искрено ако ми веруваш.. не те сака више чуствата не се исти ама не знае како да ти раскине помири се со тоа и продолжи... се труди тебе да те направи виновен за на крај ти да се чуствуваш као она ништо не направила!! сега бара причина за ти да и раскинеш, затоа реши го тоа брзо. раскини и и продолжи пред она да те изманипулира
искрено периоди и кризи фаќаат во подолгите врски каде што и е нормално така? ако е таа во некоја недоумица во врска со тебе а не сака да ти раскине би разговарала со тебе и би ти кажала да се поправиш за да не ја изгубиш ете ти уште еден факт плус дека девојкава е недозрена ти си знаеш но почетокот треба да биде најубав бидејќи си давате време и шанса да се запознаете а не да си давате паузи малку смешно е но ете доби совети од нас па ова ако е период ти посакувам секое добро понатаму се надевам дека ќе се пофалиш
добро луѓе не го терајте човекот да и раскине на девојката цццц што ви е на вас?? вие дајте му совет а не тука како да го присилувате да раскинат извинете не сум со лоша намера ама ги читав сите постови и најискрено така изгледа кога читаш, како упорно да му викате раскини раскини го нападнавте
а иначе јас мисла дека девојката нешто ја мачи.. можеби има некои проблем и затоа е таква затворена и така ладно се понаша.. значи секој со различен карактер и кога некој има проблем може целосно се да му е преку глава и да изгуби доверба во секој и да не го интересира ништо. значи немора да значи дека сака да ти раскине па бара причина може и во нешто друго е проблемот па затоа сега ова време малку одалечени добро ке ви дојде и она да се одмори малце и од се и да се врати во нормала, па може пак се ке биде во ред и како што и самиот си рече ке си ги имате оние убави моменти што сте ги имале и порано поздрав и остави времето да си го каже своето не избрзувај !
^ Навистина,некои дури и тумрук ја нарекоа а не ја виделе никогаш во живот Јас мислам дека има шанса нешто да ја мачи...ако нонстоп се понаша така-тогаш значи таков и е карактерот но ете велиш во последно време...така да стрпи се недела -две но ако продолжи така седни и разговарај,прашај ја да не има нешто проблем кај тебе што не и се збори итн...ако ти е стало до неа,иако сте само 3 месеци во врска
па добро си дадовме наше мислење и од моја гледна точка а и како што ја опиша детето тука јас добив таков впечаток а се разбира од еден пост неможеме никој да добиеме целосна слика за некого кога се бара совет треба да се биде спремен на секви мислења никој не му рече да се скара со девојката а и од првиот негов пост како што прочитав се заклучува за каква девојка се работи добро знам да ја применам поговорката(не мора секогаш некого да знам за да го познавам)
Ве молам помогнете ми, ми треба совет од вас! Имам дечко се ми е супер со него! Но јас имам таква мана што неможам да издржам да не варам. одсекогаш сум варала но овојпат не си ветив!! Но имам еден проблем се работи за друга особа која ми е убаво кога пишувам со него на мсн, незнам и јас како да ви кажам едноставно ми ги полни остатоците од празнината на моето срце..! Не сакам со него ништо. Тој сакаше со мене уште откако бев слободна али јас несакам како што реков однапред али ми е убаво кога само комуницираме преку е-маил. ништо повеќе! Но некако незнам ми е чуден одкако си фатиц дечко не е тоа тоа... Незнам ни јас што да прравам ќе ве молам за совет помогнете ми ! Благодарам однапред
На само неколку дена пред одмор, раскинавме со дечко ми. Се почна од најобична глупост, како и секогаш, се каравме за ситница, и јас додека зборував се смешкав на моменти, оти не можев да се расправам пред моите дома, во тој момент не можев да одам на друго место. Тој тоа го сфати како провокација, ептен се изнервира, и почна да ме пцуе и вреѓа. Му заклопив и подоцна ми пишува на фб, дека е свесен што ми рекол и дека додека не му се извинам, да не збориме. Му реков дека немам за што да се правдам и извинувам, и полека муабетот доведе до тоа да раскинеме. Поминаа неколку саати и не ми се јави тој, како што обично знае кога сме скарани. Му пишав порака на тел да ми ѕвони и ми вика со кој повод да ти се јавам? Сакав само да знам дали зборовите што ми ги кажа претходно се кажани во момент на нервоза или не. И на мое големо изненадување, тој ми потврди дека знае многу добро што ми рекол и ништо повеќе. Исклучивме. Глупо ми е што се прави ко да му е сеедно, и чека јас да му се извинам, а тој се дереше и вреѓаше ко луд прееска по телефон. Не знам стварно што се случува.. Што да правам? Да се помирам дека е крај? Не сакам да го молам да се смириме, ама не ми се верува од една ситница до каде отиде работата...
искрено за што и да било работава и што и да бил проблемот не си ти некоја си од улица за он така да ти вика навредливи зборови.. јас да сум на твое место ке ме фати инат и бидејки имам достоинство нема да попуштам, се се простува само пцуењето не затоа што со тоа он докажува колку те почитува!!
леле девојко 15 години имаш. башка варањето не е маана вараш затоа што со дечко ти не е тоа тоа што треба да биде. ке растеш уште многу и ке поминуваш повише работи. искулирај малце!
Не сваќам зошто да не му се извиниш? Кога знаеш дека не му е сеедно, многу нормалное дека машките секогаш се такви неќат да им се потсмеваш додека зборуваат, и неќат да се понужуваат ако молат девојче. Ако стварно го сакаш јас би ти рекла да му се извиниш. Мене ми се деси истото пред неколку месеци Се карав со дечкоми и кога видов дека од една мала ситница ќе можевме да раскинеме му се извинив и тогаш се беше ок... И пред се беше многу смешно кога ми призна дека многу се плашел ако не сум му се извинела би раскинале но ме сакал и нему било сеедно ... Ќе видиш дека ќе ти признае на крај како на мене дечкоми... и еве сега се ние супер и не се караме како некогаш !!
Мене не ми е јасен моментот, свесен бил што ти кажал, но чека ти да му се извиниш затоа што си му се смешкала? А тој те навредувал и пцуел, и сега ти треба да му се извиниш? Јас ќе ти кажам, не попуштај, самиот ќе дојде, а ако не дојде, нема да е крај на светот.
Но чекај, таа никаде не спомена дека таа била виновникот за таа ситница. Зошто правиш да се чувствува како подредена и должна да се извини? Можеби тој ја почнал кавгата, можеби спонтано двајцата ја почнале, нели? А замисли да се работеше за некоја „крупница“... Искрено, во ваквите моменти најубаво се гледа за каква личност се работи, преку реакциите. А тој, според твоите кажувања, изреагирал на далеку од идеалниот начин, и уште гордо тврди дека е свесен и стои зад тоа. Затоа, дај му време да олади, и види дали ќе сака да продолжи онаму кајшто застанавте. Во меѓувреме, не го барај, доколку совеста ти е чиста.
Нема да му се извинам, затоа што стварно нема причина за тоа. Да бев виновна за нешто, не ќе ми беше проблем да кажам извини, ама во оваа ситуација нема шанси. А тој вели дека така изреагирал затоа што сум го провоцирала и сето тоа било со причина. Работата е што не му е прв пат вака да се однесува..
Нема што да му се извинуваш. Не си ти таа која вреѓала и пцуела, туку тој. Можеш само утре да му се и да му објасниш дека те ставил во незгодна ситуација да се расправаш со него пред твоите родители, што и било причина за твоето смешкање. Па да се надеваме оти ќе сфати дека погрешка разберал и тоа од твоја страна не било провокација. Незнам каква врска сте имале пред тоа , и колку време одите, но земајќи во обзир дека требало да одите заедно на одмор претпоставувам работата е посериозна. Ако пред тоа било се океј и убаво си се осеќала во врската верувам дека ова било само излив на нервоза и ќе се смирите.
Претходно имавме врска од година и 9месеци. Имавме некои проблеми, но секгоаш наоѓавме заеднички јазик за да ги решиме. И најискрено, не ми е сеедно што се случи ова, но мислев дека потешко ќе ми биде кога ќе раскинеме.
Потајно се надевам дека ова не е конечно меѓу вас, и не сакам да звучам како песимист или нешто слично, но не ни можеш да очекуваш неколку часа по раскинувањето да ти е (пре)тешко. Онака, уште не ти е слегната реалноста, не си отспала, се’ ти е се’ уште свежо, едноставно како да не си свесна. Вистинскиот тест допрва ти следи, со тоа што ќе повторам, доколку ова е тоа, конечното!
Сметам дека тоа е така бидејќи длабоко во себе си веруваш дека ќе се смирите. Така да нема што да се понижуваш и да му се извинуваш за нешто што воопшто не си крива. Само објасни му како стоеле работите, па ако досега сте се разбирале не гледам зошто ова не би го решиле. И самата кажа, ништо посебно. Обична глупост, ситница!
Мај грл слушај човек од искуство што ти кажува, велиш не му е прв пат нели, најлесно е тебе да те обвини дека си го провоцирала па „морал„ такви работи да ти изнакаже. Сум имала ваква ситуација. Во никој случај немој да попуштиш и да му се извинуваш, чекај па не си ти таа што го исповреѓала остави го ќе се смири е те побара, тој тебе ти должи извинување! А бордо - имаш 15 год. премалечка си, тие ти се годините за мување ова она, не си ти здрела за да се носиш со една врска, затоа ти лета паметот и незнаеш што сакаш, па нормално е тоа кога имаш 15 години, не се оптоварувај со врски уште сега, прави си што си сакаш.