Чим тој сега си дозволува да зборува така.... Потоа касно е веќе.... Батали. Па ти уште имаш 20 год девојче, животот е пред тебе. Не се наслонувај на никого освен на родителите. Ова и за мене си го велам... Не добивам поддршка од него? Не добивам почит? Чао. Сите ми велеа, не јас да. Но, се свестив. Работам на себе, не ми теба човек што ме ограничува,манипулира.
Вака се понаша кон девојче со кое е 3 години? Срамота, каков човек. Доволно време си изгубила со таков, не си крива ти. Посреќна ќе си во животот без некој што вака ти се понаша. Никако преку навреди не треба да проаѓаш.
Бреј тој со возачка се родил, и учен да вози никогаш не бил почетник па сега критикува. Покрај се што напиша мислам дека треба да прекиниш, не е до тебе, до него е, нема почит кон партнерот. Не си ти виновна туку тој не чини, порает ќе ти биди без него. 3 години знам дека не се малку, ама ќе преболиш. Вервај дека после некоја година ќе бидиш среќна што си се тргнала од таква токсична личност
Епа девојки решив да почнам со работа. Му кажав што сум одлучила, ми рече па иди во стриптиз бар и таму работат девојчиња Како и да е јас сум среќна со својата одлука. Ако ја прифати, добро ако не пак добро.
Он нека чисти канализација, и онака се понаша ко гомнар. Без почит.. така ли се збори на женско? Бљак.
Зошто уште го трпиш, го чуваш во животот и му даваш за право да ти коментира? Честитки за работата инаку, добра одлука си донесла.
Аман и ти што чекаш?? До кога ќе му се потчинуваш… Батали го таму и него, тој не е класа некоја па да му се потресуваш што мисли. Свашта.
се прашувам дали се измислени приказниве или не, од машка перспектива си немам никогаш дозволено олку лошо да зборувам на личност што ми е девојка/пријателка, па и општо за жена. Ова ве газат ко јамболии во када бе и уште размислувате и рационализирате како да го средите нештово. Неговиот карактер е тој каков што е и во секоја прилика ќе ве гази...
Како бе така дозволувате некој да ви кажува што да правите во животот? Ја гледам и другарка ми, дечко и забранува, таа му прави ќефот и утре цвичи. Сами сте криви за некои работи. Моите дома не ми бранат, некој мочко ќе си дава за право. На мислење? Нема мислење тука...веднаш. Оросписка фаца, глупа...криење муабети, понижување пред другар. Ме интересира каква е таа оросписка фаца? Бегај, доста е.
Навреди од најнизок степен Can't believe it. За ваков, не вреди ни да раскинуваш. Прекини било каков контакт и изблокирај го на се можно. Најискрен совет.
Мавни му корпа. Нема тука он да ти кажува што да правиш. Кај сакам ќе работам, бе. Кој си ти да ми кажуваш што јас да правам. Дечко ти е тежок ропак tbh.
Никој не заслужува навреди,секој прави грешки не верувам дека бекој е безгрешен,тој ако тргнал вака така и ќе продолжи оставај го на време да не си имаш после поголеми проблеми
Хахахаха ме пресмеа со ова @Kalince1996 Честитки за работата. Без разлика каква е, си ја заслужила поштено без врски и ширење нозе. Во врска со сељаков, не верувам дека навредите и проблемите ќе ти престанат тука, за жал. Ми изгледа на манипулативна ама глупа манипулативна особа, и верувам дека во иднина ќе те набедува дека го изневеруваш и ќе ти прави притисок да дадеш отказ. Тоа што го сакаш воопшто не значи дека треба да му простуваш и да трпиш психичко малтретирање постојано. Се прашувам дали истото би го кажал за сестра му ако она се вработеше во спортска обложувалница.
Прво и основно, престани да си ја бараш кривицата во себе. Мене ми изгледа дека он така добро ти го има испрано мозокот па затоа му простуваш и поминуваш низ навредите како да се нешто нормално. Прво, тоа што те навредил пред трета особа може да ти даде за право да мислиш дека он свашта збори за тебе пред нив па затоа и има толкава слобода пред нив да те навредува. Секакви проблеми сум имала со партнерот ама никогаш не сме ги решавале пред други. А камо ли па да се вреѓаме. И што му значи тоа оросписка фаца? Така те гледа? Само заради навредата би му раскинала а не уште да се мислам. Друго, самото тоа што крие од тебе пораки кога си го фатила е знак дека нешто има. Кога го читав напишаното прво ми падна на памет да не ти спремал некое изненаддување ама кога прочитав како те испонижавал... И како последно, нормално е да се греши кога се прави нешто ново, неважно дали е возење кола или сосема рандом ствар. Он како партнер прв треба да е тука за тебе да ти пружи поддршка и да те мотивира. Според начинот како ти го кажал тоа он сигурно за таква особа и те смета. Го сакаш и сега може свашта да ти каже ти да му преминеш преку тоа и на крај си добива слика за тебе дека си глупа и дека може свашта да ти прави. Јас да сум на твое место би го оставила без збор без објаснување. Колку повеќе ќе се трудиш со ваква особа да го решиш проблемот толку повеќе ќе те манипулира дека проблемот е во тебе.
Во последно време не можеш да го поднесеш?? А досега како поднесуваше ваков гад стварно се чудам. Девојчиња до толку ли немате самопочит?? Жално.
Измислени? Жените што се' трпат и полошо од ова и никој не ги ни прашува дали се добри. Не се измислени приказниве.
И јас би сакала да е така да измислувам. Сигурно не би правела профил за да измислувам приказни, туку затоа што ми треба совет. Секако добивам совети и од најблиските ама дакам да чујам мислење оф некој на страна.