Вчера низ маало го сретнав, не го поздравив и тој ми пријде. Требало да го поздравам, ми пишува зошто така сум се однесувала, сме биле школски, не само бивши. Што е со овој, ми го скрши срцето, а сака да го поздравувам и нормално да се однесувам како пред два дена ништо да не било.
Тоа му е целта. Избриши го од секаде, не му дозволувај да има од каде да ти пишува и досаѓа и ќе бидеш раат.
Најдобриот другар ми призна чувства. Мислите дека може да успее врска со некој што ти бил најдобар другар?
Нели и двајцата имате чувства подобро да пробате, отколку да ги потискате чувствата и да ,,глумите" другари, а имате чувства за нешто повеќе од другарство.
Другарките ми викаат ќе го изгубиш и како другар, од другарство љубов не успева, затоа некако се премислувам. Со години сме другари, многу го сакам и како личност, не знаев дека имал чувства за мене и тој..
Батали другарки,нека нетие битно нивното мислење. Најдобра врска се започнува прво од пријатели па после нешто повеќе.