Уствсри целиот муабет почна со тоа сакам да знаеш низ се што дум минал во животот , бидејќи го пофалиф си створил многу не си ги фрлал парите на глупости . Сега има своја куќа , им помага многу на неговите и он ми го призна попатно тоа . Дека сака да знам и какви грешки правел
Тогаш за тогаш ќе размислуваш и делуваш вака да не испадне на нероден Петко капа да кроиш, инаку тогаш удирање клоците и чао пријатно. Многу лоша зависност се коцка, кладби, лихви што ти не таму што повлекува сето ова. На крај пари и многу повредни нешта може да повлече и од најблиските вакво неконтролирано однесување со финансиите.
Ти благодарам за одговор, животот е тежок сам по себе навистина знам дека може секој да навлезе не сакајќи во тоа . Ама ете психа е малку и можеби дека тазе дознав малце се загрижив и дојдов тука Ќе се потрудам да сум опен мајндед и да продолжам како да не било
Потполно те разбирам за оној дел дека вакви информации маваат на психа, ама имај во предвид дека тој има огромна доверба во тебе штом ти се отворил и признал се. Мене не ми личи дека за чалам ти кажал колкава сума има изгубено, ама сепак ти најточно карактерно си го познаваш и можеш да поврзеш што му била целта. Сепак покрај тоа да си опен мајндед биди си и претпазлива, широко отворени очи бидејќи проблеми со финансии колку да се бутаат под тепих кратко успешно се кријат.
Кога човек се отвара за нешто, многу е битно да наиде на поддршка. Па супер си постапила што си покажала разбирање. А ако сепак те јаде тоа негово минато и ти дава сомнежи за иднината, не верувам дека можеш да си некогаш на 100% сигурно. Меѓутоа можеш помирна душа да имаш ако убав муабет направите за начинот на кој што он сфатил дека тоа е погрешно и како си го средил животот. Ако има рационално објаснување тогаш можеш посигурна да си дека нема да повтори.
Па супер што не си го осудила, туку си постапила така да секогаш ќе може да то се отвори. Е сега за тоа дали би повторно, нема гаранција. Ама за тоа никогаш нема, еве мм никогаш не се коцкал ама дали некогаш ќе почне? Не можеме да знаеме. Ако е ок дечкото, ако создава, не губи, а и со вистинска личност покрај себе, мислам дека треба да му дадеш шанса, да видиш што носи животот.
Фала што толку многу се опседна со мене па дури два реферати имаш напишано за мене. Фала ама не сакам да споделувам јавно. Поз.
Во телефон му најдов разговори со девојки за кои не знаев додека беше во тоалет во кафич. Знам не е убаво што проверив, но имав некоја интуиција. Не успеав да прочитам многу за 2 минути, видов само некои оганчиња, срциња. Валидна причина е за раскинување нели? Си отидов дома после со некој изговор, не сме збореле со часови, не му пишувам и цела вечер размислувам сега што да правам.
Здраво, пред некое време на соц. мрежи започнав да се допишувам со еден дечко, ми се свиѓаше, интересен се, зборевме на телефон, ме викаше да идеме на кафе, ама приметив дека има девојка т. е. тој самиот ми кажа, ама дека нема ништо од тоа.. Поточно, таа девојка го изневерувала, лажела и идела со повеќе машки, кога го прашав зашто не раскинеш тогаш, ми рече дека сакал да и врати за се што му направила со тоа што бил со неа само за да ја понижи и искористи и да и каже чао.. му реков само аха ок... кога и да се почнеше некоја сериозна тема, ми викаше дека не е за тоа, очигледно дека таа го разочарала и ми рече дека веќе на женско не може да се верува, напишав само аха ок секој има право да верува или да не верува и престанав да му пишувам. После долгоооо време (дури кога го заборавив) гледам порака од него, а не зборевме доста долго, ми рече дека му било многу криво, што пропуштил девојка како мене, поради некоја која може секое машко да ја има, дечково ме молеше да му дадам шанса да се видиме на кафе да излеземе (морам само да потенцирам додека зборувавме на почетокот почесто, навистина ми остави добар впечаток, ама ме одврати тоа што има девојка да се повлечам и што кажа дека не сака ништо сериозно со ниедна ), сега ми пишува пак, секој ден пишуваме, ама не знам зашто јас се чуствувам како опција, ете со девојка му не идело и мене ме вика, ама сепак после толку време па баш на мене да се сети??! не знам, дечково моментално само го напаѓам дека сум му опција, а стварно ми се свиѓа, ама некако гордоста не ми дава да излезам, ми пиша дека нема да си прости што ми рекол дека не сакал ништо сериозно, дека јас сум му се свиѓала и сум била една од ретките вака со која се вклопил во муабет, ама тогаш бил со таа и некако го завела па не го интересирала ниту една, а и мајка му, му зборела дека таа не е за него, дека е лесна девојка итн, не важно, не знам дали сум во право што не му давам шанса, се гледа дека се кае, ама не знам што да правам... Дали да излезам на кафе со дечково? Многу се мислам да не ја сака сеуште поранешната па повторно да се разочарам...
Работава зошто да биде едноставно кога може да е сложено. Што ќе ти е нешто вакво комплицирано во животот, само нервози. Чим се мислиш дали треба да излезеш, значи не треба. Не би излегла ни јас со ваков инаку.
Ми изгледа на опасен манипулатор. Кој нормален зборува вака за неговата бивша девојка, тоа ми е големо црвено знаменце, а второ некако премногу лични работи ти изнакажал како за некоја што не ја ни знае лично. Ми изгледа дека се би направил само да дојде до целта, но далеку од тоа да е искрен во намерите.
Зошто од сам почеток е комплицирано. Имал девојка, манипулирал со двете, какво е ова понашање, што ќе ти е таков?