Остај ги детски работи. Виделе папо па кркаат. Пола македонции цркнаа ради тоа кога фатија ковид па уште се лутат и навреда било некој да се грижи за нив
Да имал дечкото здравствени проблеми, да имал прекумерна тежина па да речеме дека е предлогот добра идеја да му се помогне и даде мотивација. А заради тоа што не бил слаб, немал плочки, имал стомак, не и бил привлечен нема потреба да го навредува на основ на физички изглед едноставно му кажуваш дека нема хемија или дека си оладила. Да напоменел тој сам и таа да му додала некој вид подршка исто не би се сметало за навреда. А со такви дрски и простачки зборови и те како е навреда.
Јас ако добро се сеќавам на членката многу убаво и беше објаснето дека греши. Убавината и згодното тело се минливи е менливи и тоа важи за сите.
Здраво и згодно се две различни работи иако сега за среќа се во главно се преклопуваат. Далеку дека е само изглед. Доста со тие глупости.
Здраво е да си згоден. Ај во 5зборови. А тие што не им се свиѓа тоа или се искомплексирани или мутат вода.
5 се. Не значи дека мора да си Х килограми на таа висина да си здрав. Има граница од - до ако гледаме по BMI. Па имаш и видови на тело, кај некои се складира се на едно место, кај некои е пораспределено. Само некој ако визуелно не ти делува фит, не значи дека не е здрав.
Горе доле тука е. Не е само БМИ има и lean fat waist to hip ratio. Ако одиш по сите научни медицински стандарди ќе завршиш со релативно секси тело.
Релативно секси тело. Субјективно е многу што некој смета за секси. Само затоа што ти лично така сметаш дека е секси, не значи дека сите сметаат. Тебе ти е побитно некоја да е секси или да е здрава? Битно прашање.
Па знаев дека ќе кажеш тоа. Ама некои баш ради здравје не можат да вежбаат да речеме. Правеле операција или шо и да е. Некои може се борат со депресија. Или едноставно ете ко дечкото на Нина, немаат време. Баш тој притисок ич, ама ич нема да придонесе за некој да седне и рече еве готово, од утре работам да сум фит. Да не збориме па колку е крајно плитко целото размислување, затоа што низ годините телото ќе се менува од Х причини. Секој има право на плитки преференции, само нека се искаже јасно од почеток. Ако не им се свиѓа изгледот, нека раскинат и секој по свој пат. Јас сум со став дека никогаш не се коментира туѓо тело, а и да се дрзне некој има пак подобар и полош начин да се каже тоа.
Да ми рече 'дебела' со цел да ме навреди, глата ќе му ја скинам. Знам дека дебелината не е здрава. Еве, сега на 40+ гледам што се' може да ти направи во телото. Р'шум! @Kalince1996 не можеш да бидеш ти толку дебела, колку што е тој идиот! Мани му ги клоците.
Може милион изговори и тон филозофија. Факт е здраво е секси. А за карактер ај за тоа. Вежбање боли, смрди, јадење е вкусно, мрза е убава, забава е лесна. Има милион предизвици. А со тоа се гради и карактер. Така да не е само здравје туку и карактер и филозофија.
То индивидуално е. Сите различно гледаме на 'убавина' и 'женственост'. Единствено гледам проблем во навредата. За било што да те навредува партнерот, не е во ред.
На пример, ова е правиот разговор што треба да го чуе некој длабоко депресивен човек......за да се рокне. Тоа беше поентата да кажам. Не ти е ич гајле тебе за здравје, само изговор муабет за да кажеш дека сакаш сите девојки да се ко калап за тебе правени.