И стварно си 'глупа' што трпиш таков овчар. Гледаш нешто не е ко шо треба и шо го тркалаш,малце мажи има во градо? Ќе си најдиш поарен. Абе ич не се думај,пишиш само порака секој по свој пат и блок секаде и крцкајси. Никој не е должен да трпи друг. Утре другиден ќе почни да те тепа.
Тебе ова на нормално однесување ти делува?? Не знам каков совет бараш. Не ми замерувајте, ама се чудам како може некој да бара совет, да не разликува колку е ова долно однесување општо спрема било која особа, а не спрема девојка со која си во врска 3 години.
Лесно е да кажеш кога не си во таква ситуација верувај некој ќе ти поигра со мозокот и те убедува дека е така. Тешко е да се излезе од тој круг иако знаеш како стојат работите секогаш бараш некое оправдување.
А зошто да се гледате? Овој не заслужува да му кажеш во лице дека му раскинуваш, само прекини секаков контакт со него.
Проблемот е што нема да прекине. Ќе се видат и пак ќе ја изманипулира и така во круг. Дури и да му раскине по два дена пак ќе се смират. Можеме да тупиме уште месец дена овде она ќе си тера по навика. Додека еднаш не се реши самата дека треба да се стави точка.
Општо онака.. стварно е претеризам ова и од машки, а знам и женски токсични ама на посуптилен начин. Еднаш начекав низ интернет една многу уба мисла, и стварно е во право. "На добар човек секогаш че се трудиш да му најдиш мана, на идиот секогаш че пробуваш да најдиш нешто добро во него". Па сеа видете и проценете кај се пронаоѓате.
ima manijaci i nemijani likovi ali ne e do tolku loso , ima obezbeduvanje dokolku nekoj te voznemiruva.
Пристапот на твојот дечко не е океј, јас мислам дека сака да бидиш зависна секогаш од него. Најпросто и најкратко кажано.
Судејќи по твојов одговор и реакција, не го сфаќаш ова сериозно. Мислам дека не сфаќаш каков сериозен проблем имаш. Игнорирање и толерирање на вакви работи нема да направи да исчезнат. Само ќе се продлабочат и ќе ти биде се помачно и потешко да избегаш со секој нареден проблем.
Сама на себе си го правиш тоа. Сама си дозволуваш тежок манипулатор да прави што сака со тебе и да те доведува до психичко лудило. Дур он ти го прави тоа и се смее,ужива ти си бараш вина во себе. Не е тешко да излезеш,со еден чекор си надвор од тоа лудило ама ти не сакаш зашто што си страшно изманипулирана и веруваш дека ќе се “промени”,а нема.
Затоа што таму влегуваат секакви,а најмногу овие што се коцкаат. Од една страна е загрижен да речеме, а од друга страна - прост. Таков не ти треба. Кога ќе ги споиш двете страни ќе добиеш само еден одговор - контрола. Денес ова,утре ќе биде зошто дишиш без негова дозвола. Ако малку се цениш овде више ни совет не би барала.
Да беше толку лесно да се остане имун на психичко малтретирање ќе имавме рај на земјава. Ама не е лесно и многумина живеат во пекол. Никој не избира да биде жртва. Затоа дајте поддршка, не мора одма со осуда од типот "сама си правиш". Јас колку што ја читам сама е свесна дека неговото однесување не е добро, ама веројатно има други работи што ја кочат да пресече и да стави крај. Во вакви ситуации треба само многу поддршка и охрабрување, на никого не му треба додатно набивање вина.
Сум била на нејзино место и никогаш не би ја судела. Пред да впериш прст во мене имај свест дека си на форум и дека било каде да добие совет сама ако не превземе нешто никој не може да и помогне. Не е свесна колку храброст се крие во нејзе.