Секогаш кога нешто лошо ќе ми се случи, си се тешам со "Така требало да биде." По зборењето фин дечко си. Ќе се најде женска и за тебе. Ќе ти биде тешко на почетокот, но ќе ја преболиш.
Знам дека е тешко, ама гледај позитивно на работите, таа те изгубила тебе, а ти само си добил прилика да си најдеш нова личност која ќе вложува во тебе и која ќе ги направи сите претходни неважни. Посвети се на себе, тагувај колку што ти е потребно и потоа глава горе.
Друже. Главата горе. Нема нешто полошо од неверство. Само тој што го искусил може да знае какво гадно чувство е. Нема подобро нешто од тоа да прекиниш секаков контакт со неа, ама буквално секаков, како да не постои повеќе. На улица да ја видиш, глава да вртиш. 4 години посветени на погрешна личност е подобро отколку цел живот потрошен на погрешна личност. Си дознал во право време. Ќе ти треба време, уште повеќе за повторно да веруваш, да можеш да се опуштиш со друга. Ама, ќе дојде и тоа, ќе видиш. Дај му само време, на времето. Цел живот е пред тебе.
Кога една врата се затвора, друга се отвора. Нормално е да ти е тешко сега дека ти е свежа болката, но со тек на време ќе ти биде подобро. Немој заради едно лошо искуство да се разочаруваш целосно. Ќе си дојде и твоето. Не си крив за ништо во ситуацијава.
Ова болдираното би го рекла и на дечко и на близок пријател, роднина ако е баш дебел и не внимава на изгледот. Што има лошо некој да ти каже да не јадеш ако си дебел?
Па на пример тоа што он сигурно знае веќе дека е дебел, не мораш ти да му кажеш. Навистина си давате многу за право. Зошто не ослабнеш? Зошто не се здебелиш? Слаба си. Кога ќе се мажиш/жениш? Колкава ти е платата? Кога ќе раѓаш? Што ти е со лицето? Си се здебелила, сега не изгледаш како скелет. Си ослабнала. Нешто не е во ред? Зошто се шминкаш толку? Кога второ дете? Кога ќе завршиш факултет? Што ти работат родителите? Зошто не доиш? Зошто слабо ти збори детево а има две години, и сите никогаш непобарани совети околу воспитување на деца.... Се прашања од ОПШТА НЕКУЛТУРА. Нареден пат погледнете ја широката слика пред да си ја отворите широката уста.
Дебелите може ќе ослабеме ама вашата некултура нема ништо да ја реши. Срамота. Многу некултурни луѓе наоколу. Маж да ми рече така или било кој, ќе го отерам кај што му е место.
Нека е што сака, доказ дека титулите не те прават човек со култура и манири. И што ако кажеш на некој дека е дебел? Подобро ќе се чувствуваш? Не ми е јасно.
Па кажано е се со делот - "не внимава на изгледот". Површни луѓе. И те како е битно тоа што девојката има врска со медицина затоа што она ПРВА треба да знае дека вишок кг не значи по автоматизам дека се прејадува некој. Затоа и реков прво согледајте ја широката слика.
Нема врска со култура тоа е еквивалент на јас што сум слаба и мене кога ќе ми каже некој ајде земи стави јади си уште еден оброк изеди плус не е никаква навреда бе луѓе аман. Да ти каже грд си зошто си слаб/дебел е навреда. Секој може да си се сака каков што е и некултурно е некоја што мене не ме знае на улица да ми каже лелее колку си слаба, а да ми каже мајка ми пример нема да ме навреди зошто јас знам дека сум. Ако јас се сакам каква што сум и сметам дека ми е океј кг нема да ме навреди ама ако и јас се согласувам тогаш потајно ќе се навредам. Ова ми се случило со обратно од дебелина и го знам многу добро на периоди така да...
Ај чил малце не реков тука дека се работи за здравје и може да само за физички изглед мислам и не, не те прави површен тоа само ако на некој му искоментирам физички изглед на близок, така да и ти треба да ја гледаш пошироката слика ама јбг двојни аршини
Ту мач драма ти се прашањава има разлика меѓу нив. И сепак се работи за близок човек и знаеш кога и зошто би го поставил за храната, валјда има некоја граница кога нешто би те навредило а кога не. Може да биде и дискусија замисли
Па нормално, не е поентата на партнерот да му кажеш како навреда ама јас лично сум имала 45кила на висина од 169цм и сега кога ги гледам сликите од тој период стварно ми се мене непријатни за гледање, па баш ми е криво што во тој период немало пријатели или дечко ми не ми кажувале да јадам повеќе што не ме терале и не ме карале. Јас сум мислела дека тогаш изгледам океј што било валјда илузија. Така да има врска дали е реална слика за себе, тенка е границата да се прејде во анорексија или обезност кај луѓе со малце невнимание
Од искуство, мене не ми помага некој да ме тера и да ме кара. За инает наопаку ќе прам Ама пак блиските го знат то, па си го имаат адаптирано соодветно пристапот
Мене зошто сум мрза да ми спрема оброци некој најмногу ми помага кај мене мрзата била проблем не апетитот ама подоцна сфатив. Па така е, секој близок те знае како ако земеш да се вреѓаш со некој не ти е пријател. Среќа сега си имам пријатели и сме во таа фаза што може рационални објективни совети и критики да си даваме. Имам јас другарка што се дружиме 20години и што ја терам да оди во теретана и замислете не се лути и не смета дека сум површна ама некој тука на форум што не те знае или по темите во својот виртуелен имагинарен ум создал слика дека јас како доктор сум некултурна и џабе ми е дипломата никогаш нема да бидам човек. ПУ бе
Е мене ми е мрза да се движам. А пошто не мој некој да ме крени и да ме шета... не знам... Можи треба виљушкар да си купам