Центар на светот му се другарите. Не велам јас да не се дружи со другарите, претерува тој. На прво место му се тие, се нервирам.
Најискрен совет. Откачи го, таков не ти треба. Најди си нов. Не може другарите секогаш да се на прво место и тебе ко на закачалка да те става. Ко ќе му требаш дојди, ко се другарите тука иди си.
@en5 млади сте биле доста, можеби затоа толку е со друштвото. Иако без разлика на годините кога веќе е во врска и таа води кон тоа да е посериозна, треба да се посвети и на неа повеќе.
Он може да се дружи со другарите, и нека е со друштво, ама да ја откачува неа спремна во 5за12 зошто другари му дошле е прелошо. И да било стварно така, можел да и одложи за пола саат, да заврши работа и да искочат. Неѓа оправдување, ако се сака се може. Прилинава ич не е сериозна. @en5 , за твое добро, и сама викаш дека цело време е ваков, не си го троши времето за некој што не те цени. Млада си, само си ги блокираш шансите да запознаеш некој што ќе знае да те почитува и цени. Мене некој така да ми направи, а не се работи за живот или смрт, 100% сум сигурна дека нема да искочам пак.
Аууу како ме нервира ова од машко коа ќе слушнам- вас другарки ве буцкаат.... Јас па напротив мислам дeка вас машките повеќе другарите ве буцкаат. Знаете она вашето ај бе не биди педер и за да се докажеш дека не си папучар се ќе направиш. Секако на ова мислам на соодветни години. Зрел маж не може да го набувка никој. Ама машки од 19-22,23 години и те како се сподевате. Ако сакаш искрено. Ама ме изиритира ова првава твоја реченица. И многу грепку ќе направиш ако продолжиш вака да генерализираш. Затоа што на 15, 16 години коа сите од друштвото полнуваа да пијат алкохол јас не помислив ни да го помирисам, и ден денес немам пробано. Цигари исто. Сексање со различен дечко секoја вечер исто. А цело друшто ми го правело тоа.... така да не, се зависи од карактерот..... Инаку како што разбрав дозна за пишувањето од самиот дечко кој што и пишувал. А девојка ти/сега веќе бивша, не знаеше дека тој дечко е океј со тебе и дека може ти ќе дознаеш? Од сето тоа не ми се свиѓа тоа нејзиното лажење и криење. Ми пишувале машки и одма се гледа кој муабет на која страна оди. Ако е некој од мое опкружување кого го гледам од време на време секако дека од култура ќе вратам и тоа е безазлен муабет. Кога ми пипѕва непознат ставам само seen или не ни отварам. И двете ситуации не сум имала потреба да ги кријам од дечко ми. Немаме навика да проверуваме телефони ама рандом некогаш се случува чисто од љубопитност да погледнеме што и како, и сум го оставила да прочита затоа што сметаж дека ништо лошо не сум направила. А девојка ти штом имала потреба да крие значи дека мислела дека прави нешто погрешно.
Добро а не ти рече да завршиме со другаров и ќе се видиме? Јас во ситуацијава би се налутила. Сега од оваа перспектива најверојатно и би раскинала ако му е ова честа практика А со 19 колку што имаш ти би му водела инат, би го зезала исто, би се договарала и би го откачувала во 5 до 12 заради другарки. А и делот кај што пиша сигурно лаже- ич не ми се свиѓа затоа што наговестува дека и пред ова си имала исти ситуации, или дека има навика да подлажнува.
Немам другарки и го знае тој тоа, често ми вика дури требало со повеќе луѓе да се дружам. Имав една другарка, фати дечко и ме заборави .
Па најди си две-три другарки и ти си излегувај со нив. Имав јас еден бивш, многу приврзан за друштвото беше, директно реков јас или тие
Мислам да ја затворат во висока кула заградена со трња, никој да не можи да помини, па кој е најхрабар и кој ќе ја сака најмногу ќе ја освои.
Може да си иронична колку сакаш, вистината е таа. Сакаме да сме први иницијатори на се, некоја навистина ако ни се допаѓа толку не чекаме таа да трча по нас и да не моли, што побрзо и даваме статус дека ни е девојка, не ја ставаме во позиција да прашува на форум што сме. Кога некоја ми се допаѓа се правам за да ја освојам и тоа ми е интересното. Ако таа го преземе тоа и тргне мене да ме освојува, да ме моли за излегување, веднаш да стигнеме до секс на прво гледање, за мене тоа е нешто што нема да ме натера повеќе од 2/3 пати да се видам со таа девојка, ќе останеме во фаза секс без обврски, ништо повеќе. На прво гледање толкава блискост не сакам, а некоја да почне со такви постапки, сигурно нема да ме заинтересира. Каде се брза, каде е запознавањето, каде е да се оди чекор по чекор. Што ќе биде интересно после во врската ако го нема тоа освојување, додворување, флертување и се да оди постепено. Почетокот е најважен, тоа е темелот на врската, темелите ако се слаби и така нестабилни, ништо не бидува од тоа.
Не збораме за Спарта, за луѓе збораме. И на женско можи да и' е интересно да превзема прва чекор, на некој му се допаѓа храброста. Па ене во другите теми и мажи пишат дека сакаат женско прво да им пријде, да им пиши. Давање статус, никој на никој не дава статус, взаемна одлука е. Ајде ти велиш сакаш запознавање, флертување па после поголема блискост. Супер. Ама пријателов не одел по тој редослед. Тука или дошло до недоразборање се приврзала иако не и' ветил ништо или и' ветувал многу па очекувала врска. Како и да е, @Meoww11 да не се чувствуваш искористена и да не помислуваш дека не вредиш. Си сакала во моментот, ти било убаво и тоа е тоа. Само внимавај следен пат, ако се приврзуваш за луѓето, дај си време да видиш во која насока ќе се движи врската. И ако некој не сака уште во почеток да разговара шо се вика и по цел ден со тебе и едвај да чека твоја порака, батали. Батали го и овај освен ако не сакаш лабаво гледање, а ми личиш ко да не сакаш.
Зборевме за конкретниот случај на девојката што праша, за неа мислев статус девојка да добие, она тоа го сака, тој не, на него се чека. Од машка перспектива и ја кажав реалноста, сега тоа што сакаш да ми го извртуваш пишаното со некоја друга твоја измислена приказна и поента е друго и не ме интересира да ти разглабам, сфати си како сакаш. Моето искрено мислење го пишав, од мене толку за девојката.
Се сложувам но и вие машките треба да имате малку повеќе муда за да разговарате отворено и да се изјасните што сакате наместо да давате мешани сигнали како ем не те сакам ем на друг не те давам.
Разграничете шо сте. Ако ова е само за секс, нема потреба од подлабок контакт кога не зборате или не имате секс. Мое разбирање од опишаната ситуација е дека не сте пар и се гледате за секс. Нема зошто да ти должи контакт од после или ти да се осетиш искористено ако свесно влезе во ова. Ако те лажеше дека сте пар или дека после то ќе сте - тогаш океј. Ама ова со мажи неќат лесни жени, најди си подобар од peа brain incel. Имаш мажи со его трипој и после имаш нормални. П.С. гледање само за секс мора двата да сакате и да не осеќате емотивна врзаност. Пошто тој шо ќе се врзи - ќе страда. И 'парите' ми се дека ти ќе страдаш. Тргни се совреме ако тој неќи нешто сериозно. Зависи. Зависи зошто те откачи. Ако е сериозна ситуација нема смисла да се лутиш. Ако е откачвање оти утакмица заборајл, другар го викнал, накратко нешто шо не е сериозно - јеп, можиш и треба да се лутиш. Леле имав другарки вака. После гледање на "доказите" имам да ти кажам дека шансите да се смени се минимални. Зборај со него. Да знај дека нормално можи колку сака и кога сака да е со другарите. Един проблем е ако не си и ти приоритет за него. И ако ти откажва за нив. Напрајте некој договор на 'неоткажување' планој сем ако не е нож до коска. Краток период колку да види колку за глупости откажва. Дури би одела и чекор подалеку, ако откажи, да го напрам истото. И ако уште не гледа, не можиш да седиш и чекаш спремна и тој да ти откажи. 4 месеци се во прашање. Заслужваш некој шо ќе ти дај внимание. А него ќе му помини ова, сепак е рана адолесцентна фаза. Ама можи со години да трај. И ти заслужваш подобро од то да чекаш да порасни.
Каква озбилна врска на 19год?Или јас лошо го протолкував Штом сте во отворена врска што можеш друго и да очекуваш освен секс. Не е тоа дека сте имале на добиено па да бега,сите имале и на добиено ништо страшно... А ако се веќе ти осеќаш понижена кажи му отворено какви ти се чувствата и на кој левел сакаш да бидеш со него...