Не мислам дека абортус е мала работа, ама пак, тоа што премолчила воопшто не е причина за таков однос.Плус, некогаш не знаеме се' и тоа е, не можеш апсолутно се' да знаеш однапред за тој со кого си, секогаш ќе испадне нешто друго. Мислам не е ни битно ако била трол ама ајде да довршам со дискусијава. И јас го помислив истото ама си реков дека претерувам. Добро е не сум била единствена.
Па, ако си во сериозна врска и планираш брак, секако ќе сакаш да знаеш се' за партнерот. Сега, никако нема да знаеш 100% се', ама битни работи сигурно нема да сакаш да ти премолчи и да дознаваш од трети личности. Воедно, затоа и не се брза со брак и треба време да ја запознаеш другата страна. Ова, општо овака, не поврзано со случкава. Еве на пример за врска со личност од различна вера, нешто што сум го имал јас, со католик, не го премолчувам, уште на старт го кажувам. Ако не и се допаѓа моето минато и моите одлуки што сум ги правел и пречат, подобро уште тогаш да раскрстиме.
Не знам само како е можна опција- голема работа а од друга страна таква голема работа да не се каже. Чисто пример од секојдневие ова. Трудници пред пораѓај секогаш се придружувани од партнерот кога доаѓаат на анастезиолошка проценка пред самиот пораѓај. И секогаш следи прашањето- дали е ова прва бременост/дали имала предходни бремености, дали имала абортуси. И што би требала во таа ситуација да каже? Да излаже или дечко и/сопругот тогаш да дознае дека она веќе предходно била бремена? Мене тој момент не ми е јасен до кога ќе идело некажувањето? Ако нешто е голема работа и те како не треба да се крие.
Истово ќе го речев, овој штом дозволил муабети да му расипат иднина, замисли некој да измисли нешто и да му каже он повеќе ќе верува и ќе му влијае тој што кажал од колку на девојка /вереница што и да е, значи ужас! Ако не веруваш на партнерот и слушаш други и живееш во минато ич не гледај иднина, што мажи се ова аман више
Секому ќе му биде голема работа. Еве обратна ситуација. Верена си, пред брак. И дознаваш од пријателка која дознала од бившата негова дека претходно таа имала абортус до него. Одма ќе си поставиш 300 прашања, покрај тие медицинските... Зошто абортирала? Дали тој ја терал на абортус? Зошто не внимавал и ја оставил бремена? Зошто не завршиле во брак, а со мене завршува во брак откако останувам бремена? И главното прашање... Зошто криел од мене? Е сега некој тоа ќе го прифати, некој нема. Индивидуално е. Поголема шанса има да се прифати ако биде кажано директно, отколку да се дознае од друг. Затоа е многу, многу битно да се разговара.
Па да, затоа прво нешто пишав дека нему сигурно најмногу му засметало што дознал од десети а не од неа, особа со која треба да гради семејство. Форумов понекогаш е мнооогу нереално место. За споредба само- петокот се јави некоја девојка со проблем- открила дека дечко и преќутел дека бил седнат некаде со некоја девојка. Сите совети водеа кон тоа дека ако преќутува такви ситници од неа кој знае утре што друго ќе сокрие, треба да стави крај на време, не може да се верува на таков човек. А сега за преќутување ваква озбилна работа каква што е абортус се минимизира како да не е ништо. Зошто? Затоа што во првиот случај машкото сокрило а сега тоа го направила девојката?
Па не се муабети. Туку вистина, која идната сопруга со која требало да создава дом и семејство, му ја сокрила. Како да и верува ако крие од него?
Не знам за кој пост зборуваш ама можеби бидејќи....имало шанси да има неверство? А овде збориме за нешто што се десило пред многу години и никако не ја афектира новата врска. И никој не рече дека не е ништо абортусот, не испревртувај, ама дефинитивно е неспоредливо со примеров што го напиша сега. Тоа е минато, не е исто да не кажеш нешто од минатото -нешто кое е медицинска процедура и да сокриеш нешто во сегашноста кое што и тоа како може да ви ја афектира врската.
Баш затоа што е неспоредливо затоа го изнесов примерот. Имало шанси..... И он можеби си мисли дека ако она му сокрила ваква битна работа има шанси да му крие многу други ствари. И како што реков, се согласуваме дека е голема ствар. Зошто тогаш такви големи ствари да се кријат? Според тебе до кога требала да не кажува? Небитно. Најверојатно не сме на иста бранова должина па ни се косат ставовите и можеме до утре да се вртиме во круг. Јас сум за тоа дека со партнер со кој остануваш бремена треба да имаш блискост и пред се искреност, а тоа подразбира кажување на сите големи работи кои ги имаш доживеано. Неважно дали биде додека сте биле заедно или пред него. Јас конкретно во случајов на девојкава кажав како би постапила. Не морала ни да му кажува ама требала да знае какви ставови има дечко и по тоа прашање и соодветно на тоа да се постави. Од мене толку и добра ноќ.
Se smuvav so eden od klas.Da se pravam vo skolo deka nisto ne se slucilo?Mnogu mi e sram da ne se izbedirav,prv baknez mi e.Toj neznae,sram mi bese da mu kazam deka ne sum bila so nikogo.Prva smena sme na uciliste,itno mi e.
За околу абортусот не е мала работа секако, и секако ќе се дознае барем за од страна на партнерката, се кажува на гинеколог. И воопшто секој би сакал да знае за својот партнер таков детаљ од минатото. Исто околу врска со партнер од друга вера, па и општо за минатото, број на партнери, начин на живот, секој си има свои преференции и си бара сличен на себе во размислувањата и начинот на живот. Ако јас на пример сум имала нешто со некој од друга вера и го сметам тоа за океј, сигурно не би сакала да бидам со партнер што ќе ме смета за ороспија само поради тоа, истото е за број на партнери, сериозни врски итн. и тоа е нормално секој да си бира според преференции, затоа отвореноста и искреноста е битна, само што во повеќето случаи кај мажите тоа не важи, многу од нив имаат едни очекувања од партнерката за број на партнери, начин на живот итн. а самите тие не ги исполнуваат тие критериуми. Таков е и случајот со Јасмин мислам, дечкото имал долга врска претходно, па со неа се гледал за секс само, за сега да му се гади што била со некој од друга вера кога била слободна. За абортусот во право е да биде изненаден што дознал на ваков начин, но ако врската и цела ситуација им се одвивала нетипично и брзо од врска без обврски, до почеток на нормална врска па изненадна бременост, не ни имала членката толку време сето ова да го испроцесира и се да му каже. Поинаку би било да биле долго во нормална врска, па да дознава на ваков начин за нејзиното минато, тогаш неговата реакција би била исправна.
helpp,ne mi pisal poraka posle toa,neznam kako ke go gledam sega sekoj den,sto ako mi se smee so drugi od klasot ili site doznaat