Мислев да му раскинам без објаснување за да не се ставам во лоша ситуација зошто сум чепкала по телефонот. Сега кога размислив може и во право сте, да си ја знае причината зошто раскинувам. Сметате дека треба да му кажам? Сигурно ќе лаже и ќе смислува оправдувања.
Да, јас би кажала. А сигурно нешто ќе лаже, ама си видела што си видела, така да секое оправдување е глупо.
@Ta-mara ова со имам девојка ама нема ништо од тоа ми наликува на женет сум ама ништо сериозно. Е сега имал или немал? Типично машко со цел на исклучоци да дојде до посакуваната цел е да глуми жртва. Па одмазди па не знам што, шпанска серија. Заштеди си нерви и тргни се настрана.
Фала девојки, ќе разговарам деновиве, да се соземам малку. Еве го сега ми пишува, што ме снемало, кај сум била. Уште глуми најнормално заљубен, те сакам пишува. Запамтив никнејмови на девојките на кои им пишувал, ги разгледувал и со ниедна нема поврзаност некоја да се знае, се знае за што им пишувал. Ми се згади човеков. Не знам како не сум забележала зад грб што прави, наивна ли сум толку.
Понекогаш кога имам слободно време се сеќавам на бившиот и тогашната врска. Како да ми недостасува тоа што сме го имале и се чувствувам грозно кон дечко ми зошто во мислите мислам на нешто што поминало. Не го сакам само имам носталгија за тие средношколски денови и тие чувства. Животот сега ми е одвратен целокупно, а тогаш се беше убаво. Правам ли голема грешка што мислам на нешто што поминало?
ne,na site mislam ni se slucilo taka,zosto da e pogresno da se setis na nesto ubavo,jas i den denes se navrakjam na ubavi spomeni ,cisto da se izraduvam i nasmeam,iako e se vekje odamna zavrseno
Дали би сакала да си со човек кој не е отворен и искрен со девојката и наместо со неа, проблемите ги решава со рандом девојка на Инста? Утре да сте заедно можеби ќе му се причини дека си го изневерила па ќе гледа да ти "враќа" иако не си. Не се однесува како возрасен. Дознал дека прави нешто што не му чини, седнува, решава или раскинува. А не играње детски игри, да ја понижувал и користел... Пак, нема зошто на непозната девојка да прераскажува шо рекла мајка му. Демек гаранција е ова дека бившата не чинела? Секогаш кога ќе спомнат мајка, ми вришти на манипулација. Дали би била со човек кој употребува вакви изрази, утре можи и тебе да те нарекува лесна? И размисли колку можи да се поврзи со тебе само преку пораки па да се кае шо не сакал сериозно. Како можи преку неколку разменети пораки да знаеш кој е за сериозно? Јас секогаш си велам, човек се гледа по тоа како ги третира келнерите или продавачите, ама и по тоа како зборува за бившите. На крај ти ќе одлучиш без разлика ние шо мислиме.
Го идеализираш тоа време што било, затоа мислиш на тоа. Подобро да се фокусираш на сегашноста и иднината, минатото не се ни враќа, не се ни менува. Не дека е некоја грешка само тоа што толку се фокусираш на нешто што било, те спречува да уживаш целосно во тоа што сега го имаш.
Не дозволувај егото да си го дига со тебе што ке те спушта и ке се праве паметен, ма немој 21 век не си ги спуштај критериумите за некој да си ги лече комплексите и тешкото минато врз тебе. Само несреќник така праве.
Некој само да ги употреби овие зборови во мое присуство не ме гледа повеќе, а камоли да излегвам. Токсично, не едуцирано, не елоквентно створење.. Какви џентлмени постојат со ваков ќе си губам време..
@Ta-mara , ги читам од синоќа мислењата, да ти кажам и јас машко мислење. Машките покасно созреваат од девојките, тоа е факт, полесно се заљубуваат од девојките, а уште полесно се повредуваат во врските, и доаѓа до ситуација, една му згрешила , се разочарал од неа па ќе и вратам со друга итн. , додека не созреат. Животот секако не може да го поминеме само со еден дечко или една девојка, треба да се проба , да се види со кој може карактер да се функционира, со кој не бива. Ти сега си на граница 50:50, дали да излезете. Мој совет, излезете 5-6 пати на кафе и толку, каде што има народ, да видиш како реагира, дали е културен, па ако е ок и ако е сериозен, дај му шанса за нареден чекор. Ако навистина ти се допаѓа, со овој чекор ништо не губиш, едноставно, ако не го бива, прекинуваш контакт и живот иде даље. У главно, толку од мене.
Оставете ја нека искочи,нека процени сама. Таа очекуваше подршка затоа и толку го развлече текстот како тој ја молел бла бла. А тоа што тој зборувал лошо за својата бивша дур пишувале не значи дека е вистина,можеби е тој таков па сака вина врз девојката да стави. И на некоја друга ќе збори за нејзе и така во круг додека не најде некоја иста ко него. @Ta-mara
Никако да раскинеш без објаснување или така да се повлечеш, затоа што на крај тебе ќе те обвини дека не знаеш што сакаш или па уште полошо ќе мисли дека ти си нашла некој
Истото ми го кажа и он, дека му е многу криво што подоцна сфатил некои работи, таа девојка со која он бил, не ја знаел како што треба, всушност од блиска другарка која живее во нејзина населба, ја прашав дали ја познава, ја најдов кај него на фб и ми рече дека не се знае вака, ама има слушано дека имала 2 брака и била со оженет човек, со што се гледа дека таа девојка не била за нешто сериозно... Он кога го дознал тоа, сакал само да ја искористи да се осети пониженижо, како него она што го лажела дека е ок. Тој период почнавме ние да се допишуваме и он тоа ми го призна, значи не лажеше и не ме викаше на кафе, туку од како раскинал со неа и ја баталил ги почнавме тие теми, мене ми е криво што он самиот ми кажа дека тогаш не сум го интересирала и му била битна таа, па покасно сфатил дека треба да се ценат сериозни девојки... Не сакам да сум опција, не знам што да мислам, сепак фала на сите кои одвоивте време.
Што е иронично, кога е вистина? Типов вее црвени банери, ама ти си цврсто решена да ги игнорираш. Врска немам зошто воопшто прашуваш тука и чекаш совети, кога не ги рецна никој од мнозинството што ти кажаа да го баталиш? Решена си да излезеш со него и сигурно ќе почнете врска, тоа е факт. Исто е факт дека токсичен човек ќе си биде токсичен и во наредни врски. И останува третиот факт дека кај и да е пак ќе пишеш тука, пошто секако ќе имаш проблеми кога дејташ токсичен човек.