Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.471
    Допаѓања:
    114.843
    Пол:
    Женски
    Чекај малку, ТИ ДА МУ СЕ ИЗВИНИШ?? За што?? За пцовките и навредите кои ТОЈ ти ги изнакажа??? Извини ама тука ТОЈ е оној што треба да ти се извини за пцуењето, па да седнете иа разговарате за проблемот кој бил причина за караница. А ти да му се извиниш нема теорија. Или можеш да му се јавиш, доколку ти значи и ете не му е секојдневно однесување, да седнете и да разговарате што е работата. Едноставно да бидеш поголем човек од него. Па ако пак си јапочне истата плоча тогаш, јас би раскинала. Но не вака, и не без цивилизиран муабет.
     
  2. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    Во никој случај не си ти таа што треба да му се извини, во овој случај како што кажаа и многу други тој е оној кривецот што треба да се извини, бидејќи нема никакво право да те пцуе и навредува затоа што си мислел дека ти си го провоцирала :fubar: а ете си му кажала во што бил проблемот што така си се смешкала, па еве и да си го провоцирала кој е па тој да те пцуе да ти се дере?? денес може те пцуе и развикува на тебе ама како што кажа дека не му е првпат ваквото однесување утре па може ке следи она полошото што несакам ни да го кажам.. така да не го барај остави го некое време па може ке се освести, освен ако гордоста не му е поважна од тебе |(
    ама во никој случај не треба ти да му се извиниш ниту да го бараш ! :?:
     
  3. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    Епа ако само ти е убаво кога си пишуваш со него а несакаш ништо во врска со него тогаш што е тука проблемот? :?: пишувајте си и понатака не правиш ништо лошо со тоа што комуцинираш со него на мсн, со тоа не го вараш дечко ти, а тоа што е така чуден откако си фатила дечко е нормално затоа што и самата кажа дека кога си била слободна сакал со тебе, значи дека му се свиѓаш и сега кога знае дека имаш дечко му е криво и затоа така чудно се понаша. А во другиов случај што викаш имам маана што неможам да издржам да не варам, тоа го правиш затоа што така ти годи и не ги сваќаш сериозно работите, едноставно не сакаш да се приврзуваш само со еден... па тогаш подобро не ни почнувај врска кога знаеш дека ке вараш, барај отворена врска, јас како што би рекла врска без обврска :) и така нема и да се нервираш.. ;)
     
  4. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Хепигрл,
    не е во ред што за некоја ситница те испцул и изнавредил ( за развикување за ситница, сите се имаме некогаш развикано, но и тоа не е ок), ти вели дека добро знае што рекол и не реагира никако - не ја признава грешката и не се извинува, те укривува тебе и чека ти да се извиниш - зошто?! - затоа што не си можела да се тргниш настрана и да зборуваш и не си можела поинаку да реагираш пред твоите. Убаво што ти си му ја објаснила твојата ситуација.
    Според мене, не си ти таа што треба да се извини и прва да се јави, ти си таа што е навредена во случајов , а тој е тој што треба да го направи првиот чекор. Остави го, не го барај, може така ќе ја увиди грешката и ќе се извини, а ако не го стори тоа сама размисли дали вреди и понатаму да се трудиш околу тоа и околу некој кој е свесен за неправдата што ја нанел, свесен е за тоа и не попушта и чека ти - ни крива ни должна, да се извиниш. Но, дали тоа „извини“ од негова страна ќе ги реши работите и избрише навредите и пцовките? Дали и после тоа се ќе биде во ред? Мене лично, не би ми сменило ништо тоа „извини“. Да ме изнавреди и испцуе, за мене е исто како ич да не ме почитува и како да не ме смета за вредна личност. Зборот многу боли. И да простиш, тешко дека ќе ги заборавиш навредите. Јас не би преминала преку тоа. И, како што велиш, не се случува прв пат, размисли дали си заслужила за вака да се однесува со тебе и тоа за ситница?
    Со среќа и кажи што ќе биде :*
     
    На plavusaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    22.912
    Пол:
    Женски
    Па тоа е работата, и да дојде до извинување од негова страна, не знам колкава ќе биде вредноста на тој збор. И претходно знаел да се испонаша вака, ама демек било во момент на нервоза. И во последно време, нон стоп му се случуваат такви испади. Многу пати кога сме разговарале смирено, сум му кажала дека ме повредува што не ме почитува. И тој тука веднаш го врти муабетот, зошто сум со него кога гледам дека не ме цени. И цело време се вртиме во круг. Според него, оправдано е да ги кажува тие работи бидејќи е многу изнервиран. Милион пати сум му рекла дека и јас сум била нервозна ама никогаш не користам погрдни зборови.
     
  6. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    ^ Ако е тој изнервиран, ти не си должна да ги трпиш неговите испади, нека проба да се контролира, а не на тебе да ја истура нервозата. И ти да си причината за неговата нервоза, не е начин да те пцуе и навредува и да ти се дере. Ај еднаш да ти се развика, како било, на сите ни се случило, ама на секое и плус со пцуење и навреди?! Па никој тоа не го заслужил. И кога смирено сте разговарале и те прашал зошто си со него кога си гледала дека не те цени, ти што одговори или кој би бил твојот одговор? Ако и ти гледаш дека тоа е реалноста - дека не те цени, тогаш зошто си со него? Може го сакаш, но што ако го сакаш доколку не те почитува и не те цени и на секоја расправија ти се дере, те пцуе, навредува и секогаш ти си крива?
     
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    22.912
    Пол:
    Женски
    ^^Токму така е во последно време. Секогаш си викав ајде ќе се смени, и тој се трудеше да го промени тоа однесување, ама многу е избувлив(што не му е никакво оправдување) и не успеа. Јас го сакам, и тој мене, ама освен љубов, за една нормална вркса потребни се и доверба, почит, разбирање. Некои работи ги изгубивме ние.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    ^^^Убаво од твоја страна што мислиш така...за убава врска не е доволно само да се сакате...гледам дека трезвено и темелно си ја анализирала врската и многу добро знаеш дека тешко ќе функционира така :doh:
    Тој ја врти темата зашто не му одговара,ама мора да се согласи на еден убав разговор ако не чао-пријатно....разговорот решава се..или ќе се смени или не...
    Еден другар од друштво ,многу и ја пцуе жената секој втор збор му е -Женоооо маме да ти *бам :x (може е смешно,ама кога ќе го чуеш :puke: ) и тоа така и се обраќа замислете..ја пцуе мајка и ,татко и,сестра и....оваа ич мува не ја лази -ама пред нас така се прави ваљда,незнам на кого неможе да не му смета вака...Многу грдо изгледа кога ќе го чујам така, ми се иде да му шлакнам некоја, :fubar: :swear:
    Немој и на твојот дечко некогаш да му с е испушти да те испцуе пред други ,најгрдо нешто,најголемо непочитување :puke: А секако дека нема право да те пцуе ни кога сте сами,што се вели мајка ти и татко ти не те пцујат -тој нашол :fubar: Нека си пцуе по неговите |( и на нив нека ја истура нервозата :headbang:
     
  9. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    тогаш очигледно врската нема иднина... штом пробувал да се промени но не успеал тоа значи дека тој и понатаму така ке си реагира нападно на секоја кавга кога ке се изнервира |(
    а ако ти тоа можеш да го трпиш тогаш свака ти част јас не би.. :?: не би можела да поднесам некој да ми се развикува, пцуе и навредува на што личи тоа да ме прави од гомно подоле ( извинете на изразов ) |(
     
  10. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Точно тоа е потребно за една врска да биде успешна, а само едно нешто да фали - не оди. Карактерот на човекот не се менува, а избувливоста е дел од карактерот - не се менува за жал, и да пробаш да ја контролираш не можеш да ја искорениш. Хепи, ти си знаеш најдобро како ви се работите и до кај сте и како можеш да постапиш. Размисли си убаво, зашто пред се ти треба да си бидеш најважна себеси и да гледаш тебе да ти е ок и ти да си среќна, инаку џабе е.
     
  11. theblackman

    theblackman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Јас да ви го кажам резултатот од разговорот.кога ја прашав зошто ме игнорира ми рече дека за време од тие 3 месеци не ме засакала.и се помирив со тоа дека не сме повеќе заедно.благодарам за советите.
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Добро си направил што си разговарал, сега барем знаеш на што си и нема да мачиш понатака.
    Можеби па и ова раскинување ќе и помогне да сфати дали и фалиш ;) ти уживај, пушти се во потрага по други девојки ;)
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Тогаш нема за што да жалиш
    искрено од твоите постови се разбираше за каква девојка и ситуација се работи добро е што си разговарал отколку да се измачуваш покрај таква девојка има мн.девојки кои знаат да го ценат твоето внимание љубов и посветеност само напред
     
  14. zbuneta2

    zbuneta2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    5
    Неколку пати до сега Ви го имам мојот проблем за со бившиот и конечно излеговме,,,вчера цел ден бевме заедно.Ме викна кај него на работа и бидејки по цел ден е на работа седев. Потоа вечерта ме бакна и јас убаво му казав не сакам мување дека сакам дечко кој со него ке имам се. Потоа сакасе поинтимни да бидеме, јас тогас се тргнав и реков не,,,он тогаш се наљути и ми рече дека јас сум мислела дека он сака да ме искористи и ако мислам така заврсено е помеѓу нас ми каза дека сакал на тој начин да се фатиме што мене ми беше чудно. После тоа правевме опст муабет и му казав уз тоа дека сакам се да оди постепено како сто треба и он не мора до негде те разбирам у право си ама до негде и не си. Ме однесе до дома и ми рече дека не ми е лут но дека е не е он крив сто јас не сум ја искористила приликата.

    И сеа се осекам ептен глупаво и криво. Мислам дека јас сум кривата дека не требасе да отидам кај него на работа ама па не можев да издржам,сакав да го видим.Затоа,ако може еден совет!!!
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Не си ти крива во никој случај, јасно е што сакал типот, не го добил тоа што го сакал па сега те прави тебе виновна. Кое е тоа смирување бе со секс? Уствари ако подобро размислам тоа е најдоброто смирување :lol: но во твојов случај мене ми личи да сакал да те искористи, можел да разговара со тебе и да ти каже што планира но најлесно е да обвини другиот.
    Ако ти сакаш работите да одат полека држи си се до тоа, а ако тој вистински сакал да се смирите ќе те побара, затоа што сепак лошо постапил со тебе.
     
  16. zbuneta2

    zbuneta2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    5
    Фала Мимс и јас така помислив и мислам дека постапив исправно, може не требаше да одам кај него на работа, мислам тоа ми е грешка,ама па сакав да го видим. И му кажав као не сакам така и он па као ке направиме и тебе и мене да ни е убаво и ако ни е ке се смириме,као пробуваме и јас му реков не сакам така,тоа ми е мување и он па ете и сто се бакнавме фактички се смувавме и смени тема и пак ме бакна и и сакаше и јас станав и ми рече не ке се молиме ако не сакаш немора,само да знаеш дека ја сакав да се смириме а ти фактички со ова зезна и као еве ти го брисем и бројот и јас ајде сеа немој и пробав да му објасним и он као несакам и почна после он муабет така општ и после јас му кажав дека сакам се постепено како сто доликува и тогаш кој ке видим дека ти ме засакуеш заш да не и секс да имамо,ама као сега не,и он ок. И после ме попрати до дома и као ајде чао да знаеш ти ја пропушти шансата ама не ти се лутам ајде чао па ке се видиме.

    И после мислам цел ден и некако и крива се најдов. У секој случај значи сепак има некој кој размислува како мене. Мислам дека е исправно
     
  17. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Дефинитивно типот нема добри намери и не се замарај воопшто со него више. Убаво си направила што не си дозволила да оди до крај работата.
     
  18. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.416
    А да не си оплескал ти нешто??? Да не си му згрешил на девојчето?? - може е мн чувствителна или пак има некои други проблеми,разговарај со неа и прашај ја зошто така се понаша и ако ти рече ништо не ми е малку настојувај ама не биди нападен оти ние девојките сакаме по повеќе пати да не прашуваат :rofl:
     
  19. zbuneta2

    zbuneta2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    5
    фала многу
     
  20. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    девојки дечко ми е малце чуден. што кога не ви враќа на порака 4 саата?