А зошто ти е битна неговата поента ако си решила дека си завршила со него? Ова дека после раскинување ќе измислува се и сешто зборува доволно за него. Не знам колку години има ама право машко нема да има никакви грди коментари за бившата а не па да измислува работи за неа. Нормална девојка два пати би размислила пред да излезе со некој оваков сељак затоа што истото би ја чекало и неа после раскинување. Битно е ти да бидеш сигурна во себе дека си ставила крај и дека е завшено. Колку и да имаш на памет сешто да му кажеш задржи си го за себе. Ќе видиш дека по извесно време ќе продолжиш понатаму со животот и ќе ти биде мило што си го ставила на игнор. За такви како него само игнорирање е спас. Верувај колку и да знае на што паѓаш и колку да се обидува да те испровоцира е ништо во споредва со тоа што ти го игнорираш. Ако попуштиш и поразговараш сега со него за него ќе биде сигнал дека ако малку се потруди пак ќе може да те врти околу малиот прст. Јас дури не би го ни блокирала. Би ставала само seen и толку.
Жалам. Колку години имаш? Не му придавај големо значење прв/втор/трет. Гледај све како на прво искуство... Ти било убаво додека траело, имаш убави спомени, и тоа е... Сам од себе ќе го преболиш, само дај си време. Пробај да размислуваш и да си зафатена со други работи а да не мислиш на него. Млада си сигурно, ќе си најдеш со тек на време некој подостоен за доверба. Шо пиша една членка за бившиот, ти направил услуга...
Веќе откако се случи тоа го променив бројот, не го знае. Блокирав го и од новиов профил што го имаше направено. Денес сум малку подобро, ова вчера ми беше како шок. Се ќе беше поинаку да постапеше тогаш различно, да не реагираше лошо. Сега, минато е и нека биде таму, назад нема, се надевам нема да се повтори. @simoncelicius ме изненади неговата порака и фалбите каде бил и што правел. Затоа што кога раскинавме паднаа многу лоши зборови од негова страна, и сега, таман си дојдов при себе, ми беше подобро од никаде тој ми пишува. Што е до мене, му ставив крст, назад нема, дур и да се смени тој ми стана одбивен. Вчера после краткиот разговор откако го откачив со зборови да не ме вознемирувс се обиде да ме провоцира, јас ништо не сторив. Океј е денес.
Жал мие многу, со вакви нарцисоидни манипулаторски садисти не се излегува на крај. Пријави за вознемирување и заборави дека постоел немаш два животи. Со среќа ( инаку пофалбите кај бил,што правел се за да се убеди самиот себеси дека направил нешто ) .
И? Ако речам дека месечината ќе ја доближам до планетава за поубаво да ја видиш, ќе ми веруваш? Фала богу дека ќе остане само на збор. Едно велам друго правам. Овојпат не тој, ти сама себе ќе се понижиш ако од Х причина решиш да дадеш шанса или да му веруваш на поезиите. Тресни врата и не отворај веќе.
Што ќе ти е таков што менува на неколку часа мислење? После тие зборови што ти ги кажал, ич не ти е потребен.
Овој ако знае што сака во животот, си ја сечам и ја ставам на скара. Го одбила таа па ќе се враќа на сигурна опција. Направи си услуга и тргни се од него.
Во принцип сум човек што секогаш се искажува она што ми тежи при раскинување без оглед на тоа што знам дека во моментот нема да му биде гајле,ама после некое време и те како ќе му биде грижа оти тогаш совеста ги стигнува. Ти ако малку се цениш себе си воопшто не би му се вратила, нека пати. Штом не знаел што има до себе тогаш, ни по втор пат нема да знае, биди сигурна. Направи сите наредни што ќе те оставаат да зажалат,а ти биди среќна што ти направиле услуга и си се спасила од такви.
Премногу си мала за врска и нешто сериозно. Ќе ти кажам директно тој не те сакал толку многу колку што имал планови и желби да те легне. Тоа е причината што те оставил, и подобро сега отколку потоа. Верувај дека не ценат сите што ќе им се предадеш со тело и душа, само гледаат мерак да истераат.
Успеавме да се скараме и на одмор за глупости. Си легна налутен, не ми прави муабет од прееска. Ми го расипа денот. Бившиот ми риплајна на стори на слика што ја ставив од плажа (само слика од плажа, не сум јас на сликата), виде и се налути. Зошто уште не ми бил избришан, после се зошто сме имале пријателски однос, со кое право ми пишувал да си поминам убаво, каков повод сум му дала за тоа. Ми вика размисли си, бившиот или сегашната врска ти е побитна. Ставив слика и со него, ми вика намерно ти пишува кога те видел со мене, за да се караме, знае дека ќе видам, кога го имаш уште да ти гледа се што правиш, нека успева во намерата. Дали е во право дека треба да го избришам бившиот од социјални мрежи?
Те читав и претходно дека имате проблем. Верувам дека многу феминки ќе ми се придружат во мислењево, која од свое искуство, која поради искуства на блиски- тури пепел. Ако дозволи трети личности да ве „скаруваат“ и како импулсивно дете да паѓа на провокации, нека повели, ако не си му ти на прво место и нема доверба во тебе. Толку.
Немаме проблеми баш. За тоа што поминува време со пријателите, блиско друштво се, јас немам другарки и можеби малку сакам затоа повеќе да е со мене, немам други луѓе во животот освен него. Не е љубоморен, самиот ми вика излегувај и дружи се, не сакам дома да седиш и мене да ме чекаш само. Бившиот само го нервира, премногу сум го правела добар човек и сум му давала внимание како за глупак. Порано се дружеле, скарани се уште пред да бидеме во врска. Може и тоа да придонесува за ситуацијава, не знам..
Јас функционирам на следниот начин. Со бивши не останувам во пријателска врска и во комуникација, тоа што било, поминало, се најдобро и секој по својот пат. Зошто?? Нема потреба да ми го следат животот и да им го следам, фокусирана сум на сегашниот и не сакам едноставно да има недоразбирање и недоверба со сегашниот партнер. Премногу го почитувам, а и тој мене за да дозволам некој си бивш да ми го ремети спокојот. Ова е мое лично размислување, секој си има различен став и е дискутабилно прашање. И јас не би сакала некоја бивша да гледам да му коментира на дечко ми, реално.
Што си ти крива за тоа кој ти изреагирал на стори, да беше обратно ај..Дечкото најверојатно е искомплексиран со ниска самодоверба, наместо да ужива со тебе на одмор тој за социјалните мрежи..Што е битно минатото сега си со него и крај.
Јас пак воопшто не се замарам, може да ми срцкаат на стори само јас не ни одговарам. Тој твојот не може да ја исконтролира сопствената љубомора па вина гледа во тебе. Тоа е поради погрешни перцепции на нештата,а ти си будала да се нервираш и да му ја мислиш. Не е до тебе и не е твоја вина,да не беше бившиот ќе беше некој рандом и ќе беше исто. Типот мора да се договори со сопственото его кое што гледам повеќе го води, или ќе ти верува или ќе прекинете.
Мене бившата ми е најбоља другарка. На свадба ни дојде. Таа има друг сега од странство еден тип кај него е и ми пишува. Со глупости се занимава типот.
Размислив цела вечер и го избришав од социјални мрежи. Можеби вака е подобро, време е целосно да продолжам напред со животот без да го влечам него на грб, да ми пречи во сегашноста. Тој и ми раскина, јас може слепо бев вљубена и навистина го идеализирам уште. Да ми мислеше толку добро, немаше да сака кавги да ми прави со новиот дечко. Не ме сака за врска, а не сака да сум со друг. Не може тоа така. Утрово се е добро, се надевам други проблеми нема да имаме.