Никој не смее да ти забрани да работиш или да одлучува во твое име што смееш, а што не смееш да работиш. Ај баш речи му нека ти раскине како што ти се заканувал дека ќе направи ако се вработиш во обложувалница, зошто ми личи дека само ти се заканува, а не го мисли тоа, туку да те премисли. А ако ти раскине па таков глупак не ти треба во животот. Поточно и по заканиве и ваквото однесување што го има тој, не ти треба, ама ти голема си одлучи си што сакаш во сопствениот живот. Јас на твои години прво би вложувала во побрзо завршување на факултетот и да вработување на некоја работа што нема да те попречува во учењето, ама приоритет ќе ми е најбрзо дипломирање и вработување по струка. Ако твојов дечко не му значи ништо од ова, па што има тој тебе да ти значи понатаму еве не знам.
Да јас напоменав дека вика дека е проблем тоа што е обложувалница. А летото работата беше за во ресторан во кујна кога не ме остави.
prethodno se zaleze od nego deka ti baral od tebe da oslabis , sega ti zabranuva da rabotis nesto … razmisli dali utre ke sakas da si so nego vo ista kukja
Епа во право ти биле родителите од сам старт кога ти рекле дека не им се допаѓа дечко ти затоа што сака да те контролира. Јас да сум на твое место со 20 години приоритет би ми било да уживам во животот да шетам да се дружам, студирам/работам а не да се замарам со дечко и забрани. Кој го шиша бре. Нека си најде некоја овцичка што ќе си ја тера по негов памет. А ти, не те разбирам што уште сакаш. Забрани и навреди не ти се доволни да сфатиш со каков профил на особа си имаш работа? Откачувај тоа по брза постапка ако не сакаш за едно 10 години кога ќе си позрела да си ја удираш главата и да се прашуваш на што ти поминаа најубавите години.
Тоа е индивидуално, само вие си знаете дали е добро и дали е време да си ја официјализирате врската. Ако добро се познавате не гледам причина зошто да не, подобро да се официјализира отколку да одите пола година, а да не знаете уште на што сте.
И јас мислам дека нема ништо лошо во тоа, туку подобро е за двајцата иако убаво ти пишале многу индивидуално е тоа и најдобро ти си ја знаеш ситуацијата како е и што е. Ама вака без ништо детално објаснето како општо прашање најконкретен одговор од мене ти е добро е.
Не само што сака да те контролира, туку веќе има воспоставено контрола. Чим размислуваш дали да работиш, оти тој ти рекол дека не сака, те заробил во мрежата. ... ама секогаш има решение! Еве ти го најдоброто: Знам дека ќе ти е тешко, знам дека ќе се прашуваш милион пати дали грешиш, или не, да ти кажам како мајка, дека иднината ич нема да ти е светла со него. Верувај дека не сакаш да го поминиш остатокот од животот потисната под негова контрола, по негови 'правила'. Еднаш живееш. Еднаш! И никој не смее да ти кажува што и како да правиш со сопствениот живот. Ни мајка, ни тато, ни дечко, ни маж, ни другарки, ни курле, ни мадле!
Ако дечко што работи во теретана во еден крај на градот и има новозапознаена другарка што живее далеку од кај него, зашо она би патувала од таму кај што живее само да иде кај него у теретана да вежба? Во нејзината населба има милион теретани, дури и поефтини.
Може да нема скриена задна намера зад ова, само да е добар фитнес тренер или сака кај некој што и е колку толку познат да вежба со него зошто така и е посигурно.
Хахахахахаха.. не знам. Да е само по себе да, и ја ке мислев така. Ама има и многу други ствари што ги правеа, да имав цел ден ќе пишував реферати. Благодарам на мислењето
Караница со дечко настаната поради што он е фатен дека се допишува со другарка и не сака да го даде телефонот за да го видам разговорот велејќи: ќе прочиташ утре кога ќе дојде време, јас да сакав да скријам ќе избришев. Караницата се случува пред негов другар кога он ми вика "ќе видиш ти од утре секој ден ќе бидам со друга така треба за таквите како тебе. Не ме гледај со таа твоја оросписка фаца." Положив за возачка пред два месеци и не возам многу поради тоа што една кола имаме. Ми даде да возам и нормално како и секој почетник паника страв грешки. кога стигнавме ми де изнавика: Ете сега ти дадов да возиш за да видиш колку си глупа и дека не ја заслужуваш возачката и после неколку саати ид тоа се извинува. Со дечково сум 3 години, вакви навреди сум слушала многу секогаш оправдувајќи ги со тоа дека јас сум претерала и дека е нервозен. Во последно време не можам да ги поднесам. На мислење сум да раскинам, ама секогаш пробувам кривицата да ја најдам во себе, дека јас претерувам дека не сум во право а многу добро знам дека не е така и дека ива не е нормално...
Оросписка фаца?? Дете,бегај од него и не врти се назад ... сфаќам опуштање во долга врска ама ова на ништо не личи не мисли се воопшто, врска на двајца зрели и заљубени личности не изгледа вака
Аман спаси се дури не си се врзала прописно. Денес вербални навреди, утре може да дојде до физичко насилство како тргнал. За ништо ти не си крива, само најди сили и тргни се.