Не се согласувам со нив. Најуспешните врски според мене се оние што почнале со другарство, бидејќи веќе одлично се познавате меѓусебно и веќе сте се прифатиле такви какви што сте со сите доблести и маани. Нема допрва да се запознавате, па да излезат проблеми. И ако останете само другари, нема да биде веќе исто другарството како порано штом сте развиле чувства еден за друг. Затоа јас сум за да бидете во врска.
Се каравме со дечко ми и ми вика НА ШТО ЛИЧИ ОД СЕГА ДА СИ ВОЛКУ ДЕБЕЛА ШТО ЌЕ БИДЕ КОГА ЌЕ СИ ТРУДНА, треба да ослабеш. Висока сум 168 и имам 75кг. Не сум слаба ама не сум ни дебела. Многу ме изнервира и сега не знам како да постапам искрено мислам да му раскинам. Ве молам за совет.
Не си уопште дебела. Втф? Лечи свои комплекси на тебе. Да му раскинеш веднаш, таков не ти треба. Ѓубре.
Телото не е важно. Ако ме сакаш, сакај ме ваква каква што сум. Ако не, никој не те тера на сила да си со мене.
Попросто нешто од навреди базирани за физички изглед нема. Уште па и кон избраниот партнер. Многу простачко однесување. Не те заслужува.
Точно, не знам како некој може да си дава право да коментира туѓо тело. Луѓето се станати премногу безобразни.
Ова е навреда преку која не треба да поминиш. Е нешто што ја преминува секоја црвена линија, па макар кажана и во афект. Тука се продлабочува многу повеќе ситуацијата и се руши довербата на повеќе степени. Инаку, интересно е како сите се согласуваме во случајов дека ова е навреда и сме остри кон дечкото, додека кај сличниот случај, само обратно, кога девојката се жалеше овде дека дечко и веќе не ја привлекувал затоа што се здебелил и имал цицки, па го тераше да оди во теретана и да слабее, имаше овде кои и даваа совети и ја поддржуваа. Уште една ситуација со двојни аршини на форумов.
Девојчето тогаш дојде да праша како да му каже и посочи а да не го навреди, членкава вика дека низ расправија намерно ја навредил. Буквално скроз различни ситуации, не знам каде гледаш двојни аршини.
Буквално рече дека сака да го натера да ослабе затоа што не и е привлечен. И тоа и му го кажала лично, само сигурно со поблаги зборови. Дури и кога дечкото рече дека нејќе да оди во теретана, имаше такви што ја поддржуваа. Ако тоа не е навреда, не знам што е. Double standards.
Јас би раскинала. И јас сум тука некаде со твојата висина и килажа. Па кој ме сака ваква нека ме сака, другите нека се гонат, не ми требаат, не мислам за некој да се менувам. Ако некогаш ослабам тоа ќе биде лично за мене, затоа што јас така сум посакала. А и што почнувал воопшто врска со тебе штом му сметале твоите килограми
Простак. Кажи му таму со вакво размислување дека ниту добар маж ќе биде ниту добар татко. Шутни го. Нека спие он на тоа уво дека вечно ќе биде слаб. Стварно постоеле идиоти.
Ако си над 60 не значи дека треба да си дебел. Остај ги денешните бумери. Прости се и глупи. Сите се дебели. Јас не сум видел некој над 60 да трча само јадат мрсно и седат пред тв. Македонштина...балканизам.