повеќе што сакала дете со него. Како и да е можеме до утре да разглабаме фактичката ситуација е таа дека ја оставил бремена заради тие две ствари. За нехо очигледно големи штом се решил на таков чекор. Единствено што можеме е да ја посоветуваме што понатаму сега кога е без партнер а бремена.
Не сфаќаш изгледа. Не сакала баш дете со него, посакувала да има дете некогаш во животот. Со него се случила бременоста во пијана состојба (така мисли членката), ненамерно. Кежуал врска имале.
Требало да каже уште од кога веќе било сериозно. Но сепак навредите кон неа не се убави, постапката негова кон неа не ја оправдувам, преќини на убав начин ако ти пречи и секој по свој пат.
Наравучение за сите: Со партнерот е секогаш битно да се разговара за минатото. Што побрзо, тоа подобро. Така ќе знаеш дали другата страна ќе те прифати таква каква што си. Ако не те прифаќа, подобро е на почеток да се разделиш. Криење на минатото не е добро, затоа што колку и да го криеш, ќе те прогонува и понатаму во животот. Жално за Јасмина. Сите верувавме и се надевавме дека ќе успее. Животот во последно време и се вртеше за 365 степени. И не, не беа само пријатели за бенифиции. Туку беа, па разговараа искрено и почнаа врска. Па договараа заеднички живот во иднина, се запознаваа со родителите, па потоа дојде бременоста и ја убрзаа работата со запросување и планирање на свадба.
Апсолутно се сложувам. Никаде не го оправдав однесувањето на дечкото. Дури не ни морала да му кажува. Можела да извага да види дали и пречи да останува во однос со особа која има такви ставови. Можела многу лесно да ја предвиди целата ситуација во која што е сега само ако разговарале на тие теми. Јас кога би имала врска со дечко од друга вера и абортус зад мене и те како би паднала на тие теми до сегашниот партнер да видам он како размислува. Па ако не ми одговара ќе пресечам не морам ни да му кажувам што и како сум имала пред него.
Па дури и трол да беше, не е тоа битно, има многу кои се нашле во оваква ситуација, многу кои добро би им дошле советиве. Така да, секој може да извлече поука.
Хахах дали би ми верувал дека почнав истото да го пишувам? Инаку го прочитав постот што го напишала и се си мислам дека не истрола. И ако, дај боже да е така да не е навистина во оваа ситуација.
Како нова членка некако многу брзо се вклопи во форумот… мене и претходно малце соомнителна ми беше ама нема врска, како и да е.
Се сложувам за вториов параграф, и јас така тестирам, и со работи што не ми се случиле, да видам какви ставови има.
За дечко ми малку биле. Не сакал да избрзува со запознавања. Убаво ни е заедно, нема да го форсирам, за ситни работи не сакам да се лутам.